Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Да не те излажам ( не точно памтам ) ама мислам дека платив од 2200ден до 2500ден највеќе. Целосен преглед и разговор со буквално на лист хартија ни црташе да ни објасни све.

    Мила секој добар гинеколог на вториот скрининг ( обично 22-23та недела го практикуваат ) кога веќе бебе е убаво оформено и може да се види секоја аномалија ( Недај Боже ) ќе види доколку има дали на мозок, срце, бубрези па и на било што проблем. Мене Радица Бојчева паралелно со Тања Гуржанова ( која ми го правеше ИВФ ) и Ана Данева која ме породи, сите 3 на скринингот ( зашто кај трите направив детално ехо за да се потврди ) и кај сите 3 се виде проширувањето на двата канала. Имам и ехо снимки од скринингот каде се гледа. Па и самите си напишаа и потенцираа во листите да одма после пораѓај педијатрите направат испитување и ехо. Зашто некогаш до пораѓај се нормализира, но во поголем брок случаеви не. Убаво ми беше уште тогаш објаснето што и како ќе е откако ќе се роди и на што да внимавам и како да тераме. Еве ден денес кога идеме на контрола кај Олгица збориме за тоа и договорени сме сега на следнава и она пак да го види на ехо ( често и она го гледа инсистира да следи ситуација ).
    Како џабе тој скрининг ( незнам кој така би помислил ) најбитниот скрининг за бебе да се знае и највеќе за срце. Знам Тања и Радица буквално и прстиња на нозе и раце му броеја ( имам сликички ) , срце гледаа комори и незнам што уште ( не ги знам точно називите ) , скоро на секој преглед ја гледаа папочната врвца како циркулира ( имало мислам рекоа две каналчиња ако не грешам ) значи буквално немаше што не гледаа на секоја контрола.
    Незнам како е кај други гинеколози.
    Но, најбитен е 2риот скрининг според кој ќе се знае и состојбата на бебе кога ќе се роди.
    Ок се сложувам за читањето, па и јас доста се изначитав за ВУР, но не секогаш е и тоа исправно зашто реално некогаш и сва и свашта се пишува по форумите ( еве читни ги српските јас тие ги читав ). Статии, исписи од медицински лица, википедии и сл тоа е сосема исправно да се чита.
    За зимањето со ќесичка урина од гугле најдов нефролог кој објаснуваше како да се земе и колку време и како да е од зимање до носење во лабораторија.
    Искрено несакав и немав и немам намера да го однесам и со катетар да му бутаат за да земат примерок. Сепак е болно знаеме и ние како е катетар кога ти ставаат, а не па они минијатура од човечиња. Ок ако веќе мора и лежи во болница, мада пак има начин да им се земе со ќесенце. Јас не се сложував со катетар да му зимаат и еве сама секој месец му зимам со ќесенце ( се испраксирав веќе хаха ).
    И точно дека Недај Боже ако се има бактерија и не се третира точно дека може да направи проблем и оштетување на бубрези, зашто мокрачата се враќа во бубрези. Но, еве нас ни беше кажано уште на почетокот дека секој месец да се прави уринокултура ( мада Тасиќ кога бевме последен пат рече нема потреба ќе си осетиш сама ако има нешто, ќе мириса, ќе смени боја, ќе плаче при мокрење и ќе има тт ) , ни напоменаа обавезно ако качи тт прво нешто е уринокултура да направиме, мењање пелени почесто, миење убаво на куре и главичката, отварање од прв ден е најбитно. Кога се роди и кога проверивме како му се отвара и колку бевме сите изненадени, буквално милиметар само беше отворче и ми беше кажано одма да почнам со отварање за да не дојде до инфекции или бактерии. Олгица му го подотвори зашто искрено мее ми беше страв и беше 9дена бебе. Еве со месеци и Алое Фрстот го користам и може и тоа ни е најголема заштита незнам ( пу пу да не го подречам ).
    Се надевам дека на следнава контрола ќе биде се океј.
    Јаки се нашите мажиња како растат ќе биде све супер :hug:
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2018
    На Leo_29 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  2. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Мајкички два различни педијатри консултирав, едниот ми вика давај пробиотик другиот вчера ми рече никако! Јас давам Био гаја од трета недела од кога почнаа грчевите. Еве сега сме два месеци. Убаво си какаше на почетокот ама последниве недели ептен тешко. Се напнува, црвенее, плаче и само прдка. Кака на 4 дена и тоа ептен малце. Вчера стасавме до дежурен лекар од врискање ни рекоа дадете чепче и никако пробиотик дека од тоа му е тешко. Немаше отворена аптека (не бевме во ск за празникот) и во мали градчиња тоа е, празник и све затворено. Стигнавме дома и се искака ептен малце. Денес прашавме за чепче во аптека во ск ни рекоа никако многу е мал, давајте пробиотик. И ај сеа? Ептен сум збунета не знам што да правам. Мислам дека од ден во ден се потешко е со какањево. Логично ми е да не се дава, бидејќи еве ние возрасни земаме пробиотик само со антибиотик или за пролив. А бебче баш треба да си кака течно, си викам да не ја стврднува столицата и затоа му р тешко. Ама па кога ке се искака кака течно. Што викате вие?:^) Инаку сме само на доење. Не сум давала до сега ништо ни чаеви ни вода, освен водата со која правев ад на почетокот додека ми надојде убаво млекто.
     
