@Golden7 Да ќе го будиш на 3 сати обавезно,ќе направиш 60мл. млеко и колку му се пие толку ќе си испие. Некогаш ќе испие по малку а некогаш ќе ти побара и повеќе. Моево првиот месец на 2 часа ми се будеше. Сега е 2 и пол месеци и уште со цуцлата се бориме, заспива строго со цуцле и морам да и ја држам додека цврсто не заспие оти ако и падне одма се буди и не да плаче вреска. Исто и со заспивањето, само в раце заспива цврсто, по некогаш и по 2/3 часа ја држам на мене и веќе пак дошло време да јади, и и давам млеко во спиење ич не чекам да се разбуди,ја пресоблекувам ако има потреба и дури после ја преместувам в креветче. Тебе со две јака ти душа,ама и ти ќе се навикнеш, од кај 6/7 недели би требало да ти е по лесно. Дали ги повиваш за спиење? Повиени стегнати по убаво спијаат,не мора скроз да се повиени може и само од под мишки надолу.
Откажи се од спиење засекогаш. се зезам. Тазе мајка си, те разбирам. Јас не знаев кај сум две недели откако се породив. Може да ти дадам совет само да спиеш кога бебе спие. Јади убаво и пиј течности. Намести се убаво со перници околу тебе, косо од половина нагоре, полуседната. Земи бебе на гради. Ем тоа ќе спие мирно, ем ти дреми. Јас се оркажав од спиење и сфатив дека ќе сум вечно ненаспана, како сите мајки. А, и не му е до цуцлата, тебе те бара. Давај му да цица, на 5 минути, на 10, на колку сака. Моево цел ден висеше.
Ох маки... Еве го в раце ми е страв ми е да го помрднам. А ако осетите бебе да кака вака во ниедно време одма пресоблелувате? На болница знам на 3 саати им менуваат..нз дали така да продолжам
Каки да одма пресоблекување оти од каките се вцрвенува газето и боли, мочана пелена зависи колку е полна.
@Golden7 Доено бебе цица на 2 саати, тие на вештачко на 3 саати. Првите 40 дена обавезно ќе го будиш. А не ли сте сеуште во болница? Таму сестрите си имаат ред на давање млеко, а ти уште веднаш почни што почесто да го ставаш на дојки за да влече и да стимулира да надојде млеко. За 2-3 дена веќе да си немаш мака и да не се замараш со давање Нан
@Golden7 ќе си одиш на мерење првите недели и ќе те советуваат дали да го будиш бебето. Мене по 3тата недела (мислам) ми рекоа да не ја будам на 3ч. И не ја будев.
Мене не ми кажаа ништо, а јас не ни прашав оти сама си стануваше на 3 саати. Сега сме 7 недели и последнава недела навечер почна да врзува и по 4-5 саати, ја оставив неколку пати и синоќа ја разбудив и со маж ми се искаравме сум го малтретирала бебето. Еве пишав на педијатар за беља ја нема никаде да одговори.
Ќерка ми има врзан сон од 8-9 часа. Никогаш не ја будам за да јаде. И давам кога ќе побара. Супер се развива до сега. Има 3 месеци.
@Golden7 Јас го будев обавезно на 2часа дека фативме жолтица и ми рекоа обавезно да го будам да цица ми беше многу жал ама морав и ете го сега веќе си се буди сам на 2/3 часа си бара цице...
Убаво ти рекол маж ти. Нека нана бебе. Ако убаво напредува навечер НЕ треба да јаде. Ноќта е за спиење за сите, па и за бебе.
Мене уште на 1 недела ми рекоа да не ја будам веќе. Па си поспивав и ја. Се будите во текот на ноќта да се измолзете?
Молзи се. Ако убаво напредува не ја буди. Ќе и стане навика, ќе се буди без разлика дали е гладна или не.
Јас ја будев до 1 месец, а потоа ја оставав (така ни беше кажано од педијатар). Но, бидејќи тогаш беше на комбинирано хранење (доење+одмолзено млекце), јас станував ноќе за да и соберам тазе млекце. . Односно, одмолзував на секои 3 часа се до моментот кога останавме само на доење. Тогаш прекинав и со одмолзување. Ти следи ситуација на градите и сама процени дали треба или не одмолзување. Мој совет би бил да одмолзуваш ако имаш многу млеко и да замрзнуваш, таман ќе имаш за кашички подоцна.
Па не би тогаш,затоа што лактацијата е точна како саат , кога цицале претходно и денес тогаш ќе надојде млеко. Комбинирано хранење е со формула а не со одмолзено.
Јас станувам за одмолзување но кога сум преполнета. Ако не цицала повеќе од 6-7 саати ептен сум Памела Андерсон
Да, но мислев на начинот, доење+шише. Сепак е комбинирано (барем за мене). затоа објаснив во заграда.