Ќе ја следиш како ќе е со тт. Да не те плаши пропратни симптоми може и кашлање и течење нос да се при вадење заби. Повеќе плунка лачат. Бањај ја пред спиење најубаво. Јас го бањам пред спиење и помирно и поубаво ми спие. А, за што е сирупот за тт или не е за тт ? Ако е за тт немаш потреба да даваш остави процесот природно да се одвива, леукоцитите да си ја превземат својата функција. Ако качува повеќе тоа ќе е приквечер или вечер. Ќе мериш и ќе следиш. Се надевам нема да качи над 38,5. Ако качи ќе го контактираш преку вибер педијатарот доколку треба. Ќе излезат забчињата и пак ќе си јаде немај гајле.
Не верувам дека е од дињата. Инаку, атопичниот дерматит има акутни фази кога е прилично изразен, можеби детето поминува моментално низ таква фаза, види дали на други места има црвенило и лишаи.
Само образите се Нормално кога ставам од кремата одма е подобро а сега не е, башка вознемирен е многу па си реков да не го боли
Мојата имаше слична реакција на моја облека. Најверојатно од прашакот. И помина за 2 дена со стелатопиа.
Чеша ова затоа се нервира. Не знам што можеш да земеш таму во Германија, еве Мустела стелатопиа користат тука.
Сега приметив дека од плунката му се иритираат образите Рачето од уста па на десна страна само го носи и му се вцрвенува образот Него во кенгур од кога може да се носи со лицето напред да не знае некој
мајки денес како да ми поткашлува,кива често и зарчува си носето...немаме темперстура..давам капки синомарин но како да има во носето мрсулче што и пречи да дише ..нешто за превентива..
Како што беше случај кај ќерка ми. Вечерта поткашлуваше суво и ретко. Следниот ден попладнето имаше бронхит.
Мојата еден ден кашлаше ама како да има шлајмови и нареден ден бронхит, па сирупи, инхалации, повраќање. Твојата повраќаше?
Да шлајмови повраќаше ама не многу бидејќи и ги аспитираа на болница. Сирупи, инхалации инекции во малечкото газенце