Ние ете сме поголемки од вас да речам и усте си се буди на толку време пример заспива кај 9,10 и се буди кај 1,2 па во 4,5 па после скоро на секој сати ипол се така до 10 па си станваме. Сега овје неколку дена ми се буди дури и на почесто за разлика кога беше помал па чекам на контрола да одам па да видиме како напредува П.с на цицање сме само.
Здраво мајки Јас сакам да прашам кои овошја и зеленчуци се даваат после 3 от месец(како кашички секако) сакам откако ке наполни 3 месеци на моето бебе да почнам да му давам кашички позз
Рано е за каши од 3 месец , после 4 месец се поЧнува со дохрана Некои даваат и од 6 месеци Колкаво е твоето?
Дали секој месец купувате нови д3 капки или го користите истото шишенце дури не го потрошите, педијатарот ми рече да купувам ново секој месец демек после еден месец немало исти ефект, ваши искуства и мислења?
I jas taka imam slusnato ama od majki,ne od pedijatar deka trebalo sekoj mesec novi da se zemaat.Na upatstvoto ne pisuva nisto...
Вигантол капките се менуваат на 4 недели, а Пливит се менуваат на 3 недели. Мене ова ми го кажаа и матичниот педијатар и ортопедот.
Mаченце и јас почнав од три месеци со кашички, и не се каам, многу ми беше лакомо детево и само млеко не го најадуваше. Значи прво почнав со кашичка од јаболко, па круша, па слива, банана. На почетокот давав по три-четири лажички само, и така давав од истата кашичка и во таа количина во следните три дена. После зимав нова кашичка (пр.круша) и истата постапка. Истото ова го правев и со сокчиња, од истиве овошја, на почеток по неколку голтчиња и постепено си зголемував. Со зеленчук почнав од 4 месеци, но до сега имам дадено само компир и морков, поединечно или заедно измешани.
Јас на син ми веќе 3 ден почнав да му давам микс кашичка од овошје, праска, круша, кајсија, банана и јаболко, ги ставам во блендер и се добива полна чинија овошна кашичка која син ми ја засака одма и си ја кркнува цела што посебно ми е мило, јас мислев дека нема воопшто добро да ни оди со кашичките ама овошните ни се изгледа предност, ги обожава. Инаку пробав и компир варен со морков ама не сака, пробува една две лажички и се врти после не сака , слабо зеленчукот ни оди. Насабајле кога станува пие млекце, после нареден оброк ни е млечна кашичка со ориз и ванила која исто така си ја јаде многу, ја обожава и неа, после пак млекце, нареден оброк овошна кашичка, па пак млекце па после еве зеленчук компир, тиквичка или морковче од која не ја јадеме баш и после пак млекце, ете таков ни е распоредот овие неколку денови. Друго што можам да пробам да му давам сега во 5 месец од зеленчук можете ли да ми кажете? Пробав тиквичка, морков и компир досега.
Vigantol kapkite se koristat eden mesec a plivitot neshto pomalku ama samo ako gi cuvate vo kutija i da ne stojat na sonceva svetlina.
Јас користев Пливит Д3 додека да се потроши шишенцето, со тоа што го чував во фрижидер. Инаку, ако се фрлаа после 3-4 недели од отворањето, ќе беше нагласено во упатството. Сум зборувала на оваа тема и со фармацевти, педијатри и ортопеди, фармацевтите тврдат дека капките се ефикасни додека има раствор во шишето (значи како што е наведено во упатството), а педијатрите и ортопедите се поделени. Како и да е, ако го чуваш како што е пропишано, нема зошто да се намалува дејството на растворот (освен ако не го чуваш на сонце). Каллиас, еден совет: после првото млеко наутро давај ја овошната каша, па млеко, па зеленчук, а млечните каши нека ви бидат вечерен оброк (покрај млекото), подолго ќе го држат навечер да спие. Препорачливо е овошјето да се дава наутро до пладне, ручекот да ви биде околу 13-14 часот и вечерата (млечна каша) околу 18-19 часот, може и подоцна, зависи од детето, кога станува, кога легнува. Вака полесно ќе ти биде да замениш оброци кога ќе почне да јаде повеќе цврста храна, односно, ќе можеш полесно да замениш појадок, ручек, вечера соодветно.
Mамички како сте со вртење на страна лево десно и исправање за седнување. Син ми досега само покажува екстремно исправување дури и вика ако не е исправен во 90 степени иако мислам дека сеуште е мал,а за вртење сеуште не се врти само главата лево десно.КАко е кај вас ?
Ние се вртиме многу многу, сам се врти на кревет кога е легнат, на грб не сака ич да лежи, се врти на лево или на десно и легнува на меше, се потпира на рачињата и ја крева главата и разгледува де лево де десно, ако има играчки на креветот се пружи да ги фати и ги става во уста директно, денес се пружаше по лаптопот и куцаше на него, хахах леле циркус е, ептен ме насмеа, се радуваше многу кога тропкаше со рачињата на тастатурата , ова се кога е на стомаче го прави, а за исправување се исправа кога го држам во раце, си ја држи главата и исправен си глетка лево десно. Ова син ми инаку го прави од 4 месец и не знам дали е рано или не
и ние постојано сме исправени јас викам како некое желче ми е, хехе само 2 прста да му подадаш и одма се крева и си седнува , дури забележувам почнува да е постабилен и може да седи сам по малку, а она што ние е ново веке 2 дена , е тоа што почнува да се крева на нозе, вчера кога се капевме јас го плакнам од сапуницта тој ми застанува на нозе, а исто и кога го креваме на нозе застанува и ние си уживаме по тастатурата да чепкаме, а како не ке уживаат , ние мајките сме по цело време на компјутеер, и сега а и во мешко додека беа , па познат им е звукот
Машала браво Ние само се вртиме и тоа не скроз, само од лева на десна, на меше ако се свртиме ќе се угушиме, зошто уште не знаеме да ја дигнеме главата. Од бебиња воопшто не сакаа да бидат свртени на меше еве и сега не сакаат. И ние дур сме во раце сме исправени желчиња со испружени јазичиња, ама кога сме легнати незнаеме да ја дигнеме главата. Нас за прв пат откако јадеме кашички ни се случи едното бебе да ни поврати и тоа обилно(скоро цела кашичка)Не правевме гримаси на гадење и сл, туку баш мерачки си ја кркна и ме исплаши кога ми поврати, дури и сам се исплаши.
сите деца се различни, ете некои се поеластични а некои потромави, ама се во свое време сите ке почнат да прават бељи, еххех а може се прејадило детенцето затоа ти повратило, овај мојов нема шанса да му дадеш повеке, ако не сака одма ја врти главата на лево на десно и крај нема веке јадење
Па и моиве ако не сакаат, затвора уста и со клешти неможеш да им отвориш, а сега убаво дури и сам се тегнеше за уште. Уф само раат да не е човек