I mojata place se dere po cel den recisi sekoj den..strav mi e da ja setam se dere site me gledaat so zalsega najnovo ako e nadvor i ja nosam za doma se dere dodeka glas ja drzi
Ми треба совет Бебуш има бронхитис и е полн шлајм Денес цел ден немаше тт и сега пак качи (38со3) Дали смеам да го бањам цел,последниве неколку дена само туширав Ако е во ред незнам дали со млака вода или потопла може Можеби малку ми е глупо прашањево ама заради тт незнам дали е во ред капење со топла вода
Ќе го бањаш со малку помлака вода од вообичаеното ( некој степен поладна од телото на бебе кога е со тт ) само главчето нема да му го бањаш. Можеш со рака да му го одмиваш лицето и тилот дур го бањаш. Ова ни беше совет од доктор. И кога е со тт да е порасоблечено за да не ја задржува тт телото, просторијата да не е топла во која спие бебе.
Мамии незнам дали сум на правото место, синко е 5+ почна да седи сам стабилно си викам рано е уште шубе ми е одма го превртувам на стомак тој пак седнува и така си игра скроз сме хит на секое негово ново превртување, седнување, рипање како жаба се плашам ќе се повреди и го вртам одма на грб иначе од 3мес почна да се превртува на стомак и обратно,кога ги ставивте вашите душички да седат кога е најбезбедно ми е зборот??
Здраво мајки, бебо е 1 месец, и приметувам дека има како мрсулчиња во носето. Понекогаш кива ама ми велеа дека нормално е за новороденче да кива , се чистеле дишните патишта. Давате ли нешто за мрсулчињата? Како да ги исчистам?
Ќе ставиш физиолошки раствор и ќе масираш коренот на носето или кога ќе кивне што има само се чисти. Сите бебиња крчкаат. Некои мајки чистат со аспираторче ама само ако има течни мрсоли никако на суво. Иако на толку мало бебе јас не би .
Ако е повремено и јас не би чистела. И мене ми кажаа нормално е кај толку мало бебе. Се чисти само со кивање.
Денес на мали му зедоа крв,црпот му беше 23 Колку е границата?Рече само малку му е покачен ама се загрижив
А ми рече ништо страшно рест од лабораторија беше се во ред,освен црпов Добивме салбубронх,да продолжам со цефаклор,мукосолван,отривен капки Се отру дете,а он ми вели ништо страшно
Мојов ортопед вика дека седењето ништо лошо неможе да направи (ако само седи стабилно). Твоето дека е активно веќе си ги развило стомачните и грбните мускули и може да се држи што е супер, нека си седи ако сака Не се препорачува седење со потпирање на бебиња што уште не ги развиле мускулите, тие мора да се малку навалени (40+ степени) за да можат да се напрегаат за да станат и да вежбаат мускули. Можеш само позади и од страни (не да се потпира) да ставиш нешто меко, ако се преврти да не падне. А ако седи на кревет и да падне нема да се повреди, меко е.