дали сте забележале некогаш да му е жешка главата на бебето? а цело друго тело не.. :-/ кенкава е и се лигави, можно е да почнуваат забите (5+), ама ова со главава да не е нешто друго?
Бебињата ја регулираат својата телесна температура преку главата. Затоа може да биде потопла од останатиот дел од телото. При вадењето заби поради зголемената циркулација може главата да биде потопла од телото, ама и образите ќе бидат црвени.
37.1.. пред да измерам имаше водеста столица, кога и мерев излезе пак скоро само жолта вода малку, се рачуна ова како пролив? и jac бев/сум малку настината, можно е да ја имам префатено? носето исто и е ко затнато.. изгледа на здравје прва настинка
Мојава е многу склетџика и цело време си врие, па кога и да и измерам температура толку и е 37, 37,1... А нозете и се па мраз и како мокри, влажни цело време, чорапи не трпи и одма ги вади и ги фрла. Тука на фемина баш прочитав дека така преку нозе си се ладеле
дај Боже да не испадне ништо големо. тука утре не работат па отидов сега да ја видат, рекоа добро е, само повеќе цицање ради проливот, и евентуално ако не пие да следиме, да не дехидрира, тогаш треба да ја носиме на инфузија.
Може и забчиња да се мислам Сум слушнала дека и течна столица дури од заби имале бебиња, а пролив ако не е често, не е.. само потечна столица, пролив е кога е течно но многу често... секако следи си ја, но не е страшно не се грижи.
фала ти и на сите други! да, исто ми рекоа се додека не е на секој пола саат или слично и си цица ок, нема проблем. ајде ќе видиме што ќе биде) се ослободив малце
Девојчиња, едното бебче излезе од болница после 36 дена. Одма фати цице, е сеа ме загрижува нешто. Го хранев на 3 ч (исто и во болница), денес патронажната вика на 2ч и тоа интензивно. А оно цица и оп ќе ми заспие.. го будам, му стискам ама не може да издржиме 20мин, кома е и после убаво си нанка да речеме околу 3ч. Сабајле забележав беше плачливо и знам дека треба да јаде и се смири. А сега ми е жал да го будам толку брзо, прееска така напраив и поврати од претх јадење и малку цицаше ептен и пак заспа.. некој совет, дека предвремено и мало е уште и нез што да правам..?
@Bibi30 Добредојдовте дома. Што побрзо и со другото дома да се гушкате. Инаку научени се малите како роботчиња од болница на 3 саати јадење, треба време да се навикне на нова околина и мешето на ново млекце. Само треба да си почне да се адаптира на 2 часа штом доиш, ќе осети полесно млекце. Ние на адаптирано сме од старт па продолжив на 3 саати, па после менував. Обавезно по јадење исправен/покренат околу 20мин, зошто уште не е како треба развиен дигестивниот систем. Ние со рефлукс сме, знае и по саат и повеќе да врати млекце, па затоа и повеќе од 30мин. исправен на рамо по јадење го држиме, иако е веќе ждригнат, и спие под агол да му е главчето на повисоко. На почеток цело време само ќе јаде и спие и ништо друго, едвај вкупно околу 3-4 саати у денот буден беше мојов.
Мамички, имам две прашања. Доста читам тука дека им правите анализи на крв на бебињата. Јас живеам во странство и прашав за крвна слика пред вакцина, ми рекоа дека крвна слика на бебе по желба на мајка не се прави, само ако смета педијатар и тоа за нешто посериозно. Во МК правите самоиницијативно или по препорака на педијатар? Второто прашање ми е поврзано со одење на забар во текот на доење. Како и сите дијаспорци, летово во МК сакам да одам на забар, да поправам се што се расипа во бременост и размислувам и еден мост да ставам, но бидејки дојам, дали е компатибилна забна анастезија со доење?
Мами близнсчињава како да имаат некој секрет повремено ,на дишење како да има некоја препрека . Дали ги настинав или нешто се чистат 2-3 возраст?
Овде веќе сите педијатри даваат упат за к.с. пред вакцина, а и од самите диспанзери бараат (најчесто) пред вакцинација- не постара од 3 дена. Таму каде што не е таков случајот, самоиницијативно си прават родителите. Во странство стекнав впечаток дека не е таква праксата. За делов со стоматологот, не знам колкаво ти е бебчето но јас имав интервенција со локална анестезија и ми рекоа дека нема никаков проблем само 2 часа по анестезијата да не дојам. Моето тогаш имаше годинка па му давав каши а во меѓувреме два пати се одмолзив и фрлив.
Анестезијата нема ефект на доењето. Јас читав доста претходно, а истото после ми го потврди и @Annath. Јас одма доев по анестезијата.
Мами решив да ги прошетам бебињата по лад , ама сонцево пече ужасно уште во десет сабајле . Во едниот правец ми беа под сенка ама другиот не баш. Ми се прегреаја умрев од страв , колку беа топли. Ги соблеков дома, им дадов млекце после еден саат ги избањав и ги легнав. Ама многу сум потресена да не им направив нешто.