Јас нз дали ќерево е такво мое или повеќето бебиња. Еве скоро 3 месеци има и на саат време цица, се прецицува и тече млеко ниџ уста низ нос мешето тупан ако не и дадам да цица зајдува од плачење мислам по цњл ден ми е во раце. Педијатарот ми вика мора ред да воспоставите ама јас немам идеја како да фо направам тоа. Моите или маж.ми ќе ја земат кога ќе се нацица ќе ја поиграат ќе се посмее пола саат и пак она упорно рацете во уста и бара да цица и плаче. До кога вака стварно немам идеја. Баш ја оставав порано во креветче нз како се научи во раце и на цице.. Ќе се смени ли со време работава?
Ќе се смени. Ова ви е скокот во развој околу третиот месец. Прилично е јак, и мора да имаш трпение. Може за ден-два да пројде, просек е недела дена. Ќе се среди, ќе помине.
Луѓе, веќе 3 дена моиве деца заспиваат едвај во 03:00... Некаде после 21:00 почнуваат да збеснуваат, врескаат до зајдување. Мислевме да не ги расонуваме со бањање, обично накај 21 ги бањаме, и вчера решивме да прескокнеме и заспаа во 03:40! Ама не престануваат да пискаат, почнаа и двајцата во тандем. Држи ги во раце, нишкај ги, џабе е. Да ги боли нешто, ќе ги боли и сабајле (ко бубалчиња се цел ден- не спијат, само си гракаат). Дојде ли вечер јас уплав имам. Дај кажете некој совет, ми се плаче и мене веќе.
Терајте иста рутина секоја вечер. Затемнето, без многу звуци, без тв, вие тивко разговарајте, не им се обраќајте директно. Ш'шкање може
Мојот едниот врескаше цел ден малку ќе подзаспиеше па пак врескање и се смири вода кога почнавме да даваме во консултација со доктор. А може и грчеви да се, тие се навечер.
На син ми почнаа да му се лепат очината, не може да ги отвори, ептен е жален. Зедов изомар, а не прашав како се користат. Со газа да натопенам и колку пати на ден? Млеко да му капнам или пак чај од камилица?
Чај од камилица не. Знаеш дека со газата треба да поминуваш од надвор кон внатре , фрлаш и нова газа.
Доволно е тоа. Ама газата ја користиш еднаш т.е. минеш од надвор навнатре и фрлаш. Ако сакаш уште едбаш да минеш земаш нова газа.
Малиов едвај спие сеа.И бањат и стокмен а сон го фаќа ама нејќе или ќе задреме и одма ќе се разбуди за недела дена правиме 4 месец дали станува збор за Скок или нешто го мачи не знам
Скок е. Меѓу подолгите и интензивни. Терај како до сега. Ќе си влезе за некое време пак во шема. И издржи! Друго нема.
@Kitten мами мислам ти беше со проблемот со какање, како и помогна на беба да се искака? Моето веќе 4 ден не е какан се грчи,црвенее и многу прди а му мириса баш како на возрасен,пијам компот од сливи џабе само јас се празнам..
Никако. Не видов директна поврзаност со ништо од тоа што давам. Пијам повремено сок од сливи, јогурт, и јадам суви сливи, ама мислам дека од ова најмалце фајде има. Пијам чај од нане, барем гледам од него не ја боли стомачето, а кога нема да се напијам повеќе плаче. И трета работа, почнав пробиотик Провен да давам, пет дена веќе но уште не е какана откако го почнав. Утре планирам Био гаја да го земам. Значи за 20 дена три пати е какана а кога кака е ептен кашесто.
@baby 5 @Kitten Ние се раскакавме. Да ме прашаш од што - не знам. Помирна е кога ќе се искака, цел ден ја држи расположение. Исто јадев сливи, крушки, праски. Пијам течности, највеќе вода. Ништо не сменив. Прошлата недела еднаш се искака, оваа до четврток веќе 3 пати е какана. А ништо не сме смениле. Ваљда трпение е спасот.