  3. Ambra20

    Ambra20 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Ако не сум грешка мислам дека бебе што е само на доење нормално е и до 7 дена да не кака.
    Пробај ти да пиеш вода со сварени суви сливи.
    Јас биогаја давам од раѓање, а сега сме 5+ месеци. Пробиотикот не би требало да е проблем за столица.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека е нормално, ама вакво напињање и плачење од болка не ми е нормално. Да ти е грев да го гледаш мислиш очињата ќе му прснат. Не знам навистина во мисла сум ставена :^) Станува од спиење сред ноќ и приплакува. Стенка и на крај само ќе прдне. До вчера мислев дека е нормално све тоа, ама после се подзамислив. Зошто воопшто да му е така на бебе, се гледа дека му е тешко од 2 дена не па 7. Го масираме, правиме вежби секојдневно и неќе па неќе, а го боли знам. Грчевите ни се друга приказна, тие кога ќе фатат ми иде да се фрлам од тераса. А па после какање го фаќаат најчесто. И ај сеа:?:
     
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Мајка еве веќе ти пишале за сокот од сливи. Чим доиш ќе почнеш да пиеш сок од сливи.
    Ако несакаш да даваш вода ( мада јас од прв ден кога дојде дома давав по малце, штета од вода нема, само на цицање беше и напредуваше над просек, значи митот дека ако вода пие нема да цица паѓа у вода бидејќи 100мл недаваш вода ). Сепак останува на тебе како ќе одлучиш мада јас би те советувала по малку и вода да даваш за цревцата и ќе му е полесно на бебе. Ќе земеш и чајче на Хип или Холе ( Бекутан не зашто има многу шеќер ) и ќе даваш и чајче по малце во текот на денот измеѓу доењето, чајчето има и анасон внатре и некој други тревки со кој ќе му е полесно на меше и ќе регулира какање.
    Ставај и топла пеленка на меше, ако имаш термофорче ќе наполниш топла вода и стај над алиштенцата над меше ( не на гола кожа ).
    Почесто нека ти е на стомаче легнато со потсвиткани ноџиња, над твои нозе со стомаче легнато, над тебе нека лежи со свиткани ноџиња, кога го бањаш нека биде потопла купка ( малку потопла водата и нека лежи малку во када ) , кога го држиш во раце нека е како во фетус положба со ноџињата. Со ова ќе му се намали притисокот и болката во меше колку толку.
    Со лесно и верувам дека набрзо ќе биде во ред со регулирање на столицата.
    Едит : јас највеќе давав вода превриена со неколку зрна ким. Од чаевите ретко давав скоро ич. Кимот мислам дека му помогна и грчевите лесно ги помина ( скоро и да немаше ) и си какаше без мака. Пробај и тоа.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    Пробиотикот не го стврднува изметот, го средува мешето зависи каква потреба има. Ги намножува тие позитивните бактерии за да можи да се преработува храната и да се регулира столицата. Јас давам Пролајф пробиотик еднаш на ден и сметам дека му е подобро. Одма се кака и помалку го боли мешето
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheGetmaki

    TheGetmaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Искуства со папочна кола кај новороденче , дали се повлекува и кога??
     
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.545
    На моето му се појави кога беа грчевите и кога плачеше цело време. Ама мала. И носевме појас до 5ти месец и се повлече за среќа.
     
  9. TheGetmaki

    TheGetmaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Kupiv i jas pojas kazi mi kako mu go stavase vrz bodi li? I po kolku vreme u denot da go nosi?
     
  10. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.545
    Да врз боди убаво ја стегав, од сабајле до пред спиење, околу 12 часа сигурно го носеше
     
  11. TheGetmaki

    TheGetmaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    A na menjanje pelena mora da se izvadi taka ?
     
