Како што читам низ мислењата гледам дека ова со вакцинава кај нас изгледа е нормално. Ви благодарам за споделените мислења. Туку да прашам, нели споменав синко се исфрли со ситни црвени топчиња. Мислам дека му се од жешко. Не се повлекуваат После бањање се смирени а преку ден воспалени. Не гледам дека нешто му сметаат, ама мене да и тоа ептен.Од хипп млеко повторно се вратив на јекодерм ама гледам дека не ми прави некоја разлика. Само водата му прија очигледно. На допир е рапав целиот и по лице и по тело. Плус и главчето почна да му се лупи, катастрофа сме. А криво ми е, се роди преубав бел чист мек во кожичката. Сега ова после 2 месеци не снајде. Да напоменам ја прашав и педијатарката демек ок било ништо да не му ставам особено, ама нешто не ми праи кеиф ни таа да ви кажам. Се ок и е на нејзе и за све морам јас да ја препрашувам. Нит за куренцето за отварање не ми спомнала нит ништо. Јас по нејзе како загарче трчам и препрашувам. Ама тоа е, моравме хитно да му најдеме педијатар и таа некако најпристапна ми се виде. Одма крена на телефон се заангажира, ама изгледа само нови пациенти си бара за пари од фондот Ке ја мењам ама да најдам некој стварно квалитетен доктор сакам. Едит: Цело време го држам во посвежа просторија но нема разлика. Дури и носето знае да му е ладно па тогаш да сфатам дека сега па му студи на бебко и да го потпокријам. Иначе маж ми негде си прочитал дека за бебе температура треба да е 25 и така он си греел ли си греел дома и дете се воспали цело. Ке се утепам значи
Како нема? После тој на 3м го има оној најдолгиот што трае 30+ дена. Почнува кон крај на 3ти и трае до крај нс 4ти.
Gospod neka ni e na pomos srce mi se kosi koga si go gledam deteto takvo skisnato neveselo a ne mozam nikako da mu pomognam
Мислев на 6м е следниот Така памтам од синчево... сум се збунила, мислев 3м, 6м, 9м... а пред 3м дека во недели одеше..
Ве читаж и си се смеам сама со себе. Мојава пошто нон стоп плаче за без врска, ко ќе биде во скок може ќе се смири Шала на страна, ние сме полни три ама родена е во 36 недела, првиот скок да го очекувам сега или по 4 недели?
The Wonder Weeks Се плаќа на Play Store, ама вреди, многу е добра, опишува сѐ и во детали, а има и видеа. Според апликацијава, скоковите се пресметуваат според Due Date, без разлика во која недела сте се породиле
Не му ставај само мрсна крема. Прашај си ја докторката за хиперманган, моево синче кога беше бебе ептен се исфрла (врукички, вруќаници се тоа), па за два, три дена одмивање со хиперманган се исчисти скроз, но тие три дена не мачкав ништо на кожата. После кога се исчистија ретко ставав од млекото на Хип, мрсни креми никако. Инаку (хиперманган) кристали се тие и во 2л топла вода (во шише), на врв на нож ставав малку розевка да стане водата и на крај на бањање го поливав од врат надолу, не се плакне.. Прашај баш и направи го ова Инаку која ви е матична? Ако несакаш тука во лп пиши
Дојдов да барам совет. Читам, сите мрсулави! Ние заглавивме со уринарна инфекција. Си пиеме Бактрим. Прочитав по темиве има неколку мајки со искуство со опасно уринарни инфекции кај мали бебиња. Сакам да ги замолам, да ми пишат во пп или тука, сеедно, какви испитувања направивте? Дали само мцуг? Или постојат и други? Е сега, за што дојдов да барам совет: уште не излечени од ова погоре, почнавме да шмркаме ноќеска. Се давеше во шлајм. Носот ко на циганче на семафор. Тече како чешма. Три пати ја слушаа (денес, вчера и завчера) нема ништо, ни на грло, ниту спуштено. Прскам аква марис и влечам. Ама тоа некако не помага. И кога прскам и кога не прскам тоа си тече. Кива и кашла (по малку). Ако ја однесам и на детска и во козле, исто е, нема да добиеме ништо, веќе прима антибиотик. Нема тт и весела е. Што да правам? 3+ е.
@snegulkata Малку доцнам ама еве уште еден совет. И ние го имаме истиот проблем со засеците, и се потпарува кожата мириса неубаво, посебно на вратчето е најизразено. Ја користам ова крема. Кај нас се покажа доста ефикасна.
Мојава денес цел ден плаче, зајдува. Не сака ни да цица, цица и плаче, вознемирена е, не спиеше цел ден, пола саат само и се буди со плачење. Се витка цела па претпоставувам дека се грчеви, ама пак досега само во одреден период од денот имаше вакви напади на плачење, а денес еве цел ден. И дадов чајче од бекутан, малку се смири, ама после пак почнува да плаче. Можно е да не се најадува доволно? Млеко имам ама колку е хранливо не знам. Инаку, си кака нормално како досега. Јас се изнервирав нешто вчера и сега имам грижа на совест да не е до тоа. Плус затната е, едвај дише ама сега и ставив физиолошки и аспирирав, па малку подобра е. Не знам дали да ја носам на доктор да ја видат или да чекам до вторник на контрола сме. Не знам што да правам, жал ми е што плаче, а не знам што и е.
@kleopatra11 @Lolipop23 @artemidis @Mia.milicka Погоре пишав еден пост, но ве тагнувам за да видите. Читам дека имате искуство со уринарни инфекции. Малата е 3+ и веќе закачивме уринарна инфекција. И ешерихија коли во уринокултурата. До сега само ехо ни направија, бубрезите се добри. Но, рекоа кога ќе го испие антибиотикот (бактрим) ќе продолжиме со испитувања. Какви испитувања постојат? Др. Кузмановска оди ли уште во ремедика? Јас разбрав дека е во плодност, и таму прави мцуг. Ако имате некакво искуство, ве молам, споделете. Од настинка ли се фаќа уринарна инфекција? Внимавам на бришење, но каките некогаш одат до пупак. Доста пишував, многу сум загрижена..
Како и докажаа уринарна инфекција? Имаше ли температура? Дали прво направивте уринарен статус, или директно уринокултура и колкав беше резултатот?
Па рекоа дека е уринарна, иако прво викаа не знаеме, чекај. 50.000 ешерихија коли на уринокултурата и проширени уринарни канали. Па рекоа ќе следиме. Следна недела сме на контрола. Рекоа ќе треба да се прават испитувања, но не кажаа кои.
50 000 на уринокултура не е знак за инфекција, туку контаминиран примерок и на овој резултат не се дава антибиотик. Битно е многу да се испита уринарен статус и откако тој ќе покаже присуство на инфекција тогаш да се прави уринокултура за да се види за која бактерија станува збор и на кој антибиотик е осетлива. Зошто се посомневаа во уринарна инфекција, дали детето имаше покачена температура без присуство на други симптоми? Каква му беше крвната слика, леукоцити, ЦРП? Кој ја даде терапијата, матичен или специјалист? Извини вака, што ти поставувам многу прашања, ама син ми го лечеа од уринарна инфекција и го труеја со антибиотици за џабе и сум многу изреволтирана. Кај толку мали бебиња уринокултурата не е толку релевантна бидејќи тешко се зема примерок и истиот многу лесно може да се контаминира, посебно кај женски деца (освен ако не сте лежеле на клиника и да ви земале примерок со катетар).