И при вирусче, настинка тие знаат да се покачат, обично кога ми биле децава вирусани, настинати, лимфоцити, моноцити, гранулоцити, се е горе доле преку граници.. да не бил скоро настинат, болен? Инаку мојата е 10м со слаб хемоглобин, од 9м и ставам чат пат семе од коприва, аронија две зрна, маџун во кашичките. Ми препиша матичната и капки да давам, ама решив да појачам исхрана и да пробам природно да и качам. Пиеше Малтофер две недели, па сама го прекинав, наредна недела ке провериме крвна слика како е.
Мајки бебчето е 1месец и 2 недели, после 7 дена од болница има нередовна столица, на два до три дена. По цел ден се грчи и се напнува да кака или испушти гасови и тоа цело време го прави со плачење. Бебево мирно е само 5 мин. на ден или кога спие цврсто. Цел ден се напнува и плаче, а исто прави и при цицање и спиење. Грчеви има, ама цел ден е таква со плачење и кенкање. Погоре прочитав за пробиотикот ствара запек, ние користиме биогаја и незнам што да мислам веќе од што е. Знам цревцата проработуваат ама до волку по цели денови напнување? Само еднаш имам излезено на шетање и цело време плачки и се напнува, не ми се оди никаде додека е ваква ама до кога? Има некоја слично искуство? Извинете на долг пост ама морав да се искажам
Мајчино и 1 до 2 пати на ден дохрана Аптамил комфорт, прво беше со Хип па сменив како ќе биде со ова ама иста песна.
Аптамилот има високо ниво на железо не е препорачливо за толку мали иако се форсира негова употреба. Мислам дека е до него, ист случај беше кај нас. Промени со Хумана1. Проблемот се реши кај нас
Кркорење на црева плачки како да ја боли стомакот многу. Како да дава напор да се искака ама не може Најмногу ме загрижува кркорењето..
По претходниот пост и овој сега, може да е преладено бебето. Топло на меше, чорапчиња обавезно, чајче од анасон/коморач без шеќер и пробиотик. Ќе помине.
Фала ти многу на совет.. Чајче не сака, бекутанот го пиеше ама сменив хип и дека не е благ не сака ич Па незнам како да ја облечам сега за спиење после бањање 3 месеци е. Облакам кратко боди целосни пижами и чорапи. Ја покривам со кебе и сега откако ја фати стомачво и јорганче ставам плус... се мислам да не и студди зш мене возрасна па ми застудува навечер... на глава ништо.. вие како ?
За нередовна столица не знам што да ти кажам, ама за плачењето и јас пишував погоре истрауматизирана сум првите два месеци ако ми веруваш во бунило ми се, ништо не памтам. Не плачеше само додека спиеше и јадеше, мислам дека бебето не знаеше што со себе Сега уште две недели ќе прави 4 месеци, не плаче веќе, само за заспивање. Има надеж, верувај друго е после 2 и пол месеци. Секој со своја приказна за бебушките Ти посакувам помирен период и да се нормализирате побрзо
Штом е облечена со пижамки, боди и чорапчиња, доволно е ќебенце. Многу е плус јорганче. За мешко термофорче/затоплена тетра/перниче трици..што имаш. Мојов склетчија и деновиве на поладново навечер спие со боди на долги и долни пижамки со чорапчиња и покриен со подебела тетра, ама секогаш го наоѓам откриен и свртен 90-180° од почетна позиција.
На почетокот имав мн болки при доење, додека се навикна ластовичкава и плус цицаше од десната града повеќе (на левата неможеше да ја фати брадавицата ама со време и упорност успеавме)и така некако си се навикна да си ја врти главата почесто на десна страна..е сега јас ја вртам на лева особено навечер ама она цело време се врти на десно. Педијатаров ме советува почесто да ја вртам бидејки се залежала наа таа страна.е сеа кажете ми совет како да и ја обликувам главата мн ме фаќа страв, ја вртам ама не сака, ја потпирав со перничка ама ми е страв да не ми се загуши детето. На грб никогаш не легнала мислам бебињава најчесто патат од сплескана глава позади или пак се лажам?! Како да ја наместам малку и.позади да и се сплесне ми е страв мн да не и.се испакне позади зш се на страна е ... не обрнав мн внимаание на почетокот на главата па и никој не ме посочи и сега ми е шубе ми се вришти ... :'(
Моето едно бебе е така и криво му е главчето ама ортопедот ми рече дека бебињата уште малку ќе лежат и после ќе му се оформи нормално главата . Иначе и нејзиното бебе било така и сега не му е криво главчето
Moeto e 5+ sega pocnavme so probuvanje na vkusovi,kako pocnavme eve veke 4 den kako ne e iskakana nezz dali da dadam cajce ili...?
На глава ништо. Ако носи целосни пижами нема потреба од чорапи, ама битно е нозете да се топли. Јорганче нема потреба исто, уште е рано. Може и грчеви да се, последна тура.
И мојата лежеше само на десна и ортопедот примети па ми рече пешкирче замотано во ролна да и ставам позади грб и да ја легнувам на лева страна. Една недела ја вртев вака и заборави веќе да ја става само на десна страна главата. Си се врти сеа и на двете страни