Може ептен јако да ти се чини, ама тоа грпче не е спремно за седење. На 4 месеци полни може под 45 степени, ама на 2 месеци да седи потпрено е прерано. Ако само станува, да, во ред е, ама ти да го "седиш", не.
Женски дали е нормално одеднаш овие 2 дена од 1 кака на ден, одеднаш по 3 на ден? Таа една беше зелена, овие жолти и полигави, а уште прима железо, треба ваљда да се зелени. Баш прееска прв пат додека јадеше гласно му искркореа цревцата и за 2 секунди се испразни, наполни пелена. Исто млеко веќе 3 недели го користиме. Да не е зошто почна повеќе да се лигави и плус повеќе почна да јаде. Одеднаш од 640-650мл на ден почна да јаде по 700-720. Одма ја со црни мисли дијареа да не е. Првите 2 месеца со запек беше суви брбушки, па зелена кака.. не знам што е нормално. Ебате муабетот, до каки дојдов да прашувам. Ќе следам уште ден два, па ќе прашам и лекар, ќе однесам фотосесија од каки, а може и примерок у живо, до толку сум будала.
Мислам дека е нормално. "Нормалната" кака е златно жолта. Железото кај е незнам, може со првата го искакал. Пролив е ако повеќе од три пати се искака за 1час. А какање по секој оброк не е пролив. Фотосесија и јас сум правела. И добро што сум ја направила, кога отидовме на лекар пресудна беше. Како расте ќе менуваа. Повеќе млеко пие, повеќе има да искака. Мислам немаш простор за грижа.
Супер си е, не му ја мисли. Некогаш еднаш некогаш ниеднаш некогаш три пати. И моево вчера и денес по три пати кака, баш жолто, а предходно зелено беше. Обично кога какало преку еден ден, па и ако има растојание повеќе од 24 часа, било зелено. Кога кака секој ден, втората и третата кака се веќе жолти, течни, а првата често е зелена на пример. Исто и како лигаво низ каката е нормално. Мрсулчиња се изгледа. Мене ми делува најнормално ова што го кажа. Со сите три исто било кај моиве.
@DuchessAnn абе јас не обрнувам изгледа многу внимание. Следам, ама ако е драстично различно реагирам. Мојава какаше на 7-9 дена до кај 4-5 месеци. Со хранава зачести. И тогаш масовно какаше. Штом е златна, не гледам натаму. Била и густа и ретка и леплива.... си мислам ок е, така треба. Сум реагирала на зелена, да. Може не правам како што треба. Шознам.
Абе не знам изгледа што е нормално. Одеднаш смени затоа паники. Денес 2 пати, златно пудинг ситуација со зрнца и со лигаво, се исто како вчера, и боја и конзистенција и брзина кљок кљок цревца и празнење за 2 секунди. Многу чудно ми дојде, плус кај оди железото по 10 капки, дали се абсорбирало кака не е зелена? Абе чим ми пуни пелени и мочки, јаде машала, да не му се секирам. Ќе си следам ситуација. Фала ви многу.
Мојот првите 4-5 месеци секој подој какаше. Значи многу често. Знаеше дури и на пресоблакање да се искака, ама дека ретка и одеднаш исфрлаше се случуваше да не направи и нас лом. Ако е жолта и не е неколку пати во саат немаш место за грижи. Му се разработеле цревцата. Синко и ден денес кака два-три пати на ден, само сега со структура и варира боја во зависност од храната што ја конзумирал. Затоа е шланг, манИкен на мајка. 11+ и денес мерен 7200.
Мали сме 4 месеца и 5 дена, а скоро 2 месеца корегирана возраст (прематурче сме). @Ano Ако е манекен, што убав метаболизам ќе си има се ќе може да јаде да не му се лепи
Мами на едниот бебуш внатре во газето има ранички како изгребано. Вчера ништо немаше денес што ќе видам . Кога се многу какани ги мијам иначе со влажна марамица ги пребришувам . Што може д биде?
Темава на муабет ме инспирира за прашањево . Можно ли е хемороид да има? Има нешто такво, така ми личи, веќе подолго време. Се заборавам да прашам на педијатар.