Кај мојава грчевите мислам уште во болница дека и почнаа. Инаку и она е родена во 36 недела и не ја водеа како предвремено родена
Чаре да помине време, давај рекол и колиеф капки, ќе помогне колку толку, термофорче помага моментално кога плаче, чај од хип, white noise и пуштав, држење на стомаче.. све пробав ама тоа е издржете. Мојава 2 месеци е, се намалија сега се грчи и плаче само пред какање.
Сакав да прашам од раѓање еве 2-3 недели лицето и е лом со Брунки како бубуљици пијам јас апчиња дали може да е до тоа или од моите хормони. И што би можела да ставам или ништо
Имаше и синко. Јас ништо не мачкав и си поминаа. Некои бришат со еозин. Во секој случај немој само масно да ставаш.
Имаше и мојата, се исчистија сами за некои 2 недели. Така се чисти од твоите хормони. Јас не мачкав со ништо
Дали ги шетате во транспортер, мислам со количката? Сакам да ја шеткам наутро со транспортерот место со корпата. Знам дека не смее повеќе од 2 саата, или транспотерот само за во кола го користите?
Јас да. Везден беше во транспортер. Корпа не можеше да смисли. Мора да е исправен и да прати. Толку и шетавме околу 2 часа.
транспортерот има положба како во матката. нема потреба од ограничување колку време да се шета. ова од Видоевски ми е кажано.
Мајки, Има некоја искуство со Д-р Демерџиева од Систина? Од памет сум искочена и не знaм што со сама себе да направам. Веќе секој ден нешто искача ново и ново. Срцево веќе ќе ми препукне од грижи и секирации. Со гореспомнатава докторка... Уште во болница ми пристапи, да ми каже дека не сме го прошле скринингот за слух и дека ќе не очекува на повторна контрола. Не ми се бендиса пристапот. Прашав некои мислења - не добив добар фидбек за докторкава. Денес, ајде отидовме да го повториме скринингот. Саат време му буташе на бебево во уши од тие. Прво ми вика ајде дои ја, да биде мирна. Па, и стаивме цуцла. И на крај ми вика, можда од шматањето и се враќа звукот. Многу се изнервирав, а и се засекирав. Само со грижи дојдов. Неколку пати ко што се отвораше вратата бебето се штрецаше на звукот од вратата, а таа ми збори за глувост и за развој на говорот. Се избезумувам, ко што дојдов дома уште повеќе мислите ми залетаа. Каде може да се повтори овој тест, а да не е Систина? Главата ми зачуре од муабет како е добро рано да се детектира глувоста. Мм беше со мене, ми вика не ја слушај забегана е. Знам дека е 3 недели бебево, ама стварно реагира на звуци по дома - на врати, на казанче, на вајт ноиз од телефон, на играчкине со музика... Сега спие, а мене ми иде две тенџериња да му лупнам над глава - за да ја проверам дека ќе чуе. Душа немам. Крв немам.
Второ мислење подитно. Мене детето слепо ми го правеа така. Не во систина ама сепак... Обавезно второ мислење. Патем ти најубаво знаеш дали слуша или не. Цело време си со него. И не тропај да не го извадиш од ум жити се
ќе одиш пак во систина. кај сајковски само. ќе бараш да ги ѕирне ушињата. откако ќе рече дека се е ок (а сигурно е ок зашто да не беше уште први 5 дена ќе си приметела) ќе му кажеш дека неговата колешка рекла не е. да си ги тупнат малце главите со дијагнозите од ракав. зашто и мене една од ум ме има извадено таму.
Нормално е. Поминуваат сами од себе. Ситни се и белки. Јас ништо не мачкав за некоја недела сами изчезнаа. Моето на почетокот спиеше у количка и транспортер и докторката кога дојде дома ми рече ако ти спие у количка тогаш подобро е да спие у корпа х транспортер не е препорачливо да спие по цел ден па ја сменив корпата а си го шетав у транспортер. Значи работава е да не биде постојано таму по цел ден и да спие у него по цел ден. Оди на второ мислење. И јас мислам дека немаш причина за грижи и дека е до пристапот на докторката штом реагира на звуци тоа е тоа. Оди си на кај втор доктор и веќе не стапнувај кај нејзе.
Ќе ја носам уште кај двајца. Во петок и во среда. Најдов една сирена на јутуб 5 пати и пуштив 5 пати се штреца. Морав некако за да се смирам јас до петок. И на гугл пишува Не ми е глуво детето.
Смири се и диши. Се е океј само те испаничиле непотребно. Не му пуштај веќе сирени ќе го исплашиш и трауматизираш беспотребно. Детето ти е океј
На малиот кога му правеа скрининг на слух додека лежевме во болница, користеа едно апаратче и требаше да биде поспан или да спие за точни да се резултатите. Така што будна и активна ако била не знам колку точно може да се утврди. Плус штом реагира на звуци не би се секирала толку. Оди на второ мислење обавезно.
Ние пак добивме одговор на ова прашање од ортопед: Не. Јас наменски до Бугарија отидов да купам компатибилен транспортер за нашава количка, и ја имав шетано неколку пати така, но еве после одењето на ортопед се предомислив. Кичмата морала да се развива, корпата била за шетање, транспортерот само за транспорт.