Го ставав на града безброј пати никогаш не фати дирекно ако имам добри брадавици. Силиконска фати ама со вриштење цицаме 20мл за пола саат па се откажав ( имав вага го мерев пред и после подој) Мајчиното го затоплувам зошто се измплзувам кога имам време и чувам во фрижидер, кога му давав града па чекав да го успијам да се измолзам ми се направи грутка од немање време. Сама сум тука со мм, па кога е на работа баш чекам момент да спие да се измолзам. На кутијата од аптамилот пишува може да се дава кога сака и колку сака. Иако гледам и моето и адаптирано го држи исто долго, само што почна помалце да јаде. 3480 се роди ама долг 55 см па си јадеше предходно како што пишав мегу 90 и 140 и педијатарот ми рече во ред е супер напредува. Мкслам дека 60 му е малце, ај дење ке јаде почесто ама ноќе нема да врзе ич да посипе.
Од кога може да му го чистам носето на бебето со Синомарин и пумпица за извлекување? Некако ми е страв, ептен мали сме, една недела.
Не ти треба пумпица. Ако делува и звучи како да хрчи тоа е нормално. "Се чисти" од плодова вода. Ќе се среди само од себе.
Па не ми кажаа ништо за чистење на носе Или па од мн информации јас не сум запамтила. Да, баш така звучи, како да хрчи, посебно кога ќе почне да плаче. Онака кога дише нема ништо.
@BoaVista она мене што ми го кажале педијатриве, а и што се потврди кај двете ќерки, нормално е такво хрчење кај толку мали бебиња. Ставајте садчиња со вода на парното доколку мислиш дека воздухот е сув.
И моето мислам уште хрчи. До 2 месеци на секој преглед и потенцирав на докторката и секогаш исто ми велеше дека се чисти. Уживај.
Можда е глупо прашањево ама за да не згрешам да си прашам. Вигантол капките ги чувате во фрижидер или може и на собна тт? На кутивчето пишува само на темно место, ама си викам да не треба и овие во фрижидер како Пливит?
Во фрижидер. Така избегнуваш постојана изложеност на светлина, без оглед што се во темно шишенце и во кутивче.
На собна лете и зиме. Ортопедот ми рече дека се во темно шишенце а ете и на самото упатство е јасно нагласено
Tuku sto e rodeno bebeto.Nemas potreba od nisto.Normalno e takvo hrcenje.Kaj nas traese okolu 2meseci
Девојки мојава деновиве од време на време се закашлува и поткивнува. Не често ама неколку пати дневно. Си јаде нормално, нема тт. Дома сите бевме со вирус и мн ми е страв да не ја фати и неа. На 3 правиме 2 месеци. Да ја носам ли на лекар или нормално е?
До 38,5°С не се дава ништо. Тоа е препорака од педијатри. Најубаво педијатарот да го види бебе и да каже.
Ако сте на доење нема да дехидрира. Вода пробај давај и со лажица. Имај електролити дома за секој случај. Ако и е сува устата навлажни ја со вода. Пробај чај, сокче. За кивањето моето киваше по сто пати на ден мислам. А за поткашлување почна понатака. Ако нема видливи симптоми на настинка и грип подобро да не ја носиш за џабе на педијатар да ја мешаш со болни деца. А ако ја доиш а ти си била со вирус примила антитела преку млекото и нема гајле. Мисли позитивно. Може кива од прашина, од малку ладно ако и станало, а да поткашлува од сув воздух дома. Откако падна снегов пуштивме греење на најјако па и моево поткашлуваше па го намалив и еве сега нема да кашла па си велам до тоа ќе е.
Ако не се лажам сте 6мес. Нема да дехидрира сепак не е висока тт и не е прегреано детето. Таман ќе е со измолзеното млекце и пробај дали сокче, чајче да пие и не форсирај дај колку сака. Незнам на што се греете и како е дома облечено, но да знаеш дека и пренаоблечено ако е телесната температура може да се зголеми за бекој степен поради загревањето, башка веќе и активно е бебе и побргу се загрева. Во однос на тоа што не ти ги јаде кашичките деновиве....ич немој да се плашиш периоди се. Млекцето е основната исхрана првата година така да си надокнадува со млекце. Повеќето бебиња имаат периоди на нејадење. И моето имаше такви периоди и не форсирав со каши сепак напредуваше одлично и цицаше. Еве го скоро 11мес и има денови кога пак забушава, ама со сила не го ранам. И да не заборавам, дали е понервозно, гризе рачиња, се чеша по лицето и прстиња или играчки гризе малку понервозно? Ако да тогаш е процес на избивање заби. Често креваат и тт пропратно со овие други работи кој ги набројав. Мојот првите 2 забчиња на 6мес ги извади со тт и со оние погоре работи кој ги набројав. И ич не јадеше само цицаше. После се нормализира и наредни 6 заби еве не го ни осеќав кога ги вадеше. Следи како ќе е со тт и не многу го наоблакај да не го прегреваш, млекце нека пие колку сака и колку сака нека јаде кашички. Ако крене над 38.5 тт ќе се чуеш со педијатарот па ќе те советува и ќе дадеш сирупче.
И И јас мислам дека се заби. Се лигави става прсти во уста играчки. Преку ноќ ги однесака кашичките. Од вчера се мурти кашла и нејќе. Пробав сируп да дадам со млеко вода сок чист нејќе плука и ми поврати. Сега ја ставив во поладна соба да спие а после ќе ја избањам. Земав и чепчиња ако качи над 38.5. зш сирупот не го сака. Педијатарот ми е во Белград на предавање па се молам да не се искомплицира нешто. Битно е весела си игра се смее.
Синко се вцевени жар во образите Незнам што би можело да биде Имаме и аутопичен дерматит и мачкам со крема ама никогаш не било олку црвено