Дали некоја го има бројот од др. Двојаков што е во Центар за раст и развој Бит Пазар да ми го пише во лп?
Мамички беба од вчера цело време се обидува рачето да го стави во уста и да го цица. Имаме три месеци па не знам дали тоа е нормално или нешто го мачи? А иначе си е весел цело време и не плаче. И јазичето го вади надвор постојано како да се криви. Искуство??
Мојава пред некое време рачето во уста и цело време ја мислев гладна дека е Сеа од завчера почна да ја испружува раката и да ја гледа тупаницата ххах абе ги стега очите па гуга па си ја разгледува, смешна е како го насочува погледот ххха чудо едно ..среќна сум!!! Убав ден мајки
Истото сакав да прашам и јас. Три месеци и една недела рацете и се цело време во уста и се мислам дека е гладна и само буткам шише. Значи кај сите е иста приказна А дали имате проблеми со јадењето? Се бори, го бутка шишето, мрда цело време, секое хранење е борба. Не плаче ама ќе се истепаме 100 мл додека испие
Е во јадење се.разликуваме хехех Моево е 23/7 хаха на града..лакомо нешто ми стана цело време во и на мене да биде.. повраќа се дави и пак влече ... страшно е ама се навикнав ..првите пати животот ми.го скрати ... Туку да прашам како да ја прошетам кога ја дојам дома ја пресоблекувам и оп во кола и таман сме стигнале во парк ете ја плаче сака да цица,само на града се смирува. На гости не можеме да отидеме, на шетање исто.. не дека мн ми фали тоа да не ме сфатите погрешно убаво ми е со неа дома туку сакам да ја прошетам да и купам нешто да разгледам за дома и сл ама душава не попушта , не се дава малово... Сакав да прашам кога отприлика би седела пр со друг некој освен со мене? Не ми се брза 3 м е бебка ама онака искуства ме интересираат од мајки кои доеле 24/7
Моето беше исто од 3 почна со рачињата во уста и послабо ми пиеше млекце. Излезе на 4 и некој ден забче. Изгледа до него било инаку се нирмализира со пиењето на млекце а рачињата се сеуште постојано во уста и се др шо ќе му се најде при рака.
Јас се одмолзувам спремам ад и од пред полни два месеци ги одтавам на моите. И шетаме доста од две недели , имам марама за доење, во сити мол има соба за доење, на сите други места со марамата се покривам и малку понастрана од луѓе ќе се тргнам.
Малата ми цицаше на саат и пол како бебе. Кога требаше да излезам сама ја ставив прво да цица па излегував и гледав за саат време да се вратам, ретко оставав молзено млеко. Исто и кога шетавме со количка, прво ќе ја нахранев па ќе излезевме и саат време шетавме. На гости ја носев и таму ја доев во друга соба, не е ништо срамно да доеш кога си на гости. Спомна дека е три месеци твоето, сега е скокот во развој и затоа постојано на цице висе. Можеш ли да се одмолзиш? Ако да, тогаш одмолзи се и шишето со вас па кога и се пријаде дај го, штом ти е срам да доеш надвор. И во кола можеш да ја доеш, не е срамно, зошто детето гладно да седи.
Ајде вака да се разбереме не ми е срам да дојам нормално ќе се покријам ама муабетот ми беше дека не се трга од мене буквално. И да застанам во парк на клупа да седнам и да ја дојам 1 час и ќе се тргне од мене за после 10 мин макс ме побара пак. Повраќа дека и е мн ама упорно бара цице. Сигурно е сКок во развој ама мислев некој со вакво искуство да ми каже до кога отприлика му било вака.. Се одмолзувам и плус чајче носам ама ќе пивне малку и пак иста песна.. се случувало да цица дома да стигнеме во парк да у го дадам шишето да го испие цело и за десетина мин да корне од плачки. Сигурна сум дека гладна не е сигурно мешето ја боли и бара утеха.
Само што ќе ја допрам до уста ко возрасна прави фаци се гади и и се повраќа. Порано знаеше да се залаже ама сега не ...
Мајкички еве ме и мене после 19дена , се измачивме цело време на цице и таман конечно лактацијата ми се регулира си фативме ред за ручкање кога вчера синко цел ден млитав поспан, пред неколку саати правевме крвна слика онака рутински и до кај педијатар, дете физички вика супер килажа супер нема температура , грло плуќа чисто СЕ а црп/crp 40 се друго на крвна слика супер. Само ЦРП 40. Цефалексин ни даде и толку јас сум во паника ужас без никаква дијагноза сме . Некој некое слично искуство ? Изгледа ќе трчаме во приватни клиники дај кажете салам педијатар аман ми се вика . Бебе од неполни 3 недели со црп 40 од што .
Ние до 2 месеци така само да цица неможев да ја тргнам од мене, плачеше само со цицање се смируваше и нормално од многу млеко повраќаше. Цуцла лажалка кога ќе и ставев во уста се гадеше, особено од тие на Чико ич не ги сакаше. Пробав со Авент и почна да цуца, од тогаш си цица на 3/4 саати и се шетаме слободно без плачки.
Совет од педијатар добив дека од цело време што цица неможе млекото да го свари желудникот и од тоа има грчеви и плаче. Барем од кога ќе се нацица саат време да помине до следно цицање. Ако не успееш со цуцла лажалка пробај да ја занимаваш саат време до следно цицање.