Сите бебиња се различни. Мојава после 3ти месец сама почна да ја држи главата, а секој ден скоро ја ставав на меше
До вчера имавме проблем со запек, значи и по 5 дена воопшто, а кога ќе се искакаше ептен тврда столицата. Синоќа дојдовме во Охрид. Сабајле без проблем си се искака нормално, без никакви потешкотии и нормално меко. Сега пролив, буквално водичка со шлајм. Плус конјуктивит првпат сабајлево му се појави. Вчера заборавив биогаиа да му дадам.
Ги скапав бананите чекајќи да узреат за да проба заради запекот. На мени ни беа само сливи, круши, праски... Сега да воведувам компир и сл? Можно ли е да е настинка, вирус...? Од памет се вадам. По пат му буткаше прсти во уста на кучето, се тегневме, па го преоблеков неколку пати дека испотен, а надвор ладно...
Плачат бе ,пола минута се мирни после пискање. Мини колку месеци сте и како со кучето? Мене ме умреа да сум ги дадела некое време.
Не се секирај. Колку толку. И синко до пред еден месец(инаку е 11+) не сакаше да чуе на стомак. Прво научи од стомак на грб да се врти само за да не е на меше. А глават а си ја држеше од два месеци цврста.
зашто да го дадеш? мојот растеше со куче .. прочистено вакцинирано редовно бањато миење нозе после прошетка и нема фрка.
Сирото дете, дома не е прибрано. Нонстоп мења клима па мислев дека не е до тоа ама се бива. Му дадов прееска компир, на цела мака се израдував што ќе проба и нешто друго освен сливи . 6+ (сега сфатив дека сум ја утнала темата ). Муабет “а што со кучето” имаше уште кога бев бремена. Единствено што се промени од тогаш е што му е забрането да се качува на спална. Кучето не беше дома само една недела додека бевме во болница за пораѓајот пошто нели немаше кој да го чува. Уште истиот ден кога си дојдовме барав да ми го донесат. Е сега пазев на почеток да не го лиже (после имаше период стана љубоморен па и кога го викав нејќеше да дојде), пазам и сега, пример нога да му лиже или ако е рака да го измијам одма. (вчера дека тесно у кола и немаше бегање, не можев да ги делам ). Бебе веќе разбира и ептен го сака, го гледа кога трча, игра, сака да го гали (штипе, бутка, клоца ), му бутка раце во уста, јас сум среќна што расте со куче. Не знам какво куче имате вие. Кај мајка ми имаме и германски овчар и невидена радост е кога го гледа, ама од него уште го држам од подалеку (не дека намерно, од радост може да му скокне и да го повреди). И многу ми е жал кога се шетаме и некое детенце ќе се израдува и ќе рече “еј мамо види куче “ а таа таква го влече... За држење главче гледам сте збореле и ставање на стомак. Мојот на стомак тек од 4 месеци почна да трпи по малку а главчето си го држеше цврсто уште на месец горе доле од држење во раце. Секое дете е различно, не се оптеретувајте. Мене Иванка лом ме направи што не сум го ставала на стомак, ако плачел, требало. Па купив коцки за на под, играчки на сите страни и почна да сака.
Јас периодот пред да се породам го ѓжмолев маж ми да не дозволи да ми го земат многу го сакам . Не давам да го лиже ама му давам да го душне да не е љубоморно. Живо радосно куче е кога идеме да шетаме заедно или во парк . Во кола кучето седи напред јас позади со децата. Иначе мало по раст е и мешанче ,старо 13 години. Имам робот
Nas ni rekoa da vezbame na stomak uste na peviot pregled kaj pedijatar ( prva nedela) ama bebe placese sekogas na taa pozicija, pa priznavam ne bevme mnogu uporni. Glavceto pocna da si go drzi na 4+.
Мојот е од прага марка неато 700 еур со команди од телефон а тука знам дека беа нешто поедноставна варијанта .
Моево бебе дига и држи врат од 3 ден. Во последно време приметувам дека му е досадно да лежи ои кога го местам во седечка позиција не плаче. Пред малку го ставив да седи потпрено на 2 перници, не плачеше. Дали е нормално? Има скоро 2 месеци ама многу е јако.