Јас лично не. Изгуглав после твојот пост и прочитав он лајн. едниот е 21 цругиот 39. Беше споделено за ефикасноста и употребата.
9 месеци ми паѓаше косата, тоа беа прамени цели, мислев ќелава ќе останам, ама веќе после 10тиот месец почна да намалува и да се обновува. Го користев и јас Геровиталот и уште го користам, можеби имаше некој ефект, не знам да кажам, дали од него престана да ми паѓа или од што и помина периодот на паѓање.
Б комплекс. Секој б витамин спречува опаѓање на коса. Но, тоа не значи дека одма ќе престане да паѓа. се што не падна додека бевме трудни, ќе падне сега. Косата се регенерира.
Мајки, јас сум на една мака. Бебче е 3.5 мес. За две недели морам да одам на свадба и да го оставам со моите кај мене дома. Бидеќи не можам да се измолзам планирав да се враќам за доење. Арно ама, сега доењето е помал проблем од тоа што бебе плаче кога моите го држат! Едноставно последниве 2 недели го фати некој скок и не сака. Плаче во првите 2 минути. Ќе го наведне долното устиче и почнува. Дома сум кога е така па го земам после пола минута бидејќи не се смирува. Што би било кога би плачел додека не се вратам од ресторан на првиот повик Плус многу почна да се штрека на секој звук кога спие. Фрижидерот да крцне и цел е потресен. Некогаш презаспива сам некогаш не. И нормално нели мене ме наоѓаат крива сите од страна. Демек јас сум го научила само кај мене и не сум го учела во галама А сами живееме со мм, нормално по цел ден сум јас со него. Галама има нормална, тв уклучен, некогаш знам на тел да зборувам, готвам, перам, шетам низ дома кога спие..помалечок поцврсто спиеше, сега веќе и на тие звуци знае да реагира. Сакам да кажам, не сум го учела во мртва тишина да седи па сега да неќе. Ама не, јас сум крива во очите на други и точка. Можда и сум, не знам еве пресудете Јас па им замерувам дека се прегласни. Кога ќе дојдат мајка ми и татко ми одма е ***** кај си тиии, ела кај баба/дедо па изигравање штафета. Па татко ми пред него го занимава демек додека мајка ми го држи и овој прво ги гледа ококорен минута две и уклучува свирката. Им кажав малце потрпеливо да пробаме, полека да ги скенира прво да не му се вдаваат одма во фаца. Со татко ми нема разбирачка и си тера по старо. Мајка ми се согласи пробуваме неколку дена и тоа сама доаѓа и пак ништо. Не знам веќе како да правам. Дури луѓево си го сфаќаат по малце и лично, демек внучево плаче од нив Последна варијанта е да си го земам со нас на свадба и до кога издржиме издржиме после дома. Не можам да не идам, блиски сме ќе ми замерат а и ми се оди. А и навистина ќе мора да се навикнува со други, ќе треба почесто да го оставам па здравје и градинка. Полесно ем за мене ем за него. Совети? Едит: Кога шетаме со количка спие на галама од коли луѓе, спиел и во кафич со музика...се плашам само ако го земам со мене на свадба како ќе реагира на прегласна музика. Плус моиве откажаа планови за да го чуваат веќе, мислам ќе се поднавредат ако на крај си го земам со мене. Некако испаѓа како да им ја рушам довербата.
