Majki vo dilema e mojata doktorka.Kerkickata mi e rodena 36 +5 nedeli I veli deka neznae Dali da ja vodi vo predvremeno rodeni. Rodena e prirodno 2.800gr 49sm fala mu na Boga bez nikakov problem.Dali imate iskustvo vo vrska so vakvi situacii
За предвреме родени ги сметаат бебињата родени пред полни 37 недели, а твојата ќеркичка за еден ден не наполнила 37 недели што е незначително, ем и добра килажа има .Мислам дека нема зошто во предвремено родени да ја рачуна
По правило, сите родени пред полни 37 недели се водат како предвремено родени, независно од килажата и см.
@emkaemka незнам во која тема беше пишаното за капки за носе ама сепак ќе те прашам,одкако ќе ги отвориш колку време ги чуваш и поколку капки ставаш и колку пати на ден? Ама прашав се надевам ме разбра
Ако мислиш на оние ампули од Зегин што ги зборев, едно отварање, што искористам ОК, другото фрлам. И на самото упатство стои по отварање да не стои. Јас ги користев и за бришење на очињата и носето, па и да не остануваше
И синко е роден 36+5 , 2400 и 48цм. и никој до сега не го водел како предвремено. Секогаш кога јас ќе кажев дека е порано докторите ми викале нема врска. Како и да е ако е добра воопшто не е битно тоа.
Мајки, бебе цицаше и таман ја успав и оставив на 2мин во креветче се разбуди со плачење и гледам повратила крв!!!Свежа крв, бодито лом и беше и тетрата на која шо спиеше. Шо ќе биде ова ?
Како што сум читала мислам дека во ваков случај и фали витамин К. Ама сепак ако можеш носи на лекар, крв не е зафрканција. Ви посакувам да не е ништо сериозно
Ја однесов, од рагадите веројатно ми рекоа. Зарем толку крв се наголтала од таква мала скоро невидлива раничка..Од памет се извадив,срце ми застана. Се надевам нема да се повтори
Мајки, Ние сме скоро 3 недели. Ниту еднаш немаме повратено. Качува килажа, виси на цицка и по 1ч. Стално се прашувам дали е дојадена!? И АД кога пиеше исто не бљуцкаше. Има некој вакво искуство?
Исто и синко. Многу ретко ќе се случеше да бљуцне. Никогаш не подждригнуваше, па после некое време се откажав и од држење на рамо. Е многу често икаше после подој.
И кај мене машкото ниеднаш нема повратено, ама мака мачам од сношти со девојчево. Вришти, пишти. Грчевите од кога почнува?