@emkaemka исто ,рутината од раѓање треба да се знае . Бањање па успивање . И какво е тоа шетање после 21 ч Се знае бебе кога треба да спие . И деновите кога не го бањаме си знае кај 9 и нешто млеко си чека и заспива . Спие цела вечер уште од мал .
Не го бањам ни јас секој ден, но газ миење, нозе, лице, раце, пресоблекување исто е знак за креветац И мене ме занима каде се шета бебе по 21ч
Моето бебе кога ќе се стемни не седи во количка, се плаши. Обично кога се прибираме накај/по 20ч си го носам во рака.
Јас ја шетам после бањање. Ја бањам околу 6,7 попладне, во 8 излеземе и на враќање во колата заспие околу 10 часот.
Извинете штo упaѓaм вo муaбет. Ме интересирa кoлку ви се стaри бебињaтa и oд кoгa пoчнaвте ред дa вoведувaте кaј нив. Ние сме мн мaли и уште не сме фaтиле ред, aмa дa си прaшa мaјкa дa знaе пишувaте вo 9 вo кревет...сaми зaспивaaт или нa цице? Кaкoв е редoт и ритуaлoт...фaлa
Ме интересира како приготвувате кашички?Дали користите блендер,пасатор? Гледам се продаваат некои апарати за подготовка на храната,дали вреди да се купи такво нешто?
Па уште од одма . Секоја вечер во исто време бањање ,пример во 8 ,после тоа млекце или цицање зависи на што сте и нишкање во раце да заспие . Полека полека ќе си фати ред самото ќе си знае што следува . Бебињата сакаат рутина . Моето е веќе големо 13 месеци е . Имало исклучоци поради заби ,скокови и сл да не може да заспие и до 12 или да се буди често .
Сега е посвежо покасно , вртиме кругчиња со количката. Отсекигаш сме пешачеле навечер и сега тераме секој ден. Бебињата и сабајле и вечер а со маж ми и бебињата вечер само.
@emkaemka хормонот за спиење се лачи од 7 навечер до 5 сабајле го нема веќе. Значи природно е тогаш да спијат децата. И ние сме дома рано. Има дана за мегдана. Ред на бебе не реметам
Го шетав малиша околу 20 кога заспиваше во количка и не му сметаше ништо, во денови за небањање. Ќе заспаше во количката , топ не го буди, од количка во кревет. Обични низ парк правевме кругче и дома. Сега не сака да спие во количка. Па не се ни обидувам. Околу 19 часот му следува капење, пие млеко и се нишкаме 15-20мин да заспие. Кога е ептен уморен , знае и во 19:30 веќе да спие. Ред немаше до 3ти месец. Околу трети се среди ноќното спиење. До 18часот најкасно му се денските дремки. Повеќе не. И да заспие 10мин и будам. На почеток неколку ноќи знаеше да заспие во 20 часот, и да се разбуди за саат, саат ипол. Го зимам нишкам да презаспие. Вака фати ред за заспивање рано.
Викате од одма ред... Јас пробувам да држам некој ред во поглед на бањање во исто време... Другово до сега... Секој ден различно и тоа како главнава ќе каже. Еден ден ми спие како по книга. Друг плаче цело време додека треба да спие. Ред нема. Една ноќ спие, следна не спие... Има време за ред... Пробувам и од сега ама тешко иде...
Не можеш ти да ставиш ред, бебе само ќе си стави ред. Јас сакав да заспива порано од 01 по полноќ ама таа не сакаше и точка, дури и плачеше ако пробував да ја успијам или изгасам светло. Од пред некое време почна сама да си заспива во 22.
Од прв ден дома се ја стварав рутината. Се знаеше дека после бањања е гушкање исклучиво во спална, цицање и заспиваше. 12+ е и ден денес исто си тераме. Само во почетокот беше кома во 19:30, сега издржува до 21:00. И јас сметам дека е битно е да се знае дека после бањање/ миење следи спиење, а не шетање.
Јас шетам бебе во 21 часот! Најчесто во 20 излегуваме (тогаш и ММ е дома па е време за сите заедно да прошетаме), најкасно 22 сме дома, јаде бебо кашичка, бањам и легнуваме во 23. Спие до другио ден до11 - 12 , се буди за цицање, некогаш поретко а некогаш почесто. Лето е, нам најпријатно ни е тој период да се шетаме... Во 18 ми е уште жешко, плус сакам фамилијарно сите заедно да шетаме па го чекаме тати. Да не ли ги шетат децата тие што се втора смена до 20 на работа?!?! Нема шетање, хормонот ќе се пропушти. Од септември дадата оди во градинка па ќе намалиме со шеткање оти порано ќе се легнува (се надевам) , порано од 22 никако, ноќни птици сме ние, и кога седиме дома пак касно легнуваме. Ама за бебо секако ќе се потрудам да му поместам ред за час - два, барем во 22 веќе да спие, зимски режим !
Втора смена завршува во 22 најчесто. Зарњм во 23 да носат дете на шетање?! Тебе може ти одговара, ама за мене нема ништо ок бебе да станува во 12 на пладне.
Во 22ч јаде каша?! @snegulkata Мене оваа шема на бебе ми одговара, да легнува во 20ч и станува во 8ч, сметам дека редот му е убав, да лето е и пред кокошки си легнува ама за во зима ќе биде полн погодок Туку веќе спие бебе, до 19.15ч некако издржа и кома! И се шеташе денес едно 4ри саати беше надвор, не е дека седи само по соби
Да, така е! за станувањето на пладне сум согласна... ама сака да спие и спие до тогаш дури и кога легнала порано. Секое бебе своја приказна. Но за шетањето во 21, лето, баш во период кога се е раздвижено и пријатно за шеткање ич не ми е чудно и сосем ми е ОК да си излезам на прошетка со бебо. Јас работам до 20 втора смена! @emkaemka Впглавном во 22 јаде вечера, саат време пред да спие и после вечера цица!