зашто последна мене прва варијанта би ми била таа дотерај си го најубаво и одете заедно, и ти рает а и тоа. Кај мажот ти седи да го држи? Јас би си го зела со мене, некој фустан што можеш удобно да доиш и готово. Единствено не знам како е кај нас за доење во јавност) ние сме исто толку и ја земаме сегде со нас, на маса јас и давам да цица, она ќе си задреме на цице и ја оставам така, јас пола саат ќе си поправам муабет. Е сега не знам дека касно ако е навечер, ама мислам ништо не мора до крај да останувате. Инаку за твоите не се секирај, и моево некој ако му се закачи цигу лигу гласно и долго прави фаца се спрема за плачење и тогаш ја тргам и на луѓето му текнува дека ја претерале
Па што знам, некако си увртев да не е многу гласна музиката за него, мене ми зујат уши цела вечер после тоа, не па на него. Плус дека нели се штрека на секаква галама да не е кенкав За доење не е проблем, со кола сме можам и таму. А и некако шанса ми беше да пробам да го оставам со други на чување. Друштвово околу мене се со бебиња и ниедно нема ваков проблем. Без проблем им седат кај свекрвите. До сега го имам еднаш оставено со мајка ми, 2 мес имаше и морав на гинеколог. Ама ептен ми се погоди да завршам за пола саат па го оставив и најдов заспан така да тоа не се важи. Ова ќе ми беше прв официјален пат оставање буден да го анимираат Не ме сфаќајте погрешно, нормално дека ми годи и си го сакам повеќе од себе, ама ваква приврзаност ме плаши по малце. Заради него сакам да си стане малку посамостоен. Додека сум дома не ми е толку голем проблем. Проблем ќе биде за мене кога ќе тргнам на работа. Знам дека е многу мал, ама мислам како расте така полошо ќе станува. А ќе има прилики и во иднина каде што навистина нема да можам да го земам со мене и ќе биде и те како проблем. Инаку и кај мм седи, ама кога ќе се расплаче заради X причина освен мама нема смирувачка. И кај него го имам оставано да се изрове од плачење и нема шанса, не се смирува. Мислам да го оставам долго ќе помодри дури дете
п. с. а можно е да е скок, и ние сме 3.5 месеци и според апликацијата wonder weeks сега е еден од скоковите, прилично долго трае. кај нас не се манифестира многу само што почна повеќе да бара да цица и било што да става во уста, е и пократко спие исто често само по 30 мин денски, и ако е така нема зошто да му се прави стрес на детето, има време за навикнување јас мислам дека ако се осеќа сигурно кога е мало, дека мама е тука и се е добро што и да му е, кога ќе е поголемо полесно ќе се опушти и со други луѓе и градинка итн.. а од друга страна секое дете е о различен карактер, отворено, затворено и ние големите не сме сите со секој да можеме.. не знам јас прво дете ни е, ама ич не ми се допаѓа тој начин на воспитување учи го на ова она од мало, па макар и преку плачење и игнорирање на бебето, не ми се чинат многу здрави тие методи единствено удобни за родителите, ама па тогаш без дете најудобно да не забегувам само од темава, да те поддржам уште еднаш сакав во тоа што си терате!
Јас сум го оставала за да одам до лекар на моите/неговите и до ден денес 6м сме па го оставам мах 2-3ч.не повеќе ради доењето... Зборот ми е исти сме сами по дома со музика не е мртва тишина а од јак звук се стрецнува...Надвор ужива спие а кога ќе му приидат сега периодов е таков над него му зборат гласно пискаво заплакува и јас ете сум го оставала и пак знае сега да прави така...во лифт не му зборат само ги гледа и топори мице да плаче...мислам дека е некој скок и ќе помине. И ние во јуни сме на две свадби и тоа петок и недела иста недела и само по невеста и дома на доење па пак се враќаме во ресторан...зборот ми е еве ние сме поголеми ама јас не би го малтретирала на толку гласна музика оно се е индивидуално има бебуши што уживаат мојов нема шанси ни свадба ќе видиме ништо си го знам...ќе им дадам инструкции за се и ќе се чуваат...носи го почесто кај твоите деновиве да се опушта...еве мојов од моите нема гајле а од свеќи плаче дека пискав глас има а и од врата уште не влезени таа да го земе а моите полека тивко му приоѓаат прво да ги види па после му се обраќаат по име и се насмевнува одма..мислам дека е период...внук ми од мм ми плачеше еден период сега не се двои од него...фаза некоја е...скок е...
уште не се научив да тагнувам луѓе од мобилен) а од кога треба да почнеш на работа, ќе оди во градинка од одма? мислам друго е таму, други деца, играчки ова она ќе се заинтересира и полесно ќе се навикне.. сега со други деца вака се дружи, сака да ги гледа и слично? не се оптеретувај како им е на другите.. ние и дека во странство добро ама јас максимум сум ја оставила сама кога се туширам и до подрум најдалеку ) првите недели кога влегував во затворено вц се ми се чинеше плаче.. сакам да кажам и јас ко мајка не можам да ја оставам, не сум рает, и ништо така тераме, на доктор и тоа доаѓа со мене и плус мм или некој друг ако може) е сега во јули имам карта за еден рок концерт тоа никако не ми се пропушта ама уште не знам како ќе го изведеме) не пробала ни шишенце до сега.. зедов пумпа од немукает недела и плус така стои.. како и да е.. раководи се според инстинктот и бебето, остави ги другите и што ти зборуваат, јас барем така мислам.. има едно attachment parenting, ако ти е интересно можеш да прочиташ мене најмногу ми се допаѓа во однос на тоа што треба што не со мало бебе..
