mojot majka isto 4 mese Jas dobiv vednas samo sto prestana krvarenjeto od 40 dena bebeto cica i mlekoto ne se namaluva voopsto pozz
Бевме на лекар , нашата др.-ка Драгана Емел е на одмор ,замената нејзина некој др ја прегледа малата , колку е добар не знам , ја слушна ми кажа се е супер ништо не слушнал загрижувачко, грлото не е црвено можеби мала настинка ништо не ни даде.. ама мене место не ме фаќа на секое нејзино кашлање ми се плаче почна и носот да и тече.
Ако сте од Ск, јависе сабајле во Авицена и закажи домашна посета ( за да не пафташ бебе навака натака ) и ќе дојдат ќе и земат крв и за некој саат ќе имаш резултати.
NA Malata i davam sab simplex za grcevi moze da prodolzam so bio gaya probiotik? Smeam da gi kombiniram?
Ете уште еден малер, многу ме боли грло .. што смеам да пијам ? Да не и наштети на малата пошто ја дојам..
Значи ме отече свекрва ми бебе мора секој ден да се бања. Јас и викам не сакам сува му е кожата доволно е секој втор, трет ден, а газето, лицето, вратчето секој ден. И докторки викаат добро е, не бре ќе се развикав за малце, по нејзе морало бебе да расте. Демек немало да расте ако не се бања секој ден. Аман. Вие што мислите?
Јас бебе прв пат избањав на 8 ми ден. Тука и во болница не ги бањаат, во Германија сум. До пред месец дена секој трет ден го бањав, како затопли секој ден. Да пораснат си е за возраста таман мајка прави како ти мислиш. Ако се поти од жешкото јас би го бањала, ама ти одлучуваш.
Кои капки за коски им давате на малите? Ние сме 4+ му давам д3+ омега ни се потрошија па дали да продолжам со истите? @duffi Исто, ете кога е потопло само ке го истуширам а иначе и јас го бањам секој втор ден
И јас од тие давам, иако почнав со обични Д3 на Пливит. Ама многу ми мириса детето на риба цел ден од нив. Да ги испие оваа доза може ќе се вратам на обичните на Пливит. И онака разни муабети излегоа за овие Бејбитол. Ама ми ги посочи педијатарот и викам ај да не ми е мисла.
Терај си како мислиш ти. Во систина ми препорачаа 2-3 пати неделно. До денес така е. Е сега деновите кога е пекол ја тушнувам да се освежи и кога не е ден за бањање
Добро, да е многу топло и да се поти ќе го пројдам низ водичка, вака со шампонче, купка мислам дека е доволно на 2-3 дена, ама муабетиве ме нервираат. Ја прашувам кој вика дека мора секој ден, докториве ми викаат не мора, што знаеле доктори, мора секој ден да расте. А ако има проблем некое бебе со кожата и не смее, пак мора? Ќути. Ете има грчеви му почнаа поинтензивно малку, ми рекоа да пробам со Еспумисан капки, и еднаш до два пати на ден по 20тина мл. чајче (ова и за грчеви и за тврда столица малку да помогне да пробаме). Таа вика клинои имал да се однесе на бајачка. Алооо бре бебе прематурче уште не смее меѓу народ да се меша, особено мали деца, само по дворче со домашните и на прегледи. Не ја знам ваква да е толку по "народниве преданија", се швркна старава малку. Оф топик кога истураше пред некој ден извадила секира надвор да го пресечело невремето. И мм и девер ми и се чудеа.
Не и се замарај и прави си ти како што сакаш. Во такви глупости не верувам. Јас го бањав на почетокот секој ден, а после преку еден ден.