На колку месеци се одби? Знам дека таа е најбитна,ама тешка психа сум јас. Си лапна пилешко е не млеко ќе јаде
година беше мислам.. или малку пред годинка. али рачунај дека имавме ние многу тешкотии. на почеток не сакаше цице па се молзевме па ми намали млеко беше на адаптирано па на 4 месеци пак фати цице...хаос.. како ми беше? претешко. ама не го оставив ради мојата психа да пати. не сака цице? повели молзено. сакаш цице? повели цице. искрено моја теорија (а и пракса ) е дека ако на бебе му угодиш и му дадеш се како што сака ќе е многу помирно и нема нервозни напади и вриштења. искрена да бидам јас не знам што значи бебе да плаче онака..зашо било бебе. се знае. плаче или е гладен или е какан. толку. нека си јаде пилечо чим тоа ја прај среќна и свиркај си. јаде храна за бебе, а не од стоилко
Девојки што превземате со повраќањето кај бебе? Денес правиме еден месец повраќа после секој подој па и после, голем млаз некогаш пресно млеко некпгаш засирено преработено. Нон стоп е воден безнам колку пати го пресовлекувам... секогаш после доење го држам исправен да ждригне ама џабе пак повраќа. Само на доење сме досега и супер напредува. Зедов перница анти рефлукс дали сте јабпробале? Ке ја пробаме вечер како ке биди
Јас ја користам перницата и ок е со неа .само сега бебе почна да повраќа во меѓувреме додека го раниме или додека го легнеме , па почедто го ставаме да ѓдригне и подисправен го раниме.
2 дена по ред вриштење плачење до снемување глас..не сме навикнати ние на ваков однос од бебе преплашена сум. Како да ја боли стомакот се грчи се витка. Се искака еднаш убаво жолто По 15 мин со виткање и плачки уште еднаш ама како потечно ззеленкасто и после некое време уште два пати ама како вода, како пена и искачаше од газето иии звук пшшшшш и плаче душа.. еве ја сега сабајлево пак лигаво течно. Вчера бевме на лекар се смее таму бебево а ние извадени од памет. Ми рече линекс пробиотик да давам капки по 6 и бебивит витамински едни.. па ај ќе видиме.. Што пиете за смирување .. имам панични напади во последно време, не можам да дишам од страбв нешто ми се има пореметено откако ја родив ластовичкава..
Мајки, заради слаба крв (железо и хемоглобин намалени), дали може да давам сушена коприва. Јас имам земано таква за мене (оние во кесички од билна аптека). Инаку 10 месеци е синко, освен железо и хемоглобин ниски, лимфоцитите ни се покачени (треба да се до 5, кај нас се 7. Знае некој што значи ова?
Не сум сигурна ама мислам дека исто вака имаше моето кога беше месец ипол за две недели помина. Инаку црвено како рапаво и на двете обравчиња се појави и се лупеше.
Дали можно е од инфакалм капки за грчеви уште повеќе да им прават? И дали им давате чајче на hipp од коморача и од анасон на бекутан ?
Не ми се познати тие капки, но нас биогаја капките ни направија уште повеќе грчеви..така да можно е. А чајче од бекутан давав повремено, беби се смируваше Ќе помине значи, да не мачкам со ништо,може со јекодерм малку
Смееш, но најдобар ефект дава семе од коприва. По една мала лажичка во ручекот додавај. Лимфоцитите се вид леукоцити, укажуваат на некоја одбранбена реакција но подетално нека ти каже лекар. Нова, нормално е. Сите бебиња се штрецкаат во спиење, ако плаче во сон само погали го по главче и ќе престане.
Ние до 5м давав Биогаја па после Линекс Бејби и не какаше еве веќе не му давам цел месец си кака бебе по еднаш двапати на ден.А иста храна внесуваше и тогаш.Мислам и @wannaBeMomma кажа запек им прави пробиотикот на дечињата. Има ли штета ако не го примаме? 9м сме
Мојот од 3м е без пробиотик. Исто запек имаше, со денови да не може во вц да излезе, како престанав испод 4ри пати не е. И на одмор идевме ама не се осудив да пробам да давам, среќа мака немаше. Драгана вика чим има мака, не давај.