И знаете што прават овие дечиња на родендени?! Се кријат и крадат од се што им е забрането дома. И не дај боже ќе се фатат за нешто непробано или недај боже на кое се алергични
Имам ваков пример кај мм во фамилија. Детето е некои 5,6 години веќе. Кај нас на свадба повраќало од што се набутало што стигне. И сргде така прави кога мајка му не го гледа. Во саат руча, во саат пие сок, вода итн
Жени, кога е првиот скок во развој? 21 ден сме, 3 саати више цица со одмор од по 5мин, а се тргнам вришти.. Скок ли ќе да е ова? Не спие, плаче и раце шмука цел ден, до вц немам отидено
Да те ,,утешам,, скок е. Ама мене секоја промена до денес ми е скок или сега нај ново-заби. А едноставно и они си имаат секакви денови и лоши и арни.
Фала Дафи, баш ми е утеха Со саати цицање се искосив да не е гладна..дадов ад и се успа, и пак се искосив оти дадов, оти ќе го исфрламе полека. Ама касно ми текна оти скок ќе да е. И сеа не се косам, ќе си цицаме 24 чим ваква е работава *Која е апликацијава?
Мајки ми треба совет/искуство. Малава има 10 недели. На секое чичање/пиење АД го повраќа млекото. Не и е вишок поради тоа што пак плаче од глад.
@duffi @Среќичка Фала ви за информација. Ќе закажам кај матичната. Се надевам ќе има подобрение со АП формула.
Феминки драги, ве молам да споделите искуства со носење на бебе на плажа: што треба да земам со мене, дали да земам лежалка-столче, на што да внимавам? Однапред ви благодарам
На плажа можеш да ја носиш во транспортер. Е ќе внимавате на сонцето само, да не изгори нежна им е кожата.
Девојки едно прашање - дали е во ред на бебе да се гледа како пулсира фонтанелата? Се плашам да не и фалат течности, инаку секоја пелена е полна и тешка
и мене ми рекоа дека е нормално, често и пулсира на моето.. ми рекоа за дехидрираност да се проверува на мешето да му ja потегнеш кожата нагоре, ако е еластична и веднаш се враќа во форма тогаш си е во ред. и пелените секако
И после оброк минимум 20 минути држи го исправено. Без разлика кога ќе ждригне. Фонтанелата пулсира и од вознемиреност, возбуда, љубов