Со количка деновиве само до кај мајка ми 15 мин сме пешки, мене мислата ми беше за у паркче или друго јавно место, по мое не би вадела бебе повеќе од 20 мин по дождов не знаеш кога како ќе те фати кога од еднаш не да врне ,туку истура.
Моето кога се роди имаше некоја инфекција. Кога си одевме совет од педијатар беше, првите месеци дома да не прибираме луѓе, а надвор да шетаме доколку нема ветер. Бебуш се изнашета и фала Богу до сега се нема разболено.
@СноуБол90 како издржа толку време дома ? Шетај го не се плаши. Бебињата уживат надвор, па и да заплаче, што дека. Сите бебиња плачат. Јас од месец дена го шетам. Ќе го фати воздух ќе заспие. Јас пијам кафе или ручек на раат.
Жени кажувајте што да се напијам за главава, умрев Страшно ме боли, освен парацетамол што смеам, тоа не ми помага? Дојам инаку. Бруфен може?
И мојава така се какаше деновиве. Лом се правеше и напред и позади до грб. Ако има како слуз може од носето да и е ако и тече. И јас бев многу загрижена. Давав линекс 2-3 дена и се стабилизира.
Здраво мајчички На лицето и се појавија како акни бевме на педијатар рече со стерилна газа да ја мачкам со еозин ама искрено читав мн негативни мислења за него дека не се препорачува за лице е сега што да правам.. варам камилица и ја мијам ама после миење каква кремичка да и ставам или ништо да не и ставам шо да правам... ? Ах бе раат да не си многу ми е страв .. Убав ден срцки
Мали сте не мачкај ништо ке поминат. Им се јавуваат на повеќето бебиња, јас не мачкав ништо поминаа за две недели.
Се чисти. Кога беше околу месец ги имаше моето. Мачкав Пантексол, ама и заборавав. Главно сами од себе поминаа.
Јас мачкав еозин. За дезинфекција е. Ми рекоа спречува ширење на "бубуличките". Дур минуваш со газата благо притискаш за да го снема "белкото". Минуваш еднаш и фрлаш газата. Не минуваш 2 пати со иста газа.
Женски нормално ли е после молзење со рачна пумпа да болат градите? Утрово прв пат се молзев, а сега едната града ме боли многу и тоа не пупката, туку во пределот на аксилата. Денес ме бие некој малер, па и температура си качив, така од чиста мира, а и чувствувам дека јако се разболувам. Што друго смеам да пијам, освен парацетамол, оти дојам? Детето ми е еден месец, па страв ми е да не го заразам.
Ако цица, детето нема да се разболи од тебе. Превентивно носи си маска. Инаку, температурата да не ти е од градите? Убаво масирај под топол туш, држи топли облоги пред измолзување. Можно е да е запушен некој канал.
Бели наслаги во усна празнина малку бело јазиче.. раат да не си.. педијатарот препорача стерилна газа и зовриена вода али никако не можам да и брцнам во уста плаче корне душичка кога и да пробам.. немам памет веќе .. што да направам.? Здосадив знам ама мн се секирам друго е кога ќе слушнам мислења и од вас
Моево џивџи од завчера стана понемирно и поплачливо, не сака до крај млекото да го испие или кога го пие му тече од страна на устето, спиењето ни е хаос. Wonder weeks вика скок во развој, јас се плашам друго да не му е. Вака се манифестира скок?