Почнувам од октомври. Планирам здравје ако успеам да го запишам од одма да тргне, секако би го носела јас месец дена на адаптација. Тоа ми е сепак идеално сценарио ако не успеам да го запишам ќе дојде свеки од друг град да го чува. Како и да е ќе мора со друг. Инаку и јас не се согласувам баш со тие методи оставање да плаче за да се научи, или муабетот "не го учи во раце". Знам тешко е, и мене ми е напорно, ама не го учам јас. Дете само си бара, си сфатило во одреден момент дека му е убаво и си бара. И сега што треба да го оставам да лежи и да плаче? Еве нека каже некој предлог метода за справување, кога веќе советуваат да не го учам
Не е соодветно место свадба за толку мало бебе... инаку и моето тој период спиеше како зајак дома а надвор нема гајле. Исто така ср плашеше од сите освен од мене,со тек на време се ослободи. Тоа е фаза кога веќе распознава други луѓе и никој не треба да го сфаќа лично! Леле колку ме нервираше свекрвата ќе дојде еднаш месечно и плачело од неа Мој совет нека доаѓа мајка ти колку е можно повеќе до тогаш и да научи да го смирува... Јас така правев и се навикнаа еден на друг...
@DaenerysT во дел се препознав, освен делот за плачење од луѓе. На сите се смее, ги закача, им вриска на свеки и плачеше еднаш, ама и она ептен и запна (ко татко ти нешто ) Е сега за спиењето. Целосно те разбирам. И моево ко зајче спие дома живеам во зграда со 6 стана, 5 фамилии и 4 стана се користат. Маалото е мирно, премирно, чат-пат кола некоја, а од главната улица сме доволно одалечени за да дома ништо не се слуша. Мал шум дома и одма скока. Мајка ми со истите коментари. Па и реков нека повели она во галама да ја научи и да спие надвор и она спие. Претпоставувам како белите звуци - се навикнуваат и им доаѓа како "нормален" шум. Бебе не би носела, а богами и не би одела на свадба кој сака нек се лути, ама на мајки со мали бебиња кусур некој ако фаќа, секоја чест. Јас ред не реметам на бебе за ништо. Евентуално би отишла на прием и ако бебе заспие би отишла покасно во ресторан. Секако, ако е близу.
Мамички може постот не ми е за тука ама да ве прашам пошо брзо ми треба одговор. Од вчера бебе има тт , највеќе 38 и со сирупче далерон му се спушта. Од вчера вечерта е нафрлан вака , а да напоменам ни носе му тече ни ништо , цело време му се рацете во уста , а и вчера не воведов нова намирница . Искуства?
Мислам дека му е од тт ние имавме пред недела дена висока тт два дена скоро 39 варираше нон стоп. И на крај испадна дек е вирусот коксаки бидејќи сега му се лупат рачињата и стапалата.
Aneta ne mi izgleda ko alergija, od tt ke da e ili od toplo sto mu e. Ne go oblekuvaj mnogu samo eden sloj. Ako se obeluvaat/gubat koga ke ja istegnes kozata znaci e od toplo.
@DaenerysT зависи кој прави свадба според мене. Кај другар на мм бевме пред една недела не ја зедов (6+) ама кај прва братучетка во септември(10+) ќе ја носам секако. Инаку на 2 месеци бевме во кафана кај внука од прва братучетка на роденден со музика око не и трепна. До кај 10 и нешто седевме на роденден таму заспа и спиеше како и обично. Од кога си дојдовме дома си се однесуваше како и обично. Ако толку не седи кај никој на твое место на свадба би отишла од 8 часот и би седела до вечерата.
Јас бебе не би носела на свадба!! Непоимливо ми е мало бебе да се мкне по свадби/ веселби каде ечи музика и има 200/300/500гости, па безразлика чија и да била свадбата!! За жал и скоро бев сведок на донесени куп бебиња/мали деца на свадба, со еден збор би ги опишала како душички со зацрвенети очи, потечени од плачење, исплашени, нажалени, вознемирени.. не знам како не им беше жал, јас отидов околу 22.30ч никој немаше абер да си оди со бебињата.. Па барем ако ги носите ставете им тампони во уши и не дозволувајте да минат низ раце кај сите роднини со ред и многу битно сепак со време да го фатите патот за накај дома, греота е мало бебе да дреме на свадба додека не стигне невестинската торта
Jas go nosev bejbito ma svadba,podobro da ne kazuvam kako pominav 2 saati premiranje ostatokot vo sobata za doenje...od pocetok do sam kraj.
И јас мојата еднаш ја однесов на една прослава во ресторан и не можев да седнам. Плачеше од музиката, па двапати се искака, а таму немаше посебна соба за пресоблекување и во кола трчав . а да не зборам колку спремање удрив пред да појдеме и колку работи понесов, шишиња, ад, термос, алишта плус, памперси. И од тогаш си реков НЕ. Ја оставам на чување кога треба да одиме на такви места.