Бебка нема какано една недела, што да превземам? А прди и смрди како кај возрасен. Да земам пробиотик? Јас и сок од варени сливи пијам, и суви сливи јадам редовно, јогурт... Незнам ова дали воопшто има ефект преку млекото.
Нешто има што не какаат бебињава. И неколку пријателки ми се пожалија. Ние сме 14 дена стари (11 дена дома) само 4-5 пати имаме какано.
Сега читам ако се само на доење нормално било и до 10 дена да не какаат. Пробиотик е убаво и за тоа што има гасови, јас и давам на мојава.
Мојава до три месеци еднаш во неделата какаше. Доена. Ми рекоа до две недели не е страшно. Но, педијатар ми рече до 10 дена ако не се искака стај микро клизма. Од искуство да ти кажам, после 7-8 дена ако почне да кенка, го боли меше, е нерасположено, стави чепче. Има едни глико-лакс. Нека се олесни дете. Гревчиња се да се мачат. По недела дена отрови во меше.
Јас пробиотик давав секој ден без престан. Јадев во главно течна храна и чај за доилки се долевав. Дунде беше и остана какач
Знам дека до 10 дена е нормално да не кака, но ја гледам денес е веќе нервозна и напиња. Провен смеам кај три месечно? Тоа имам дома, ама не ми се свиѓа што треба да го растварам па да давам вода/чај. Читам повеќето даваат Био гаја ама не најдов во Зегин. Тој исто ли е прашок?
Од старт давав, а и сеуште иако се големи, давам провен. Има еден за бебиња и еден за дечиња 1+. Презадоволна.
@Kitten во мк има провен само за formula fed babies. Но, иако е само на мајчино, јас таков давам. Има разлика. Порано био гаја давав, ко да не давав ми се чини. Види на детето што му одговара. Имаш и некои ваја лгг, линекс, нормиа, про лајф...
Понудете начин и решение за болни брадавици Бебе научи да цица КОНЕЧНО ама прееска од што беше изгладнета изгледа не фати убаво, само брадавицата ја шмукаше можеби една минута, плачев додека ја тргав од мене, страшна болка беше тоа. Мачкав ланолин ама боли и боли, како да понудам сега пак да цица коа не се трпи? Раничка ќе ми се направи мислам, имам една точка виолетово е дури. Од страв од болка понудив шишето пак, мислам крв ќе почнеше да тече До вчера левата болеше, денес деснава.. А градите полни
Мора да и ја ставеш и ареолата во уста, иначе ќе те боли. На почеток боли многу додека се навикнат градите, ама со тек на време ќе помине. Фати ја убаво со трите прста ареолата и мушни и ја во уста, ако не ја фати убаво пак пробај, ама мора и ареолата да и е во уста.
Абе така цицаше и вчера и од сабајле ама прееска пред заспивање ко цуцла повеќе и беше па напразно цицаше ја чекам да ја отвори убаво устата и ја местам убаво,и баш ја фаќаше ареолата убаво, ама беља прееска ми напраи.. Осеќам пецкање на брадавицата цело време сега
Фала ви женски за споделено искуство. Првата женска ми беше какачка, оваа забушава Имам Провен и во шишенце што е за дечиња, ама маж ми земал и во мали кесички, му кажале тој е за бебиња но шубе ми е што немам упатство да прочитам. Ќе мора да гуглам, нема друго. @LiliBoz мали сме за сок, неполни 3 месеци. @Chanell* ланолин и кокосово масло без измивање, а знам и "бабин лек" за ранички на брадавица, да намачкаш жолчка од јајце, но тоа мора да го измиеш пред доење. Но ти велиш имаш само модра точка.Точката ти е рагада која се прави од неправилна положба при цицање, пред сѐ ради тоа што ја шмука само брадавицата како што кажа Форумче.
@Chanell* Ја се спасив со силиконските брадавици само не знам во твојов случај дали е паметно зошто викаш едвај сте фатиле. Дур да ми заздрават. Веќе дојам и без силиконските и помалце боли. Али како ја тегне на пуштање... Пак си подболува... До коска ко што викаш...
@Chanell* ние додека бевме во болница ми ги разрани брадавиците буквално крв ми течеше јас плакав а тој цицаше ама бев многу упорна мачкав ланолин и гола бев нагоре, и ми ги мачкаа градите со една плава течност е од ова многу ми олекнуваше..така беше една недела сега веќе се научивме иако од време на време пак ме болат ама ова е ништо во споредба со тие рани..мести ја убаво и нуди знам дека боли ама стискај заби и мачкај ланолин по секој подој
@Chanell* исто ми се случи и на мене, но кога не можев да трпам болка ги враќав силиконските брадавици додека не ми заздрават. После секој подој мачкав ланолин