Јас и варевнп неколу зрна ким со прстпфат шеќер по неколку лајчиња превентивно и давав.Мн ми помогна, грчеви имаше само 2 дена...
За утеха ми е, фала ти. Во должина тогаш како напредувавте? Ќе бидам истрајна, морам уште еден месец, а потоа ќе почнеме со вкусови и постепено со дохрана. На момент помислив да го вратам шишето, но сепак ќе продолжам само со доење.
И во должина и во тежина напредуваше. Немаше проблем, ама јас се плашев пустото. Пробај да најдеш позиција која ќе ја сака. Кај мокава палеше да атојам над неа со цице и да цица ко од шишенце. Така ем цицаше, ем гледаше се наоколу.
Ве молам за совет моево синче утре полни 7 месеци и сеуште не седи самостојно имам ли причина за загриженост инаку е многу активен и цврст ама едноставно штом го ставам да седне с свлечкува во лежечка положба. На меше свртен стои но сам уште не се врти. Се има свртено два три пати значи знае ама како да го мрзи. Не ни лази за педијатарот е нормално се што кажав. Ваши искуства?
Сам треба да се труди да седне, не ти да го седнуваш. Не се секирај, штом е активен и се врти, ќе почне да седи за брзо и да лази.
Фала на совет а баш сум загрижена негови врсници веке одамна седат знам дека секое дете посебна приказна ама мајка што да правам
Воопшто немој да се грижиш. Сите се различни и се во свое време. Моето не сакаше на меше, плачеше а сега само на меше сака,сам се врти, денес почна и да лази а јас се грижњв зошто девојчето што се роди со него лази уште пред месец дена. Се ќе си прават, некое порано некое подоцна Пс: Моето на 7 месеци најмногу сакаше мислам во раце да е сега обожава на земја и сам си фрла играчки па се пушта по нив да ги земе
Синко е за некој ден годинка и не лази. Есноставни детето е такво. Седи стабилно, се исправа, прави чекорчиња држејќи се, ама за лазење желба никогаш не изразил. Внук ми исто никогаш не пролазе, а како стапна да оди, постабилно дете не сум видела. Не се секирајте. Битно оставајте дете само да вежба и се ќе биде во ред.
Мајка ми како што вели јас никогаш не сум лазела. Сум проодела после годинка, на 13-14 м, тек тогаш сум почнала и да лазам.
Да го поткревам за рачињата или скрос сам да се тегне по играчиња. Ми се чини сам никогаш нема да стане ако не го поткренам
Треба да пробаш. Во принцип не треба да се лишуваш од ниту една храна, само ако приметиш дека нешто му смета на бебуш. Со првото дете не јадев само грав и зелка првите 3 месеци, а со второво приметив реакција на лубеница и на боранија. Па така си ги отпишав сите мешункасти јадења
Не е алерген, сите мешунки создаваат гасови па затоа се потешки за бебешко меше. По овој редослед би требало да се воведуваат (веројатно според тоа која мешунка е полесна за стомак): 1. Грашок (на 8 месеци) 2. Боранија (на 8-9 месеци) 3. Црвена леќа (на 9 месеци) 4. Кафеава леќа и грав (после годинка). Вака беше нашата табела пред 3 години.
Фидановски.. Зелка и мешунки не. И уште една педијатарка истово го кажа, таа што ја избрав за матична. Можеби нема се да прави грчеви ама многу внимавам, претежно протеини јадам.
Јас дадов се на 7+. Бебе гајле нема. Леќа обожава. @Kitten многу рестриктивна табелава бре. Што ќе јаде бебе до 9+?