Иста сум јас . до 4 месец живеев од истата храна. потоа постепено внесував. мислам да редно е да почнеш
Се мислам зошто пред 1м каснав една кутлача леќа а тој не ни имаше нешто јаки страшни грчеви уште од раѓање ама тој ден не плачеше многу но следното утро вриштеше...мака ми беше што каснав...жален беше Ништо ќе пробувам еднаш неделно па ќе чекам реакција
Е па леќа не јади. Пробај со грашак следнава недела, па гравче другата и така.. Сме имале среќа со ноемвриските деца за грчеви
Бејби мое само на цитруси пројавува реакција, жарче му се образите кога ќе јадам/пијам, одма му букнуваат и се нафрла @eli25 вие ваква мака имате, знам и вие имате дерматит..
Мајки бебево ми е 5 месеци и таман ќе заспие, после пола сат се буди со пиштење, плаче на цел глас од грло и 5-10 мин така со ништо не се смирува. После наеднаш се смирува и пак си заспива. Ова почна почесто да се дешава, скоро секоја вечер па дури и денски. После си спие без проблем. Некој совет, искуство што може да е? Инаку е многу мирно и весело бебе, па ми е чудно ова.
Не јадам цитруси, ретко во смути , еден портокал ставаме по пола му доаѓа од страв не од друго ... ми рекоа и на малини посебно да внимавам а јадам секој 2 ден нема реакција. Он нема по лицето реакција. Му се прават лишаи по ножињата позади коленцата и на лактите... купи а-дерма. Супер е и за лице. поевтина варијанта-пантексол
И јас мислам дека детево на цитруси ми реагира. Му се исфрли лиценцето со мали ситни брунчиња. Исчезнуват брзо, ама ги има. Ќе се збогувам со нив изгледа.
Дундево мое е нон стоп со рацрте во уста. Од плунка лом и е образот. Ја мачкам везден, ама никако да мине бидејќи она го влажни од ново. Некое чаре?
Јас не јадев цитрусни, а многу се исфрлаше со ситни брунчиња. Тоа е дека се нежни, може едно 2м се исфрлуваше, па поминуваше.. миј му го лицето и не мачкај мрсна крема. Никако допирање и бацување по обравчиња, не бар сега додека е толку мало...
Мачкај и го лиценцето со кокосово органско ладно цедено масло. Слободно и неколку пати на ден. И да лапне/лизне не е страшно зашто и брадавици се мачкаат со кокосовото од 0+ ( јас мачкав ). Пробај верувам ќе помогне, на малиот мој тоа му беше спас.
Да не има дерматит па реагира на плунка И кај нас е исто,образот му се вцрвенува од плунка ама сме и со дерматит
Каснав некое зрно грашак повеќе течност внесов и месо јадев...до вечерта немаше ништо а за утре ќе видиме.Молам Бога да не реагира...
Моево има контактен дерматит, кога почнав да го држам исклучиво со памучна пелена, по одење некаде (било каде) лице да му мијам и обично Веледа за лице му ставам, не се појавува веќе (везден сме со пелени насекаде ). Кога му се појави го мачкав со Стелатопија и престанав бидејќи скрос му се смири лицето, сега знае да му букне кога ќе се изнервира многу (цел е на тато со ич трпение ) и само тогаш пак ден, два го мачкам и минува и секако 2-3 пати пробав цитруси да јадам и тогаш исто и од купечки сок дури пројавува (не биле само прашак ). На моево по образите и на брадата му се појавува, сува кожа нема, телото му е чисто и со ништо не го мачкам.. Туку Стелатопија многу ми мириса лошо да не кажам смрди и се лепи некако, па А-дерма каква е како крема??
Моево дете на пластика мириса. Исто, и стелатопиа и а дерма. Се тешам, и го поднамачкувам главчето со масло логона, па мириса на бебе. А инаку, до кога ќе мачкаме а дерма/стелатопиа? Додека дерматитисот не исчезне сам од себе? Уште ни се суви дланките од горната страна и стапалцата. Другото се среди. А рачињата џабе ги мачкам кога цел ден и се во уста и само се миеме.
Go zabeleAh moeto.since.na.banjaneto deka.na desnata noga ima kako izlupena kozicka.. mal del e ama neznam.od sto bi bilo I kako da go tretiram?
Пак да си прашам нешто Малово мое месец ипол дена е старо но уште некако со очите незнае да ги контролира некако како да му "бегаат,се спојуваат" на моменти а вака е супер? Дали е нормално