Кога си го однела прво кај матичниот не ти рекол инхалации да му правиш? И детето може да има шлајмови, ама не значи дека секогаш ќе спушти. Мојата кога имаше два месеца, немаше на гради, ама имаше шлајмови и со инхлации се среди. Антибиотик не и дадоа.
И кај нас иста ситуација. Преку ден е добра, ама навечер во спиење и тоа најчесто кон 3-4 сабајле, крчи и не може да дише. Ставам физиолошки, еднаш и со пумпица влечев и ѝ излегоа мрсулчиња, воздухот кај што седиме е сув ама ставам вода со камилица да парее нон стоп. Жал ми е кога ја гледам како се мачи. Тој период и не спие добро, нон стоп се буди.
@LiliBoz @Black girl не реков јас дека мора секогаш да спушти ако има шлајмови. Пишувам она што ми кажаа во Козле, со толку мали деца треба да се биде посебно претпазлив дека брзо спуштаат. Мене матичниот педијатар не ми ни спомна за спуштање, а јас дека ми е прво дете па не ни бев упатена толку што и како, во Систина ми препорачаа инхалации со физиолошки раствор и правев секој ден по два пати, ама ништо. Сакам да кажам дека од ништо не му е на двајца доктори на крај завршивме во Козле.
Моево се дави во шлајм и цело свири... редовно ја носам да ја слушнат. Од носот било свирењето и така само делувало дека е од гради. Ниту брис ни даваат ниту крвна слика или лек. Свеж воздух и по потреба парацетамол. Тоа е во Германијава.
Со помин нека е само. Земи си инхалатор кад тад ќе ти притреба... Да ти кажам право пола здравје е инхалаторот.
@LiliBoz Имам, земав, ама кога не испуштија од Козле ми рекоа нема потреба да продолжам да инхалирам дека е чист и нема секрет. Па сега незнам, се инхалира само ако се осети секрет или како?
Кога ќе има шлајм. со физиолошки . Ако сеуште стои ќе ти каже доктор и декса ќе туриш ама по потреба.
Чекајте сега, да си појаснам: се прават инхалации кога има шлајм во грло, така? Не кога само тече малку носе? Јас уште немам купено инхалатор, секако планирам за недај боже, ама нас само капки во нос ни препорачаа, никој не спомна инхалации. Да се редактирам пошто пред некој ден пишувавме за реакција од бсж вакцината, прашав педијатар и ми рече дека треба да има реакција, да се направи како топче, ама најрано после 6 недели од примање. Ние ја примивме на месец дена, сега сме 2+ и уште нема ништо кај малата, ни рече др рано е уште.
Јас инхалирам кога се мрсулави, затнати.. со физиолошки и вадам после мрсули за тие мрсули да не отидат на плуќа. Затоа битно е носето обавезно да им се чисти често кога ке болни, не знаат сами да ги издуваат мрсулите... А со физиолошки + др лекови се инхалира со препорака од доктор, ако има спуштено на плуќа. Инаку бебињата да.. многу брзо спуштаат, еве кај мојава мирно црп, крвна слика укажуваше на вирус, препорака солен раствор и чистење на носето (ова обавезно правете го кога ке видите дека се мрсулави), под надзор на докторка си беше и во рок од 10 дена спушти два пати на плуќа (и тоа тие 10дена се инхалираше). Ете совети ке дадат инхалација со физиолошки, солен раствор во носе, влечење мрсули со аспиратор... на толку мало бебе со шлајм што друго да му направиш.. @BoaVista па бебчето било добро и немало спуштено кога го слушнале тие двајца доктори, затоа и ти рекле дека е добро... а не сте завршиле во Козле ради тие двајца доктори..
Imam custvo deka vo kozle hospitaliziraat i koga nema potreba. Po se sto.cotam tuka, takov vpecatok dobiv
Нас не не задржаа, а имаше спуштено... дома со препорака правев сама инхалации. Е бебе од месец кое има спуштено мора да го задржат и да имало многу малку спуштено, бидејки мало и може бетер да спушти, а чим за брзо било испуштено и без ренген слики значи не било страшно. Мојава беше 3+ месеци тогаш.
кажете а инхалатор каков користите? тука мислам по потреба може да ти препишат за здравството да ти врати дел од парите за некој ваков од 100-200евра, https://www.amazon.de/dp/B006XK37WO/ref ама сигурно има и некоја поволна а ефикасна варијанта. дури седам така да порачам например како ово или? https://www.amazon.de/dp/B008KWOABK/ref инаку заборавив да пишам мене бабицата ми имаше речено место физиолошки да и ставам по некоја капка мајчино млеко ако и е затнато носето, тоа како лек за се
Ако е бактерија, млекото храна за бактеријата... јас не би млеко во носе никогаш. Инаку јас имам најобичен инхалатор, не е поскап од 3000ден, заборавив колку точно ми е купен..
Да, најверојатно кога тие слушале немало спуштено. Муабетот ми беше дека мн несериозно пристапија, како ништо не му е, и сега ја неискусна и реално не бев свесна дека може да спушти туку така, ама тие па доктори се, мислам требаа бар малку посериозно да пристапат знаејќи дека е бебе од еден месец и дека е голема веројатноста да спушти. И јас да не бев упорна и да не го викав матичниот педијатар да го слуша по два пати на ден, ќе се спуштело и така ќе сме си терале додека да не стане ептен ситуацијата. А какви деца имаше во Козле, значи страв ме фати. Затоа очекував, кога веќе навремено сум го однела детето, да спречат ако може да се спречи, а не ништо не му е па ај после ќе лечиме место да спречиме. Од Козле од докторките сум презадоволна, ептен стручни. Ништо не оставија на случајност.
И јас имам од Пари, Овој модел https://www.amazon.de/gp/aw/d/B00314NSX8/ref=mp_s_a_1_sc_6?__mk_de_DE=ÅMÅZÕÑ&qid=1522936484&sr=8-6-spell&pi=AC_SX236_SY340_QL65&keywords=inhalationserät pari Го користиме 2.5 год. Презадоволна. Фирмава беше препорака и на педијатар и на аптекарите. Педијатарката му кажа дека само ако спушти на гради ќе ми да даде рецепт. Секако не чекав до таму да дојде работата и сама си го купив, без нивно кофинансирање. Дали е до него или до децата не знам, ама континуирано се полни со шлајм и имаат кашлица но никогаш не спуштиле на гради.
И јас ептен задоволна сум од Козле, па кога би било нешто покритично таму би носела дете. Инаку во право си, знаеле дека може лесно да спушти и требало да ви речат бар честа контрола и често да го слушаат. Добро што си го викала матичниот...
Мојот навлажнувач е со подесувања, па во зависност во која квадратура го носам така го штелувам. Колку пареа да испушта, јачина.. Јас сум задоволна од Систина кога го однесов малово на 2м и 3недели, веднаш ни даде терапија баш укажувајќи на тоа дека многу брзо спуштаат мали бебчиња, секако инхалации ама со Пулмикорт (мислам да вака се викаше) и Синомарин спреј, матичната подоцна само ја потврди терапијата и на даде плус Синомарин ампула за инхалации да не треба за измеѓу. Поткашлуваше, киваше и затнато носе, крвна слика укажуваше на вироза, не спушти на гради, брзо и лесно помина, за некои 5дена беше фит. Пак ќе кажам и топлите бањи многу помогнаа што побрзо да излезе секретот.