  12. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    5.545
    Да ќе го вадиш. Не се секирај мајка ако е мала кила ќе се санира, без гајле
     
    На TheGetmaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво.. незнам каде точно треба да го поставам ова прашање.. мојата ќерка има 4 недели.. последниве два дена бара многу да цица.. како да не може да се најади.. а изгледа и е многу зошто после секое доење враќа храна.. и после 2 мин пак гладно.. дали е ова нормално??
    Не ми е јасно си се доевме на 2 саати од прилика по 13 мин во просек, 11 пати на ден и покачивме 680г за 15 дена.
    А сега како да не му достигнува млекото а јас фала богу имам многу млеко.
    И нормално е ова според вас? Да му давам да цица кога сака иако повраќа? Или да правам паузи?
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.356
    Допаѓања:
    119.418
    Пол:
    Женски
    Не е гладно, скок во развој е и нормално е. Давај да цица кога сака и колку сака ќе помине овој период и ќе се вратите на старо.
     
    На TheGetmaki, Lolipop23, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Давај да цица кога сака и колку сака ќе помине овој период и ќе се вратите на старо.

    А дали е во ред да повраќа ( не мислам на она млаз повраќање, така повраќа ретко) ?
     
    На Aniaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Се што изела повеќе, ќе го поврати. Не е страшно. Нема да трае повеќе од неколку дена. По подој подолго стојте исправени.
     
    На emkaemka и Jana2770 им се допаѓа ова.
  17. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно си се доевме на 2 саати од прилика по 13 мин во просек, 11 пати на ден

    Браво, ти си среќна мајка! Моето на 4 недели цицаше по саат и пол и кога ќе мислев дека заспал го оставам и пак плачеше. Плус се дохранувавме со ад.
    Не ни можев да бројам колку пати на ден цица зашто скоро цели денови беше на града.
    За повраќањето не се секирај, такво си е бебето лакомо. Ќе си поврати вишок и толку. Само повеќе време исправено после цицање и никако менување пелени веднаш потоа. Ќе повраќа па ќе почне да ика и напорно е. А за тоа дека сака повторно да цица, не верувам дека е гладно. Сака да си седи кај тебе и да си цицка онака. Пробај со цуцла лажливка, веќе можеш штом имаш многу млеко. Јас приметувам дека не е гладно кога ќе видам дека не голта туку само ја стиска брадавицата. Кога ќе ка пипнам е тврда и треба неколку пати да ја истискам за да излезе млеко. А кога си цица, она е мека и си тече млеко кога ќе го тргнам. Си знаат они сами кога им е доста крофни малечки :inlove:
     
    На Jana2770 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beloto

    beloto Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2017
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Здраво Мами .. Незнам дали сум во темата наменета за ова но си решив да пишам во врска со моето бебче 4 месечни сме синко мн е нервозен несака буквално ништо единствено близина на раце ми одпаднаа ден ноќ ај па тоа нишо туку , жал ми е да го гледам така си викам запчиња раное што ке да е..споделете искуства мамиии прво бебче ми е и све ми е ново ..
     
  19. Anajirile

    Anajirile Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2017
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.179
    Во иста ситуација сме и ние :( По препорака на педијатар му давам од сирупот Calma B, но нема некаков ефект... Следниот четврток сме на контрола, па уште и вакцини ќе примиме.... којзнае тогаш каков ќе биде.
     
    На beloto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    112.603
    Пол:
    Женски
    Добре дојде мајка во клубот :rock:

    Сите реквизити ги имаме, ништо не ни сака, уствари сабајле само 10тина мин ако поседи во релаксаторот дур кења, кога ќе се разбуди ако не си до него знае некое време да џвака постелнина и да зјае во лустер. Најпоследно купивме музичка подлога, плус свети, па ако е во најдобрите, ти го заигруваш, збориш и седиш до него може да одмориш раце 1ч :o ама најчесто е играњето 15тина минути, а многу почесто подаваш раце да легне тој веќе вришти :sweat:
    Пуштаме и цртани, ако е во добрите, го држиш и го думкаш и тогаш ќе поседи некоја минутка.

    Инаку да го шеташ, да гледа и многу битно да збориш, ако застанеш мораш да думкаш :whew:

    Се лигави, се нервира, бута раце, сака и играчки ама бидејќи не може да држи па бара ти да му ги држиш, па ако не ја држиш ,,убаво,, ќе почне да вриска и за тоа :sweat:

    И така....
    Нека ни е со лесно :smirk:
     
    На mal.ecka, Ambra20, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.