знам зависи од секои пелени ама да ве прашам на колку кг отприлика почнавте со пелени бр. 4? си мислам да не и се мали и пелените, има 7600г и уште и ставам тројка (4-9кг)..
Да зависи од пелените.Пробај купи 4ка ќе видиш кога ќе ја ставиш.Јас мислам дека почнав со 4ка кога имаше 7600 , ако не и малце порано.
Mamicki zdravo, mojata kerkicka ima 1 mesec I 6 dena. Do pred dva dena imase kristalno lice I naednas crveni bruncinja so beli vrvovi niz celoto lice, zalno za gledanje.Vase iskustvo dali e normalno do Sega ja mieme samo so bekutan sapun
Ќе се среди. И мое бебе беше така тој период. Ја мачкав во еозин. За некој ден комплетно и се исчисти. Исто не давав да ја држат во раце, а ако ја држат обавезно со чиста тетра доле.
Зависи од колку почнува 4ката.Јас користам памперс премиум и со 4ка (8-14кг) почнав кога беше скоро 8кг. Обично купувам поголеми и пробувам, ако гледам дека се големи купувам пак од помалите и таман додека се потроши паковањето поголемите ќе му бидат точни.
Јас ги користев 5 дена и толку му се исчисти скроз устенцето така да се зависи. Докторката ми рече се додека не се исчисти
И на моето бебе му се појавија тој период и сега постепено ги снемува. Јас ништо не ставав на почетокот бидејќи не знаев со што да мачкам. Потоа мачкав FrezyDerm baby perioral, по препорака од педијатар, но немаше ефект и прекинав. Сами од себе се повлекуваат, има уште по некое. @kukla21 Што е Еозин? Помогна?
Јас користам 4ка уште кога беше околу 6,500 . 3ката ептен го стегаа. Сменив за проба и продолжив. 8кг уште нема.
Благ дезинфициенс. Црвена течност. Мене Станка ми велеше да мачкам да не се шират. Кратко имаше и помина. Некои ништо не мачкаат и пак поминуваат
@KidA јас користам 4-ка уште одамна, сега бебе има 7.800. 6кг и нешто имаше кога почнав да ги користам, покомотни и беа за летово таман, да не ја стегаат. Сега и се точни.
Мајки кога почнаа самостојно да седат вашите малечки? Малото е 6+ и нити седи нити стои само. Почнав да го ставам во дубак но неколку минути седи па плаче и го дигам. Гледам негова врсничка исто се родени стои на нозе па реков да ве прашам за мислење
Девојки, нез каде да го ставам прашањево.. уште при излез од болница (пред 2 нед) кај едново близначе приметивме црвенило на челото во форма на триаголник. Не е испакнато само црвено и кога ќе плаче уште повеќе се приметува. Матичната ни рече било хемагиом, да не го мачкаме ќе поминело... е сеа ја почнав да читам за тоа и цела во паники сум.. сакам на кожен да го носам, само мн е мало не верувам неш да му дадат (плус читам ниш не помагало).. има ли некоја мајка искуство со ова? Благодарам
Може женските се понапредни од машките, ама 6 месеци според мене рано е за стоење. Моето е 9+ па сега почна да се подига. И за седење не форсирај и не споредувај Јас во дубак не го ставав/ставам и не планирам. Пс: Кај мене мислам дека стабилно почна да седи помегу 6-7 месеци, а девојчето што се роди со моето бебе одамна седеше. Таа сега и оди со држење а мојот абер нема, но не се замарам
@Bibi30 и мојата се роди со таков црвен белег ко петокрака на челото, а имаше и на тилот и на главчето. На почетокот мн беа црвени, ама др ми рече дека до година ќе исчезнат. Еве сега на 6 месеци не се ни приметува, избледено е многу, и верувам со време ќе го снема скроз. Само од жешко и кога плаче се познава повеќе, ама пак не е црвено ко што беше. Ништо не се мачка, тоа е вид на белег и ќе избледи сам по себе. И јас и брат ми сме имале ко бебиња па ни трага нема ден денес
Да да заборавив да пишам дека и на тилот има... Баш како петокрака, се надевам да исчезне пошо со читањево мое по нет нез до кај стигнав и мн се уплашив.. ти благодарам, ми олесни малку
Едното близначе има на мешето, наследство од татко му(има на дланката). Палчевска ни даде капки за очи кои намалуваат притисок ама не помагаат многу и како што рече докторката дека очњкува ,навистина расне. Мж ми го оперирал два пати, не е опасно ама не е убаво. Може да се изгуби а може ќе остане. Воопшто немам проблем со тоа.
Ама ова не е белег, ова е црвенило, кое (како што читав) мож да се појави кај предвремено родени и со ниска тежина.. ние никој немаме таков белег, и јас првично се исплашив да не е белег... ќе видиме, ќе одам на уште мислења, чисто да кажат што е што..
@Bibi30 точно знам на што мислиш, ти кажав и ќерка ми има. Тоа што ти пиша @kostarika е друго, тоа е како израсток, од крвни садови се состои и расте како што расте бебето. Тоа што го има твоето не е исто, само црвенило е, белег ко што ти реков. Не се секирај, ништо страшно не е, ќе исчезне со тек на време
@Bibi30 и бебе мое има и петокрака и теријаголниче на чело, порано повеќе се приметуваше, сега е 8+ и ептен е избледено, ни кога плаче не се познава повеќе. Нормално е, не е белег, не е нешто што ќе остане, ќе се изгуби со тек на време и нема ни да приметиш кога