Ние преку ден сме на боди на кимоно и шорцеви, а навечер сме на боди на краток ракав и исто шорцеви и чорапчиња ептен тенкички и се покриваме со тетра која после 20 мин ја клоцаме и се бориме. Мене ме осудуваа дека многу ми биле разголени па уште и боси, но врело е и плус сме големи склетџии и жално е да ми се пури детето. А за климата, нас ни дува во дневна а ние најчесто сме во спална и со врати отворени супер е. Мене ме интересира што и како за во кола. Вчера сакавме да шетнеме околу 19ч до Центар ама не отидовме зошто беше пеколно топло во кола. Пуштате ли клима во кола? Или подобро е прозор да се отвори?
јас незнам што да правам, живееме во стан кој е свртен на југо западна страна цела ден сонцето како дома на ни е, имам термометри во дневната и во спалната, во дневната последните 2 3 дена повеке од 26 не се спушта а во спалната е 28-29 пуштам клима ама на 15 минути или во спалната или во дневната зависи каде не е бебето. Многу ми е страв од климата дане го настинам, по дома е само на боди на рамчиња киа ги менувам у денот најмалку 4 5 пати оти се поти малиот, срека што има ѓелба за цицање а вода пие со сила му пикам во устата оти ке дехидрира. Кажувајте совети навистина незнам што да правам За во кола, нире пред некоа ден сакавме да одиме со него до кај свекрва ми (околу 45мин возење), и во кола детето за 2 минути се направи жива вода и не вративме дома, немаше смисла, а и не дозволив мм клима да пушти оти тие климите се многу лоша работа, возрасни настинуваат не па ли мали бебиња од неколку месеци.
Ладете ги колите пред да влезете, поинаку е во ладна кола отколку во врела тоа дефинитивно, ама подобро нека поработи малку колата со клима на ниска температура , гасете и можете да издржите некое време, до кај 10-15 минути се издржува, после со отворени прозори минимално ама два дијагонално да бидат отворени, еден напред, дијагонално и назад еден. За дома уклучете на најниско дување и да дува кон плафон, не се осеќа многу климата а разладува доста. Ова не само за бебушки, и труднициве не е во ред да се изложуваат многу на клима, а богами и доилки.
колку шо знам и читам и други мајки дома седат со климата пуштена за да одржава до 19 степени, ама гледај намести ја нагоре да дува, и кај нас е исто спалната ние на запад абе пекол е 30 степени е таму а и за во кола исто ке си ја наместите климата не одредена тепмература и ке ја наместите надолу, нели и кај ножете може да лади и нема гајле, ние првиот пат кога одевме ох така не пуштивме, абе вода течеше од синко, сега ич не ми ја мислам, ке си го облечам нормално и климата на ниско пуштена поарно така отколку да е зива вода и надвор ко ке го извадиш ке го дувне ветре и побрзо ке настинит
Дефинитивно подобро на клима отколку испотено детето па да го фати некое ветерче, навечер поготово, па се спарило, па потта е лута, се тоа се токсини кои се исфрлаат преку потта, а бебе не можеш само дома да го чуваш, си сака и тоа да си прошета. Мојата девиза е дека подобро е да прошета отколку дома да чуваш дете, ко во изолација.
Ако пуштате клима, перките нагоре, и никако пониска температура од 25 степени. И за возрасни не е добро да трпат температурни шокови, камоли за деца.
кај најс дома и лани кога беше 3 месеци кога фатија жештините и сега климата е пуштена и спие во дневна преку ден и нема гајле. свекрвами само ми вели да не му дува да не ова да не она, а сега растрчва низ цела соба, перките се нагоре свртени, ама пак на некои места се осеќа дување, ама јас ич не се секирам, како што рече ангел подобро со клима и на нормална тепмература, отколку целовреме испотен и потта на него да се суши. е сега навечер вспална знае и до 27 степени да биди ама отворам врати и џамови и + за брзо ќе купиме и вентилатор. малку од маклу да го менува воздухот
и кај нас е пекол в спална мислам дека неможам да разладам со ништо на синко му правевме брис на двете очиња зш мн му солзеа и ни најдоа во двете стрептокока аурелис, и ни дадоа капки цитерал да ставаме 1 недела на 12ч, и др ми рече дека и понатака може да се повтори оваа бактерија а за се е виновен матичниот педијатар, уште на 1м бебушко го однесовме а тој ми вика нема ништо, и не не пушти да провериме брис, да ми беше до мене денес ке го задавев, идиот како воопшто не мислат бе , за дете мало се работи некое искуство, или пак знаете нешто ??
