Логички чим може да се транспортира х време, може и да се вози бебе. Мене ми кажа да не е повеќе од 2ч и обавезно пауза.
Шо е разликата дали ќе биде прикачен на колица или на кола? Безврска муабетот малку. Да не случајно положбата ја менува.
Па нема разлика освен што за тарнспорт мора да лежи во транспортерот, а за прошетка не мора Не е без врска, повеќе време поминато на рамно е поубаво, затоа и си има ограничување на 2 саата во транспортер.
Ова ко мајка ми да ја слушам. Да си леже дете. Еми ко не сака, да го врзам или да не шетаме. Макс кај нас се искористи транспортерот. Ако е направен за бебе значи за користење е.
Сите мајки се исти. Па да, за користење е, за транспорт. Ова ми го кажа докторот, јас само пренесувам. Демек да не се претерува во него, сепак пожелно е кичмата да е во исправена положба што повеќе, за долги прошетки обавезно во корпа. Ваљда кога ќе стигнете за позиција од 45 степени и повеќе исправена, ќе ти ја прифати корпата. Всушност твоето мислам веќе може во подигната позиција?
Теди на сите ни е исто, ново непознато. Секој ден нов стрес. Прво самиот пораѓај, па додека да го донесат да го видам,, па падна во килажа многу па целата онаа грижа околу папочето дали е во ред,па бубулици на лице сега вакцината изби, па очите гурелки и вчера и денес се изгуби поврати и низ нос и низ уста морав да ја протресам да врати здив, па болни грчеви и триста др работи избезумена сум и те сфаќам потполно.. ама кога ќе размислам ќе порасне па ќе ми фалат овие грижи исто ко што ми фали трудничкото меше и темата труднички муабети хах нон стоп си ја читам и си се присеќам колку исплашена бев цел тој пат али ете се роди и дундава моја. Од искуство што и да кажат обавезно на второ мислење. На 10 дена педијатар (го сменив) ме извади од памет ме тераше крв да му земаат на детево па не збудале од грижи што не му најде. Истиот ден ја однесов на др доктор и супер си беше детето и се обратно ми кажа од првиот педијатар дури се зачуди кога и раскажав.. така да не се сите саглам за жал имај го тоа на ум.поздрав
Посебно е кај мене, три дела се. Корпата остана неискористена. А толку мерак за неа... На големиот дел е веќе, од кога почнав да го ставам на 45степени. Сега веќе и исправен 6+. Инаку за спиење во количка моментално шанси нема. Само дома на кревет.
Барем за една работа да се сложат докториве. Моево ужива да шета во корпа(мислам на таква од 3 во 1 колички) дури и во корпа некогаш ја успиваме. Туку мене попрактично ми е во транспортерот за кратки прошетки кога сум сама, ама штом има огтаничување до колку може да седи веројатно таа положба не е најсоодветна. Инаку и нас ортопедот ни рече дека во транспортерот им е како во матката. Ќе гледам до саат макс да ги терам прошеткиве.
Моево уживаше во транспортер преку ден се во него спиеше.Ми беше шубе цел ден во тоа свиткан ми рекоа истата положба им е во матката да оставам слободно 2 часа па да правиме пауза, но бебе се во тоа си беше после ради жешково не го возев во тоа се правеше жива вода.
Мами ми кажаа да давам бебитол Д3+К1 од 8ми ден. Денес ни е 8миот ден, па сакав да ве прашам за совет дали во исто време секој ден се даваат и дали има врска пред/после цицање
Мене ортопедот ми кажа сабајле да ги давам. Е сега не гледав секој ден во исто време. Само да е наутро. Уште така давам
Мамички, бебушот ми е 3ипол месеци и веќе два три дена јаде оброк од 170мл и бара(плаче) за уште, недојаден е. Што да правам? Нели е рано за кашички?
Јас секој ден во различно време давам, не сум обратила внимание на саат, битно не сум прескокнала ден до сеа. Кога наутро-кога на ручек..
Абе дај не се зезај да плаче ли ќе го оставиш ти по табела ли јадеш? дај му на дете да си ручне колку си бара..