Синко од прв ден дома преташе и се превртуваше многу. Ова се во сон правеше. Најверојатно веќе се големи и сакаат да се поактивни. Ќе си заспијат кога ќе се уморни. Пробај пиштај им приспивна музика или бели звуци
Душички мали, нека си претаат. Наскоро уште повеќе ќе претаат и ќе се поместуваат, ќе креваат газе. Ќе ги наоѓаш во друга позиција во креветче.
Јас мојава со тетра смотана (лабаво, во тријаголник, само на рамената, рацете фатени) ја легнував, дур да заспие. После ја тргав тетрата. Се плашат сами од себе од што мрдаат.
Едниот ми трпа повивање а другиот не , и тоа треба да ги стегнам иначе бутаат со рацете и за секунда се ослободиле .
Пак јас... Само што дојдовме од контрола. Прва контрола - 1 недела од испис. Сме качиле 560гр. Докторот ја пофали одамна рече не видел ваква бројка. Имаше гурелка на едното окце, па ни даде едни марамчиња да ја бришеме. Рече икање, кивање - се дека е нормално. Рече бебе е супер и се дека е супер. Е сеа, јас, тазе мама - мислам дека видов и мрсул од носето (може да беше и кожа од што се лупи) Можно ли е дете од 10 дена да настине? Од што би настинала? И како би се лечело? Бебе е супер, весело, јаде, спие, прета, не е плачка.
Ако е зелен може да има бактерија. Кај нас прво окцето па носето фати бактерија , малку поголемко од твоето беше.
Мене во систина кога ми покажуваа бањање испадна мрсулче. И сестрата ми рече да не пикам ништо во носе за да ги извадам а ќе паѓаат на бањање. Моите имаат мрсулчиња редовно. И еве два месеци не се разболени. Жената што ми помага вика дека се чистеле од внатре.
Охооо браво за женската, гоооолема да расте, супер напредувате Мојата има и гурелки и мрсули, и се си е тоа нормално ми рекоа. Хрчи од мрсулите некогаш па и ги вадам со аспиратор.На секое бањање вади по некое. Гурелчињата само со газа и ги бришам,ништо не ставам. Не е настинка,сигурно ја преслушале на гради и чим не ти рекле ништо-не е ништо, без гајле.
Фала на одговорите. @Mimmi39 @kostarika @Chanell* @eli25 Не беше зелено. Ја преслушаа на гради, да. Супер беше. Хрчиме и ние ама ништо не вадам никако. Кога почнавте со пробиотик ако сте почнале? Превентивно или од кога почнаа грчеви?
Си го барав постов па само ќе го цитирам.. Значи вакви ампули користев, редовно му ставав во носе по некоја капка и очињата ги пребришував, натопував газичка и поминував. Еднаш само помини со истата газа, ако сакаш уште еднаш со нова газа. И очиња се чистат од внатре кон надвор или од кај носот па натака, ваљда ти кажале, обратно не.
Јас превентивно од кај втора недела негде почнав. За носето солена вода капки исто ставам, после бањање најчесто. Кога не ги вади со кивање ги вадам јас, ама не често за да не и оштетам некој капилар па со многу влечење. Одма е повесела кога ќе и ги исчистам.
@kostarika моево е зимско бебе, можев да го мотам. А за твоиве и мене би ми било жал на ова топло да ги мотам.
Ма цел ден и ноќ сме на клима , отвараме на кратко да проветриме само ама викаат не сакаат да се врзани.кога ќе извадат некое раче викаат на цел глас.
Мами едново бебе ми иде да го вратам од кај што го земав . Цел ден да се дере, пред јадење,за време на јадење, по јадење, за време на шетање, едвај заспива ужасно е. Не се грчи за да го боли стомачето. Прекинува кога е во раце. Што може да му е?