Па нормално е да му се ладни...уште нема развиена терморегулација. Ако го облекуваш многу, полошо ќе направиш, бебињата полесно поднесуваат ладно од топло. Не е убаво да го прегреваш. Батали хулахопките.
Мајки пиеме снтибиотик трицеф и бебево ми е доста поспано,дали сте имале и вие вакво искуство антибиотикот да ви дава поспаност
Анатх веќе ти одговорила. Јас не се водам по тоа дали му е ладно на рачиња, ноџиња, но по носе да, иако го облекувам како што и јас се облекувам. И јас држам дома 21-23 степени, но денски, облечен е на боди по кратки/кимоно и тенка памучна блузичка горе, долу тренерчиња, чорапчиња. За спиење 16-18 степени облечен по боди на кратки/кимоно и најчесто пижамчиња без стапалки, некогаш и боди на долги и тенко памучно елече без ракави, долу пижамчиња. Покриен е со еден како прекривач, памучно и јорганче. Колку повеќе го облекуваш се полошо му правиш, а најлошо ќе го научиш на топло и ќе нема воопшто убава терморегулација. Ако сметаш дека му е ладно преку ден, покриј го со ќебенце, но и тоа некое тенко памучно, небаре подебела пелена нека биде. Навечер разлади и стави ќебе и јорганче, доволно е. И НИКАКО ВЕЌЕ ХУЛАХОПКИ @mal.ecka разбирам дека не можеш да контролираш толку со дрва, но отварај накај ходник можеби, подотварај барем и облечи бебе во нешто тенко
Кажи, кажи да те пореметиме и тебе Гарант и ти хулахопки и облакаш ако не за спиење пошто е со 3 ќебиња, тогаш денски под термо тренерките си носи
Како ги учите малите на цуцла лажливка? Знам дека не е добро но барем кога сме надвор кога плаче да му ја ставам да се смири, неможам сегде да го дојам.. Само сака цице у уста да му е иако не дои
Леле мајки немојте хулахопки, полошо им правите. Бебиња се склетисуваат,на ладно им е подобро. Мојот е склетчија голем. И ние сме на камин и точно се качува веднаш на 25, плус стан. Ако се е отворено и пак не паѓа температурата гасам оган и го палиме пак приквечер. Мене педијатарот за Добар ден прво ми кажува дома макс 23 и тоа е многу. За спиење стално се расправаме со маж ми. Јас гасам панел,он пушта. Не давам да оди над 19степени. Облекувам само боди и одозгора шпилхозни или некое памучно комплетче и чорапки. Ставам вадам и ракавички ама оти се прави лом со ноктињата,ем сечени. Си го кубе целото лице. За надвор плус палтенце, ама за деновиве памучно, не е дебело. Скафандер пензиониран,скоро необлечен остана. И вака облечен знае да ми се испоти.
@Bebulleee може да му се ладни и ако му се препотуваат. Со потењето се лади ако му е жешко. Греота е на толкава температура толку покриено и со хулахопки, полошо е да се прегрее бебе. Повеќе ќе настине од водено главче и водени стапалца, од помалку да е облечено, а и од жешко немирно спие.
Обавезно и ставам хулахопки ппд пижамите дека нели немаат ногавици. Горе маица на кимоно боди на долги и шпихозни или пижама. Ја покривам со памучна пелена голема (онакви ко од комплет за земање од болница) и ќебе дебело. 18-19 степени е во соба за спиење, а преку ден 22. Зиморлива ли ќе ја направам ?
Ова не е ништо со облекувањето. Советите што ги добив за бебе беа: хулахопки, ѕиврички, боди, поткошула, врз тоа шпилхозни, калчунки, ракавички и капа, покриено со волнено ќебе. За дома Плус загреано на околу 25-26 степени. Ти да седиш така облечен Само шо слушав, ми се слоши.
Бебе облечено колку вас плус памучна прекривка. Не се толку нежни како што мислиме, ние ги правиме такви.
Кога има ногавички на пижамите не облакам чорапи, а кога нема облакам тенки чорапчиња. Секако се буди босо. Како успева незнам.
Син ми два пати има облечено хулахопки, за надвор! Спие бос, само по боди и пижамки и покриен со кебенце. Темп во собата 19 степени отприлика. За преку ден дома 22 степени и облечен во боди, тренерки и чорапи. За надвор плус тенка јакничка или елек и тенка капа ако има ветер. Денес бевме покрај езеро и дуваше многу па му облеков две бодиња и дуксер и елек, надоле само тренерчиња. Ама вака натунтан ретко Мноооогу ги облекувате и мннооогу полесно настинуваат од препотување и прегревање него да им е ладно.
Зошто лажалка не е добро?? Од прв ден дома е со цуце, ставам само за спиење или кога се вози во кола, количка, ако сака секако. Ќе заспие со цуце и ја плука, пак ретко ја бара. Ако те лажела мајка ти дека ќе несака после града да ти фати, кажи и дека ехехееее тоа време прошло, овие цуцли се помодерни Уживај ти супер ја спремаш @Bebulleee те води