@НМарија на таа возраст најверојатно заради грчеви плаче, знаат да плачат до изнемоштување. Даваш нешто против грчеви? Стомачето сега се разработува, тежок период е, ама ќе помине, трпение мајка. Од педијатар ми беше кажано вака: Прва претпоставка при плачење до заоѓање кога се толку мали треба да е да не е гладно, а втора грчеви. Понуди и млекце прво, и давај капки против грчеви и пробиотик.
Се давам и еспумисан и колиеф, ставаме топли облоги на меше, за гладна не е гладна, најчесто зајдува кога ја пресоблекуваме нагоре многу се нервира, ама некогаш е мирна ќе поќенка малце и ќе зајде. Почнав и Б6 да и давам. Страшна е глетката од страна кога ќе зајде додека си земе воздух. Затоа прашувам како сте добивале совети од повеќе лекари дали сигурно не остава последици
Во тој случај, држи ја повеќе во раце, гушкајте се и повеќе контакт кожа на кожа, и на цице почесто, тоа би требало да ја смири. И ќерка ми имаше фаза кога се задавуваше после цицање и не можеше до воздух да дојде. Знам дека е страшно за гледање и ти е страв, ама само смирено, накваси го лиценцето со вода, земи бебе во раце, по можност само со памперс да е и гушкајте се. Се ќе пројде и нема да има последици, бебе не е бебе ако не плаче
Sexybaby86 те прочитав во мајчински и ми текна дека имаше периоди кога и мојата така правеше, буквално не сакаше да цица. Цел ден дали 1-2пати цицала и не сакаше и тоа 2 мин. Па ја држеше неколку дена и се враќаше во колосек.Одржувај ја лактацијата, јади повеќе калорична храна месо, немој да се молзиш и да гледаш дали имаш млеко .Јас едвај 40мл вадев.Ако не го сака ни ад млекото значи не е гладна туку си има мака.Забче можеби .Немој диета да држиш .Јас кога дое дури 4кг се поправив ќерка на 6месеци игледаше како бумбар Доењето е секогаш битно верувај 13 месеци ја доев упорно и дете не ми се разболи ни еднаш.А јас толку пати бев болна.Напред мајкаЗа жал кај нас нема јавни групи на мајки за подршка на доилки да отидеш и да се консултираш
@Sexybaby86 не знам кај кој доктор одиш, ама мојата така кога правеше Станка ме куражеше дека е нормално и дека на таа возраст може и за 2 мин да се нацицаат. Јас често ја нудев и секое цицање ми беше плус. И јас исто мислам, ако не сака ни ад, тогаш не е до млекото. Знам дека во очај ти се чини дека така контролираш колку внесува.
@kukla21 @Ava.84 докторката баш ме куражеше, можеби од постот звучело како да ме тера да се отажам, ама не. Кај матичната бевме инаку. Ми рече да дохранувам зошто мн малку има качено на килажа, стагнира. Знам дека има период и кога стагнираат, се ми е јасно, ама не се откажувам во никој случај, виси на цице како на почетокот Дава отпор ама давам и јас Дохранувам еднаш само со ад, колку нешто да пие. Знам дека се нацицуваат и за 2 мин, ама не ни повлекува, кога влечеше порано и цицаше по 3-4 мин ич не се секирав. Сега ова друго е, скоков беше и помина, ама ко да се врати со поголем замав Барем јаде каши, обожава, денес цел оброк си го изеде и бараше уште, па и дадов да цицне и дека поспана си цицна убаво. Фала ви на поддршката, ми значи
@Sexybaby86 мојот периодов 90% цица во спиење. Заспива со плачење, сакам цице, нејќам цице, фаќа, пушта... вришти. Кога ќе го легнам демек заспан он тогаш почнува да плаче и цица.
Mojava zajduva ama od lostina. Duvam vo liceto, vadam na svez vozduh pa guskam i koga ke se smiri ja prasuvam koj ja razgali tolku Vnukami do 4-5 godini premirase.Vejke poznato mi e zatoa ne se grizam tolku mnogu.
И јас мислам дека и е од лошотија повише. Често ти зајдува? Колку време и треба да викне и да земе воздух? Мене тоа ми се чини цела вечност
Мајки, бебето ми е 1 месец и на секое испуштање гас пушта и измет малку, во последно време тоа е ептен често. Менам памперс на секој час, а и понекогаш порано кога ја осетам, ја подмивам но пак е црвена. Нормално ли е таквото испуштање?
Мами дајте решение за икање. Ќе се најадат бебуши и после некое време почнуваат да икаат и трае 20 минути. Ги исправувам и после јадење и кога ќе почнат да икаат. Некогаш ги ставам на цице и им поминува ама тоа најчесто кога икаат а не јаделе пред тоа.
Јас пробував на цице да и дадам да повлече уште еднаш, два пати. Ако не биваше, ја оставав така. Ништо не им е. Ќе помине. Повеќе тебе ти смета, него нив.
Мила мојава на АД е и веќе недела две само во сон пие млеко. Темпирам дремка, спремам шише, нишам и кога убаво ќе се успие вадам цуцла, пикам шише и во еден здив испива 120мл ама толку ни капка повеќе. И она е само 300г поправена за цел месец. Еве од завчера од пусти страв да не е гладна јас почнав и за ручек каша да давам. Си јаде кашички и ме смирува тоа малку. Него мајкички што правите со вода? Мојава уста за вода не отвара а топло е и се поти мн ми е страв да не дехидрира.
Нормално е мајка не се секирај.Некогаш и кога и ги дигаш нозете може да те изненади. За црвено газе не ја бриши со влажни марамици. Само со вода и обавезно убаво ја суши. Еве јас овакви падсови користам кога e мочкана веќе 2 год.Ако имаш можност од дм треба да ги има. А кога кака од овие со водичка ги мокрам. Па бришшам со салфетки како за шминка малку подебели(не можев да ги симнам) Ако не па можеш и влажни да ги на чешма измиеш истискаш и така да побаш. Инаку за црвено мачкам Ќе се регулира каката уште малку ќе почне поретко да биде не се секирај.
Синчето мое првите месец-два не ждригнуваше после цицање, ама обавезно икаше. Чаре или малку да цицне или ќе си чекаш. Уште во волница правеше така и кога ги прашав сестрите ми рекоа да не се секирам ништо не му е на бебе. Мојот уште во стомак икаше многу и си продолжи откако се роди.
Ти благодарам, ќе ги купам овие од ДМ и јас ќе пробам така. Цела колекција имаме од Пенатен, но јас само пудра ставам. Влажните марамици ни се на минимум, секогаш ја подмивам, освен навечер, нејќам да ја расонувам па ги користам нив. Знам дека е нормално да е течно, но ова нејзиното како воднено е, ми се чини не беше така порано. Божем пазам се што јадам или може период е не знам, но прво дете и се ми е ново.
Истиот проблем го имавме и ние ,малата не да зајдува ,помодруваше дури , сега сме 2+ и се смалува тоа со тек на време не се секирај мајче ,се ќе биде во ред само не и дозволувај мн да плаче подкренувај ја , и нишкај ја ама со стомачето на раце да ти биде нас тоа ни помогна.