Бејбилов, Дифракс. Отсекогаш ли е вака?? Скок некој да не е, период, грчеви, или заби да не се?? Ѕирни, напипај местото долу на кецовите, да не пробиваат
Грчеви среќа немал многу, а за заби незнам рацете му се нон стоп во уста и лиги дури му течат Не ми е за друго туку во спиење кога се буди мора цице да фати па пак да заспие цеел ден околу него морам да сум.... Првите денови фаќаше цуцла и шише сега ни тоа ни тоа Вода чај се со лажица му давам
Па расоблечи го мајка, му создаваш поголема нервоза, топло не се трпи, башка поголеми се шансите да настине кога ти е наоблечено и испотено. Да не форсираш лажливки и да си го прифатиш детето такво какво што е. Цуцлата не е за децата, цуцлата е за родителите. Двајца ги имам, двајцата без цуцли пораснаа.
@mssuniquee, знам сега ова ќе ти звучи безвеза сега, ама од искуство ти кажувам. Не барај лажливки. Нека цица колку сака, ќе помине. Тешко е, ама ќе помине, ти ветувам
Како се одрќа дали има спуштено на гради? Моето прима абтибиотик, кашла и исфрла шлајм со кашлањето а кога ќе го инхалирам многу се плаши од звукот и со плачрње правиме едвај дали 1 или 2 минути
Ќе му свират, крчат градите, потешко ќе диши, нема да утнеш. Додека инхалираш анимирај го, пуштај цртани, пеј, зборувај, потруди се цела терапија да ја прими. Ние со мм заедно инхалиравме, поплачуваше ама ипак цела терапија ја примаше, заоѓање немаше, но јас држев и инхалирав, мм кловн изиграваше Нека минува побрзо
ова за навечер ти е попроблематично? И моето не сака цуцли јас се откажав. А навечер и давам да цица со лежење, таа до мене си останува јас често заспивам уште пред да пушти и не се замарам ) а кога ја доев седејќи само пробував, тргни па ќе се разбуди па пак дај и, сега како е поголемка (3 месеци) побрзо сама пушта.
Да прашам дали некој знае што може да е, вчера и денес се будиме со плачки по секое спиење. Дури прееска плачеше десет минути може. Ја дигнав, ја гушкав, ја миев со вода, пикав цуце, дадов цице, ништо не перцепираше. По десет минути се разбуди конечно. И се насмеа. Ме исплаши малце. Липташе уште пола саат после тоа. Како будна, а уште заспана беше. Неосвестена. А со отворени очи. Можно ли е да е исплашена? Да сонува нешто? Период ли е?
Моево исто праеше скоро секоја вечер. Само шо ќе заспиеше за пола сат се будеше со вриштење и никако не се смируваше. Па ќе си заспиеше пак. После крштевката престана да прави така и еве сношти пак исто. Стварно не знам зошто така ама знам како ти е. Еве ако има некоја поискусна нека каже.
Ние кога го инхалиравме внук ми, имаше 8 месеци успевавме овака... Пуштена музика (Dave&Ava) до максимум, зет ми го држеше, братучедка ми го инхалираше, јас пеев гласно (читај завивав) и чукав со лажица на тенџерче и секако играв хаха а тетка ми во случај да сакаше да заплаче малиот му ја пушташе омилената музичка играчка. Да не гледаше некој од страна ќе се чудеше дефинитивно ама среќа успеавме една недела сабајле, вечер да го инхалираме без плачки. И после секоја инхалација дренажа.. Јас легнував на под со играчка да ме гледа а тој легнат кај братучетка ми на колена, и после секоја дренажа повраќаше шлајм. Братучетка ми го позна по влажното кашлање, а и навечер и се будеше со плачење и тешко дишење.
Ноќен терор. Обично кај поголеми се јавува, ама може и кај бебиња, во фази. После година и пол може да затера некое време, недела-две, месеци. Ништо не прави тогаш, немој да го будиш детето на сила, само земи го во раце, гушни го и тивко зборувај или пеј. Ќе се смири и ќе се разбуди. Нормална е оваа фаза кај голем број дечиња, не кај сите, ама кај некои е поизразена. И она што им се случува преку ден го преживуваат во текот на ноќта.
Така и си помислив. Сигурно е од умор. Крштевка правевме. Па верувам и се вртеле луѓе, слики. Денес не се разбуди со плачки. Ама некако заспано млитава е. Кенкава. Може е уште во скок (сега направивме 4 мес), па се заедно собрано. Фала ти.
Јас не планирам да ја превривам, но по отварање на шишето ќе префрлам во стакло и во фрижидер ќе чувам ^^вака пишувам бидејќи до сега вода не сме пиеле 6м сме, сум дала претходно ради грчеви демек на 1м е тогаш превривав и купечка, од чешма нема шанси во скора иднина да дадам ниту превриена да е