Фала, многу сакам да помине овој период што побрзо, ќе пробам само на мајчино млеко од денес па ќе видам дали и тоа ќе смени нешто
Кога почнавте и што ви беше индикација да почнете да чистите носе со физиолошки? Хрчи бебе. Ама цица и гледам дека дише убаво. Спие со затворена уста. Од време на време се расхрчува. Коа се расонува, пред да ждригне и сл. Мрсули бели суви сами паѓаат. Не знам дали да и помогнам со физиолошкиот и пумпица или рано е?
Секојдневно го чистам носето пошто крчи како што викаш, а мрсулите некогаш неможат да се видат. Ќе капнам капка-две физиолошки, чекам 2-3 минути да се разводенат мрсулите, па или ќе кивне и ќе се разлетаат мрсули или со стапче за уши вртам во круг и ги извлекувам.
Од прв ден земи моно дози. Има и во еурофарм и зегин. Убаво е и ако не хрчка бебе. За чистење на носе
Дечки од вчера се бориме со шишето, штом ќе и го ставам до уста вришти, веќе неколку дена пие околу 300 мл помалку отколку што треба за нејзината тежина, немам нерви веќе. Скок ли е, период ли е? Споделете ако имате некој совет. 3 и пол месеци е бебушка
Мојата една недела се "бори" на цицка Иста возраст. @TeddyGrey да обичен физиолошки, но како што ти пиша Кукла земи си од малецките како пластични ампули изгледаат, и полесно се капнува капка од нив директно во носето. Но има такви и Синомарин бејби.
Е уште тоа ни фалеше! Колку време трае овој бесен период? Со нејадењето доволно се нервирам и така немаше качено многу минатиот месец
И ние веќе некое време (> 3 недели) се бориме пие помалку. Од утре влагаме во 4ти скок. Ги споивме 3 и 4т изгледа. Заприметив на спиење повеќе ми пие, кога е буден само претка, вика или плаче, па темпирам на спиење да му давам. Среќна сум ако испие >700мл во денот, има денови 600-650 ги пие. Ние сме предвреме родени па ни требаат калории, и малку го појачавме млекцето за секој случај за да не стагнира, на 150мл место 5, ставам 5.5 лажички млеко, на 120мл 4.5 лажички, и некоја голтка водичка помеѓу јадења (нејќе чајче, порано сакаше), и следам дали има доволно мочкани пелени. Ама ова по препорака на лекар. Среќа за 3 недели 450гр. имаше качено, сега на 6ти не мереа на вакцина. Јебига нема веќе кило месечно ама добро е што качил.
Мајка ако ти е за утеха мојот пред операцијата ми качуваше по 100-200 гр месечно па еве го жилав, здрав прав е сега. Проблем со крвна слика никогаш немал. Ако си е добар и весел не се секирај многу за килажата. Не сите бебиња качуваат како по книга. Некои на 6 м се 7 кг. Мојов на година е 7,5 ама не му се сеќирам веќе.
Штом видив дека на тоа нејадење качил, плус крвна слика никад подобра, конечно се опуштив. Ама има едно црвче во мозок да не се опуштам премногу, зошто секогаш се случува нешто лошо ако се опуштам премногу. Сеуште се многу свежи траумите. Таман се опуштив психички во бременоста постигната со второ ИВФ, и оп скратен цервикс, дома се навикнав на лежење, оп контракции, во болница 3 недели лежев, реков вака ако терам супер, оп пукна водењак се породив во 29 недела, па почина близначето Борјан, а Ведран во детска клиника. Ќе биде се, битно џивџи да си напредува, форумов ми е една алатка/помош за справување, и сите вие кои делите совети кои многу значат.
5 мин Марисол капки 1 или 2 пати на ден некогаш кива, ама најчесто при бањање ги вадиме надолу наведната и притискам на носето и ќе ги издува
Ти ги разбирам стравовите. Ти ја следев приказната. И јас синко го добив со второ ивф. После следеше шокот со операцијата. Ама еве полека се опуштаме. Гушки до баткото
Мојата цели два месеци стагнираше со килажа, дури и беше 100 гр во минус @DuchessAnn. Отиде во должина 10+ цм, ама килажата стоеше во место, живци искинав. Тоа беше во 4-ти и 5-ти месец, не фати скокот со несакање да цица, цицаше по минута едвај со плачки. Ама период е, поминува. Сега веќе не цица, сама се одби пред месец дена, ама си пие млекце убаво. Имаше период кога нит ад сакаше да пие, нит цицка да види. Затоа сега на 7 месеци качува килажа како новороденче, лакома си е и за храна и за млеко