Ne znam dali od zeskovo,no bebus moj denovive epten slabo cica,pogotovo denje.Slabo i spie,denski dremnuva 2 pati po pola saat kenka i saka da e vo race.Ziva voda sme dvete po cel den pripieni edna do druga
Мамички ве молам за совет. Сакам да купам кенгур пошто моето синче не сака да лежи сака се во раце да е . Има 2 месеци. До колку месеци ке може да го користам? Да не е малку доцна?
сигурно ке е од жешкото и кај нас е исто едвај денес испи на двапати по 120мл и пола кашичка, само кенка, де на кревет, де во раце, де надвор никаде не не собира, а плус синко ми е научен на поладно, цела зима го чувавме на поладно се мислам како ке го поминиме летово
Нашиот стан е на две нивоа, а климата ни е измеѓу спратовите, и мене ми е пуштена поголем дел од денот ама дува нагоре накај спална а ние доле си седиме и едвај и да се осеќа малце свежичко. А за во кола си одиме најнормално, скоро секој ден шетаме негде, ама си отвараме еден прозор и доволно ни е за да ни дувка за да не се испотиме. Чудно што викате за бебињава дека ви се потат многу, дека вода од нив тече... моево не се поти така, не сум го осетила да е мокро, освен ако лежи подолго па косичето да ми се намокри малце. А мнооогу мнооогу ми пие сега течности, околу 750 мл дневно вода пие, 1 л.млеко, 200 мл.сокче, и една-две кашички. Цел ден сака со шишето да е... Локи, за кенгурчево зависи, има секакви, за различни килажи. Не ви е касно сега да си купите, јас од три недели во кенгурче го носев.И кога е помало може да се носи некако, сега со 7-8 кила па и повеќе, тешко која кичма може да издржи
Јас го земав од Е-бау , многу е убав, го земав 10 долари и ептен сум задоволна само што неколку пати го ставив и толку кога почнаа жештиниве шива вода се правиме залепени еден до друг и не го носам веќе.
абе локи какви 1600 ден има и поевтини мене ми го земаа околу 700 денари мислам, и јас гледав на почетокот толку скапо и мајка ми ми кажа дека на пазар исто има поевтини, сега незнам точно каде на пазар дека нас ни го поклонија
Леле алал да ви е, јас на мојот до сега се на се дали 20 мл вода ќе испие цел ден, не ја сака ич да ја пие, му се гади само штом повлече еднаш не знам зошто, само да му е млакичка ладно не сака ништо ни млеко ни вода, само сокче може ладничко да пие, а млеко исто и кај мене, многу намали да пие, едвај 100 мл дали ќе испие на оброк, сега почнав со кашичка од ориз и ванила да му давам па добро е што ја јаде, му се допадна, од вчера почнавме, исто така и тиквичка проба и таа ја сака, денес планирам за ручек да му направам пак тиквичка ама не знам дали да му заменам за оброк или? А утре компир планирам да му дадам да проба. Ние малку касниме со пробување на кашичи ама поарно, не се брзаме никаде, колку покасно толку поарно, после цел живот ќе јаде што ли му душа сака, вака додека можеме со млеко да миниме добро е.
Леле и кај нас е исто и ко ке му се приспие плачи со солзи се дере. емег го капиеме на ручек за да се освежи ам па исто нејки да спие. И дури од 7,8 сато сабајле почна да станва, а сто убаво си станваше кај 10.
Ми треба мислење, совет - бебето мое има два месеца, од старт си имаме мака со повраќање, но деновиве е ужас, повраќа 2-3 пати после секое јадење. На ад млеко сме (аптамил комфорт), последниве два дена има пролив, мн е нервозно кога му давам да јаде, со сила го терам да јаде. Аптамилот го пие скоро месец дена па некако не ми е логично да не го сака млекото. Претходно бараше да јаде само скоро на секои три часа и пиеше по 100 мл. Овие два дена не ни плаче за јадење, една вечер си реков ај да пробам и цела вечер ја истера без млекце (од 10 вецерта до 7 сабајлето), се разбуди накај 3 си беше весел си игравме ама бидејќи не плачеше не му дадов да јаде и си презаспа. Дозата од 100 мл не ја ни испива, пие само и по 50 мл. Се си мислам да не е до времево, и него му е жешко душиче. Страв ми е да не дехидрира па гледам да му давам да јаде на 3 часа а во меѓувреме му давам и бекутан чајче. Не знам дали да го носам на педијатр бидејќи мислам дека на педијатарот му е преку глава од мене Од раѓање па се до минатата недела обавезно го носев еднаш неделно на редовна контрола. Си реков уште утре да видам како ќе се однесува, па ако ми е чуден во понеделник ќе си се нацртам кај педијатарот.