Бебуш е 13 дена, 2 дена нема какано. Цица на саат/саат и пол, по еднаш барем во ден и давам по 30мл ад, и небива и небива. Ги грчи ноџињата, плаче хистерично, не знам дали се грчеви или ради тоа што не може да се искака. Како да и помогнам? Она плаче и јас со неа
За доени дечиња нормално е да не какаат и до 10 дена. Тоа што плаче може да е од грчеви. Даваш нешто? Цел ден е ова или навечер?
Не давам не мислев толку рано дека ќе почнат. Немам ништо дома,утре ќе земам капки некои. Навечер е мирна преку ден е ова, од вчера почна вака
Па ништо не ми кажаа, пред 3 дена бевме на контрола. Да знаев оти на своја рака смеам да давам од прв ден ќе и давав :/ Имам компот од црни сливи, ама со малку шеќер е варен, да го пијам за да кака (и јас 2 дена како и неа не сум била во вц) или од суви сливи да направам?
Кај Фидановски ја однесов некна, требаше кај палчевска ама не беше таму па он не прими. Само ми кажа грав да избегнувам и толкуу, нит за пробиотик кажа ништо, нити за грчевите општо, како да се справам..
Чудно он ме испушти од болница и ми кажа пробиотик да давам. Ние од одма дававме. Изумил гарант. Неделава пак ќе одиш. Прашај си.
Нашите грчеви почнаа веднаш кога се вратив од болница, шестиот ден. Земете си некои капки против грчеви, ставајте теемофорче на меше, и утеха-што почесто на цице.
@duffi Има ли ограничување колку да се пие? Испив една тегла, мене ми олесни одма по втората чаша се надевам и кај неа вака ќе делува
прави сѐ да ја средиш твојата столица, преку тоа ќе му помогнеш и на бебето. види што ти делува, освен компот од црни сливи може и едно киви на гладно на сабајле, мелено ленено семе со јогурт..
Не,пиј колку сакаш и можеш. Јас варев големо тенџере со суви сливи и го пиев преку цел ден. Исто супа со лажиче масло варена помагаше на бебуш. Обавезно и супе јадев чинија-две.