Добро да не се грижам. Ни јас не сакам да мерам ама свекрва ми околу мене цело време да не им студи, само ги покрива и фатив измерив гледам 37.8, а на болница цело време околу 36.7 или 36.8 имаа.
И јас истото би те прашала , да не се пренаоблечени , 37.8 не се има од онака и секојдневно , раслечи ги ,искапи ги , после некое време премери пак ( лесно облечени ) Некој симптом на настинка ? колкави се ? А , и кажи и на свекрвче , она нека седи покриена , на пеколов , на сред бел ден , лани летото малава моја беше 2/3месеца , надвор дома , на боди на кратки само беше ,а да не збориме дека ,не ни спие покриена .
Прегреани ти се мајка. Соблечи ги. Како ти, така бебуши. Остај ги бабите. Они би бунди да им облечат.
Јас ако ви пуштам слика како ми беа облечени во јули коа ги земавме од болница, ќе ме напраите луда. Уште на лекар така ги однесов, д-р ми вика: дал си ти нормална? (Ова свекрва ги тунташе)
Многу ми беше страв дека предвремено родени.. и ете глупача коа глеам слики минсе темни, само очи им се гледаат.. ама толку беше, од коа бев искарана ми олесни и ги соблеков
По боди на кратки се и долги пантоломчиња со стапалца и врз нив тетра додека спијат. Ама едното само што стана од спиење му измерив, после премерив 37.1 имаше. Можно е во спиење повисока температура да покажува? Инаку се 8 дена, мали се.
Можно е да , макар и на нас ни е потопло телото во и по спиење .. и уште си се маленки , терморегулација немаат убава , и по носето и обравчиња ќе се водиш дали му студи , ако му се ладни и црвенки .. Ладно ноже и раче не е знак дека му студе ..
Здраво мамички Во недела одиме на одмор со бебе од два месеци. Прашав во аптека нешто против комарци ама за толку мало бебе не можело ништо да се мачка ако го касне комарец И сега?
И сега ништо страшно Ако го касне, ќе му помине за два дена, и така неможе само да се почеша. Можеш да земеш само од алките против комарци, стави ја до креветче или закачи ја на количка.
Земи си мапез. Нема него да го прскаш, туку количката, некое крпче и немаш гајле. Ние 3 пати бевме и бебе еден убод немаше
37 1 не е ништо. Кажи и на свекрвче твоја да не се меша многу многу околу облекувањето или понуди и таа да се облече ако и студи. Леле абре не можам да сварам вакви жени што се мешаат у секакви работи и се нервирам. Јас моето на пеколов од 50 степени и нокеска и преку ден ми е само по боди. Алишта никако. Од бебе почнав да не го облакам со 100 пара ко на северен пол дури и педијатарот кога дојде кај нас ни кажа 19 температура дома најмн 22 преку сила и нон стоп луфтирање. Така да.. На пеколов боди само и евентуално навечер нешто за ноџињата тенко. Ич не препорачуваат мали деца да се наоблечени.
Zosto dozvoluvate da vi se mesaat okoli decata?!Jas bi i dala nekoj volnen gemper.i ko so pisaa sal i kapa.Neka se oblece na pekolov pa da vidi kako e
Моите се родени 34+4 и докторката ми рече на 24,5 степени дома да бидат бебињата и со рачиња и ноџиња поладни од моите.
25 степени им одржавам и клима пуштам, а само за бањање е 27. Не е само свекрва ми и маж ми само ги препокрива. Инаку да пркна ич нема да дозволам да ми се меша, за друго она не ни се меша додуша, но верувајте во период сум кога само ми се спие од навечер само што се будат и ги повардува колку да отспијам 1 час и да се измилзам...