ме интересира ова со јадрата - дали се развиени тука во Германија проверуваат? и како се вика тоа знае ли некој скоро ќе одиме на U5 a тука как ортопед не се оди ако нема потреба, и си мислам дали да прашам ама не знам што
На u2 гледаат колкчињата. Упатуваат на ортопед само доколку има индикација за некој проблем. Посебен преглед нема.
Едно е да бљуцка по малку, друго е поголема количина да поврати. Може повеќе млеко си пие/пијат од лакомост, или не одговара млекото ако е вештачко или рефлукс.... Антирефлукс мерка е да ги држите бар 20-30 мин. исправени после јадење. Треба и консултација со педијатар. Со моево и по 20-30мин исправен, кога заспива по јадење на перница под агол спие да не се врати млекце, еве вакво: Гледам веќе дека со тек на време можам порано да го спуштам на рамно без да врати млекце.
точно, тоа ни го направија рекоа се е во ред. ама тука читам за развиени/не јадра, мислам дека тоа во 5/6 месец се гледа и е поврзано со седењето.. ама и сама не знам мислам тука секако се чека не се седнуваат туку сами само кога ќе можат?
Второ ехо за колкчињата нема, барем немало кај моиве три деца. При општите U прегледи се следи целокупниот развиток, па и тоа. Ги исправаат, тегнат, седнуваат, превртуваат... доколку има некоја индикација ќе пратат на специјалист. Ама за онака, за општа проверка, како што е македонија праксата, нема. На наредниот U пеглед прашај се што си во недоумица, ќе ти одговорат.
Еднаш во денот последниве денови откако зголемивме адаптирано количински и на поголемо растојание. Ги ставм и јас на косо импровизирано пошто двајцата дур ги додржам дошло време за јадење пак .
Може да се прејадуваат. Мешињата им се мали. Бебе до кај 5ти месец нема осет за доста. А сега маки со грчеви и гасови имаат можеби. Има шанси и да не им прија млекото. Ако доиш јас сум секогаш за да се намалува адаптираното, а зголемува бројот на подои (ако се гладни). Секако е најдобро консултација со лекар. Инаку моето повраќаше така од капките за грчеви. И тоа млазови сум се преплашила.
Дека пиша цела количина од 30мл. Ти пишале и другите за искуство. Нормално е по малку да блуцкаат, ама често и поголеми количини мислам треба со педијатат за се види.
Изгледа дека имам цревна инфекција,само сум на пролив ама малиов само ми дига ноџиња и прди а каката му е у ред жолто и густа понекогаш ама ова со гасовите се нервирам. Има грчеви па му давам Саб симплекс и колиеф ама со прдењето на крај не се излага. Помош.
Мајки, како вежбате движење на главче? Од кога треба да почне да го крева бебе главчето и да не му паѓа? Ние сме скоро 2,5 месеци и педијатарот ни кажа дека главчето му паѓа на бебче и треба да вежбаме. Не е малку рано? Инаку, ја ставаме на стомаче, си ја поткрева главата и ја врти од една на друга страна.
Од која позиција држеше глава без да му паѓа на еден месец? Јас моите многу слабо ги вежбам ми се чини . Мами користите ли антирефлукс перничиња?
Почесто оставај ги на стомак.Патронажната уште од 5тиот ден ми рече да го оставам на стомак по 15мин дневно
Od ispraveno. Isto i sin mi. Koga gi krevav mn retko ja potpirav glavata. Ke svrtev stranicno malku i gi krevav
Да, само ставање на стомак, нема друго. И зависи од детето, ако е помрзливо обавезно мора да се вежба. Јас веќе од кај месец дена ја оставам и да спие на стомак, прво со надзор но веќе нема гајле.