Бебе веќе некое време се подава нанапред, ама еве ја неколку дена (посебно последниве 2) мислиш ќе стане кога лежи. Се крева со цело тело и нозе. Само газот и е доле. Мало ми се чини за вакви "егзибиции". После колку време ќе почне да "станува"? Страв ми е сек да ја оставам.
Оставај ја нека се креват само, ако, ама не да ја седнуваш ти. Периодот им е таков, жабава моја од 2.5 месеци се креваше така. Ние уште не седиме самостојно ама сега веќе ја седнувам и јас, почна сама да се исправат скроз, за 4 дена сме 6 месеци среќа и љубов. Зборот ми е , се шо сакат и правит сама , да не и браниш - така и ортопед ме советуваше.
Што му е на бебето? И моево не е добро утре ќе одам на лекар, сигурно антибиотик ќе даде. Инаку пред некој ден качи температура 38 ама не дадов ништо, спадна за неколку саати.колку има температура што даваш сируп
Вирусиве не покосија значи. Малава закачи од големава, носот полн, се слева надолу, почна да кашла и да крчи. Крена тт не ставија на Зинат од страв да не спушти на плуќа. Од Зинатот почна да одбива да пие млеко и јас на своја рака го прекинав. Продолживме со инхалации со физиолошки, капки септоаква и чистење со пумпица. Денес бевме на контрола, чиста е на плуќа да продолжиме до чистење и инхалации. Бебе од 3800 гр со антибиотик. Срце ме болеше ама и во Систина и матичниот исто ни препорачаа. Плус и бактерија во нос има. Ужас, само побрзо да помине се молам
39.4 ми качи. Сите сме заникаде дома.. па и неа ја фати. Јас цел викенд бев со 40, се спржив и се стопив мислам.. и уште имам, но до 38 ми се качува сега, со воспаление на уво сум и кашлам се корнам. Она до саботата беше на антибиотик, бидејки минатата сабота бевме до Козле итно и имаше спуштено.. правевме инахаллсции и плус антибиотик и беше подобра, абе само што завршивме во саботата со антибиотик, она недела почна да кашла пак многу...Исто и синчето од петокот и он е на антибиотик, и он ми спушти на плуќа, па со 4 инхалации во ден сме со 3 вида лекови Утре сме комплет сите на контрола.. што не фати, што ни ја извади душата незнам... Козле пуно е, па дома си ги лечам. Еве ја пак дигна 38.5 и дадов пак сируп...
Моето имаше вирус пред 3недели, лесно го минавме фала богу, Т немаше, кашлаше, мрсули, само со инхалации минавме Прееска бевме кај матичната и баш ни потенцираше никако по Молови и затворени простории да шетаме, поголеми вируси има и од пред снегот
Исто, овие неколку денови и газот го поткрева, туку моево и стои прееска баш се чудеше матичната колку долго стои на ноџиња.. А ние и почнавме да се вртиме, подава рачиња, фаќа, тегне Туку и запчињата каде и да е ќе му пробијат, матичнава вика за најмногу месец ќе ги осетиш лигушки имаме до под
Оф леле баш ми е жал.побргу нека поминува. Моево на 2,5 месеци поеше антибиотик, а највероватно и сега ќе му дадат, криво ми е малечок е ама тоа е. Ми викаат се разболува зашто не е доен воопшто, на ад е од почеток. Какви се вашите искуства, има ли врска ова. Мариз ти мислам дека доиш. Споделете, почнувам да чувствувам вина
Моето е на ад, 4+ фала Богу до сега се нема настинато. Пу пу мислам дека нема врска иако така викаат. И јас многу се нервирам што е на ад но тоа е.
Поголема глупост од тоа дека недоените деца се разболуваат немам чуено. Тоа е до самото дете, а не дали е доено или не. Немој воопшто да чувствуваш вина и срам да им е на оние што така ти зборат. Значи се иритирам од такви луѓе што немаат осет што и зборат на една мајка. Страшна работа
На моето девојче почнаа да и растат забчиња... душичка, мислев дека мала е, но сега веќе очигледно е дека и растат запчињата, раздразлива е и еве, денес цел ден плаче.
Знае и газот да го крене. Се отфрла со нозете некако (со петата), па страв ме фаќа. Почнав и јас со лигавчињата инаку утоп се прави. А тешка е на пресоблекување. Ко ќе ја пресоблекуваш, друго дете е Кога на ортопед пак? Јас закажав за крај на месец. Едвај чекам да извадиме количка и ставиме под агол 45 а и времево да се оправи.
Накај 5м ќе го носам на ортопед. Исто се џитка со петите и се крева нагоре, не дај боже да има нешто пред него за 30см ќе се одбаци и многу, ама многу клоца И вас ви се наѕираат запчиња?? Нели се мали
Мене станка уште на прошлата контрола ми кажа набабрени дека и се непцата. Внучко имаше 2 забчиња на 4 И мене рано ми се чини. Цицињата ми знаат колку клоца А па чорапите кај петата како излитени и се од што везден мрда и прета. Ко износени, а некои еднаш облечени
Kako ne..ne e tocno ..sin mi ne bese doen voopsto pa do dveipol godini zdravstvenata kniska ni bese prazna -se nemase ni ednas razboleno..posle pocnaa da go fakaat virusite ama toa deka trgnavme vo gradinka
Комбинирано е.. дојам и + ад давам.. Мислам нема врска тоа, се си зависи од организмот на детето... и синчето ми е многу болежливо дете, а он па само доен беше...