Мајкички ми треба совет На бебето (2.5месеци) му се појави денес како дрлки(гурелки) бели на едното окце и му солзи. Педијатарот замина на одмор до 30 .. ваш совет кај да ја носиме што да направам. Некој вика со камилица некој со мајчино млеко да ја измијам што знам па и јас.. искуства со ова?
Масирај го окцето да се отвори очниот канал. Се случува често кај бебиња. Не е ништо страшно. Капни и мајчино млеко, камилица не оти има низ неа ситни кончиња. Ќе масираш на страната кај носето во правец како врти часовникот.
Не ги враќам силиконските арно ги тргнав, знаела она и без нив џабе се плашев само. И дадов да цица и покрај болката, ќе боли и ќе помине... Ланолин и гола седење му е мајката цела ноќ така се “луфтирав” Абе вие да не сте... Сите совети ми помогнаа да се научиме со доењево, фала до небо на сите вас, женишта!!! @Independiente мајчино млеко, или со превриена вода и газичка, јас вака и ги чистам, а камилица на очи немој, воопшто не е препорачливо.
@Independiente само со газичка и превриена вода пребришувај. За камилица ти кажале, а за мајчино млеко поделени се мислењата, како меч со две острици е. Може да помогне но може и да влоши работа. Баш сега на жешково побрзо се развиваат бактерии па не дај боже од млекцето да си направите бактериска инфекција. Кај поголемата ќерка капнував мајчино и немавме проблем, ѝ се чистеше окцето но откако дознав дека може и другово да се случи ја баталив оваа метода. Сепак не би ризикувала.
@Independiente има во аптеки влажни марамици Иридиум. Ние кога фативме гурелки земав 6, а од 2 пребришувања ни помина.
Девојки, после капки д3+к1, земавте само д3 или д3 со омега? Инаку сме предвремено родени ако има неш врска тоа...
Јас давам Д3 со Омега од старт, зошто примивме венски инекција К. Сеуште давам, и ортопед и неонатологот рекоа да продолжам сега за сега, убаво било омегата за мозоче.
Ова истово и го одговорив на докторката кога ми рече да и капнувам за да се исчисти. Ме изигнорира само Јас не го практикував, само со вода и газа чистев.
Мајки на колку време ги носевте бебињата на контрола? Моиве се 1 недела стари и ми рекоја денеска или утре на контрола да појдам во мојов град, а ремедика треба за 6 дена да ги однесам таман и вакцина да примат. Е сега на контрола кај педијатар во мојов град не ми се носи, не ми се изнесуваат олку мали од дома и дали знаете од што се состои таа контрола? Мерење килажа ли?
А оти да не ги изнесеш од дома. Наутро до 10 часот е убаво надвор или поручек после 17. Слушни се со педијатарот, да ти каже кога нема гужви веднаш да влезете, да не чекате. Ќе знаеш дали и како напредуваат. Го носев на недела дена, па на две недели, на месец. Сега еднаш во месец.
Фала ви на сите за одговорите ја поминав со вода и газа па ќе видиме. д3 со омега иако педијатарот рече само д3 ама ортопедот ни рече дека омега е добра за мозоче. Јас ја носев после една недела откако.дојдов дома од болница и до 1 ипол 2 месеци секоја недела . Контролата главно се состои од проверка на усна шуплина диши диши рефлекси Килажа и можеби должина( кај мене не). Совети што понатаму и договор кога да одите пак. Тоа е тоа. Поздрав и секое добро
Ми излезе херпес на устата, дали може да му наштетам на бебе? Ја бакнував вчера цело време, вечерта го видов дури. Доењето дали ќе треба да го прекинам? И што е безбедно за мачкање? Само масло од чајно дрво ставам денес.
Имам пишувано некаде погоре. Биди внимателна со херпесот. Бебе до три месеци нема имуннитет да се бори со херпес. Не се плаши, но внимавај. Стави лепенка, има по аптеките. Мачкај ацикловир, паста, херпесан, тоа што најмногу ти помага. И не престанувај да доиш.