Мајки моето еве денес направи два месеци и раката од пред една недела му е во уста. Ја стега во тупаница и ја цуца на глас. Исто и јазичето го вади цело време надвор . За гладен мислам дека не е гладен, убаво напреднува, цуцла не сака кога има намислено раката да ја става во уста инаку знае да се залаже. Нормално е ова да го прави толку мало бебе?
Се купуваат од аптека педијатриски ќеси за земање урина и се лепат на курето (ако решиш да правиш, пиши па ќе ти пишам подетално како најправилно се зема урина). Најпрвин ќе однесеш во обична лабораторија каде испитуваат урина, да проверат уринарен статус, ако е чиста урината нема потреба од понатамошни испитувања, ако покажува инфекција ќе направите и микробиологија. Друго не ми текнува што е можно да биде, никаков симптом, температура не качува.... ??? 40 ЦРП не е којзнае колку високо, некој слаб инфламаторен процес, едино да не е на почеток па да не качува уште, леукоцитите велиш во ред се, да е нешто бактериско ќе беа и они покачени (ама пак ќе речам може сте го фатиле почетокот па уште се во граници). Испитајте и урина, не е на одмет, да исклучите барем тоа.
Вака кога ве читам оти стално се на цице малите и не ги тргате, не ги лажете со цуцли и не го давате шишето чуствувам огромна грижа на совест зошто јас тоа го правам Ќе вЕ следам и јас така, ако треба од дома нема да излеземе ама ќе и давам само цице. Аман никако да го отфрлам овој пуст страв од глад!!! Млеко више имам многу, таман ќе си го научиме редот Таман ќе пишам тука оти нема да давам, и ќе ме зајаде црвот пак дека е гладна.. Па ако е мирна и си спие, мочка,кака,како може да е гладна? Педијатри викаат само на цицање, јас попаметна од нив се правам! Тешко ми е на душава више. И денеска само во 5 наутро и дадов ад, цицаше цел ден и се искака онака многу ама не жолто-златно, туку повеќе на златно-зеленкасто ми изгледаше, отворив гугл глупава јас, гугл вика глад, јас дади шише на бебе пак, во 5 навечер. Ова е баш зачаран круг со ад то, што ми требаше да го почнам уопште, мме. Може ли стварно од глад да е каката таква? Или таква е кај бебиња што се само на доење? Или пак е индивидуално ?
И јас и ти си се тешиме во зачаран круг. Јас упорно дојам, до кога ќе издржам не знам. Ја и секако само навечер пред спиење давав АД. Некогаш цица, само 20 - 30мин е мирна и пак на цицка. Некогаш ги спие тие 30тина мин. Навечер па спие без разлика со АД или цице. Да се чудиш. Тешко е. Наоружај се со живци. А некој да каже од поискусните, грешка ли е ако и го стискам цицето за повеќе да влече? Понајадена и помирна ми делуваше прееска така.
Јас по повраќањето знаев дека е најадена та прејадена. Инаку цело време се смируваше со цицање ама дур ја кренев да ждригне ќе повратеше, и на почеток ќе си помислев:"еве поврати пак сега е гладна,све што исцица го поврати и пак на цицање". Откако почнав да давам цуцла лажалка се смири и си фати ред на цицањето. Инаку сега цуцлата само кога и се спие тогаш ја сака, ќе поцуца малку и ќе заспие, другото време е со раце во уста и двете ги става одеднаш.
Такви каки се можни и кога ги боли меше, додека не е сеуште среден стомакот од грчеви и гасови. И кај моево од време на време имаше зелени какачки а е исклучиво на доење. Имам читано дека и мешање на мајчино и ад млеко исто доведува до тегоби во мешето. Би било убаво да го откачиш шишето штом имаш млеко.
Мојот е само на доење и каката ни беше баш таква пред некое време ама сега се среди и ни е златно жолта..инаку ние сме самп на доење од старт уште кога не пуштија дома, а таков страв дека е гладен имав само првата недела и кога почна да си придава по 400гр неделно веќе немам гајле само цице а секој подој ни е различен знае и по 5мин да цица и да е мирен слушај си педијатар
Компресии правиш. Ако. Препорачуваат лактациските советници. На добар пат си! Само храбро. Ќе станува полесно. Верувај. Едно шише млеко е ништо. Набрзо и тоа ќе го откачиш
Жолто зеленкаста столица може да биде доколку бебето цица цело време и нема ред воспоставено од мин 2 часа меѓу подои. Не мора секогаш да значи дека е гладно. Јас сум приметила кога има грчеви и ветрови и кога му кркори мешето каката е таква. Исто може дс биде предизвикана од исхраната на мама.. Не ни се гладни бебињава само мора да се потрудиме да воспоставиме некој ред на доење.. ама како??
Мајки малата ми е 5+, полека од пред месец дена почнавме да пробуваме вкусови. Немам сеуште воведено цел оброк пошто малата ми јаде по 60-70-80гр максимум и не сака повеќе (колку што знам треба да е околу 100-120гр за да се наречен заменет оброк. Е сега причината што почнавме со вкусови и со засилено темпо за воведување цврста храна е тоа што малата не ми го сакаше млекото (Аптамил)- буквално се гадеше од самото шише!! А и почна да не ми напредува во килажа. Сменив храна, сменив шишиња-џабе! Најверојатно тоа беше скокот во развој во 4 месец. Но малата продолжи да не ми сака млеко -- треба или да ја заспијам или да е прегладнета (преку 4 часа да се поминати) па да се случи чудо и да го испие и тоа 100-120мл максимум!!! Јас почнав да мислам дека веќе и од кашичките што ги јаде почна да не го сака млекото. А од др страна не јаде цел оброк за да е најадена. Дури заприметив дека меѓу две преспивања ако не дадам цврст оброк ни млекото не ми го сака - а баш мислев ако бебе не јаде кашичка ќе огладни и ќе сака млеко - ама не е така со малата моја. И сега се случува да дадам и 3 пати во денот кашичка, само за да не е гладна .. а кашичките ги сака,ги јаде.. Некој вакво искуство??? Би ми значел и совет од поискусните..
Избегавам да пуштам ви-фи во близина на бебе, особено навечер. А и апликација ми е поедноставно и за надвор ако треба.