За два дена правиме 40 дена.. завчера бевме на доктот и тој рече дека имала уште малце жолтица... Дали е можно да има жолтица 40 дена.. и дали е нормално.. и дали е се во ред? Инаку доби вториот ден после породување. И последнава недела напати кога цица многу е нервозно.. изгледа како премногууу гладно и плачи писка.. ќе фати се смирува во секунда.. пушта во секунда.. плачи мафта со раце со нозе..( се надевам дека доволно сликовито опишав.. ужас.. што е ова ќе помине или вака ќе тераме?) Да прашам само.. на која возрат може да се носи во кенгур? Ние сме 40 дена
зависи од моделот, тие што се марами има начин како се врзуваат уште од првиот ден може да се користат, не знам на англиски на германски Tragetuch Wickelkreuztrage, ние вакво имаме од didymos и го користиме од кај 3-4 недели активно, вака се врзува а тие што се како ранци се препорачува обично од 4 месеци, за Ergo baby знам ама има додаток и за помали да може. Manduca има вграден додаток. За помали најдобро велат е со марама преврзани, ради положбата да им е заоблено грпчето и раширени нозете. Само многу добро затегнати. Види и во темата за спиење пишував за ова.
Нормално е, но проверете дали се покачени директни или индиректни билирубини. Има повеќе причини поради кои жолтица кај некои бебиња побавно поминува: ако се различен рх фактор со мајката, ако е само на доење има и лактациска жолтица, веројатно педијатарот ве следи и може нема простор за паника. Моето беше со жолтица повеќе од 2 месеци.
Dali mozam da odam so 3mesecno bebe vo ohrid ... mislam za po pat poradi nadmorska visocina ... ili na vodno, ako nekoj ima iskustvo ili preporaka od pedijatar?
Не гледам причина зошто да не одиш. Пакувај бебе во кола и уживајте. Јас 2 месечно бебе носев на Пелистер околу 1500 надморска висина.
Мајка за пример сум! Изгледа го загорев бебе во образите денес на сонцено. Спие црвено во образите. Не е жешко, ама топли се обравчињата. Ќе си пукнам еј. Од утре здравје Боже, ќе мачкам крема за сончање.
Колкаво ти е бебнцето? Моето 40 дена и незнам вака по колку време да ја вадам на сонце.. 5 мин ..10 мин.. ? Уште има жолтица.
3+ сме. И по минимум 2 часа сме надвор. Денес во најжешкото. За 40 дена....незнам. јас би шетала по еден час дневно, ако е убаво времето, со памучно капче, лесно покриено. Едит. За жолтицата само сонце / дневна светлина и цицање.
Носеше капа. Почна да беснее, извадивме капа, се носевме во раце едно пола саат и толку треба. Добра е, ама мора да ја пазам.