Мајки, јас пак со проблем!Ќе завршат ли некогаш??? Значи, како што имам пишувано, бебе на левата гради неколку пати ми направи рагади кои крвареа на 2-3пати, па зараснаа и навидум немавме проблем. Ама, на истата таа града сега 1-2цм под брадавицата на аеролата имам црвенило и буквално модринка која е голема и се протега низ цела аерола Боли ужасно, нити можам да и дадам да исцица убаво, не тече ни млекото од таму кога стискам а ја осеќам дека е полна, пошо кога ќе го ставам бебето на таа града без престан голта 15-20мин, значи има млеко доста во неа. На почеток повеќе на таа сакаше да цица и изгледа си произведува поише млеко. Ме плаши модринкава, ме плаши и болката која не можам никако да ја допрам со рака, боли до степен да и млазот од тушот кога е на таа града, осеќам ко да ме гори некој со нешто Воспалено ли е, повреда ли е, од кај да знам ? Да чекам ли да помине, облоги да ставам некакви или да одам на доктор па да ми даде таблети за кои сум доста против ?
Црвени ситни брунчиња на образ од што може да искочат? Мазни се на допир. Можно е од топло што ми лежи на рака? Само на доење сме и пазам на исхрана.
Од топло, плус што ти се поти на рака, без пелена под главчето не држи бебе. Ако не се повлечат купи Мустела Стелатопија и мачкај
Пробиотик не се дава секој ден без прекин. Се дава 10-20 дена со ред, после се прави пауза од месец-два. Колку е добар за имунитетот, толку може и да има контраефект. Не спорам дека е корисен и ефикасен, ама се што е претерано, колку и да е корисно, не чини.
И јас давам вака, обично пред вакцин и после неколку денови, сега пред одмор, кога има растечено носе. Нон стоп не. Посебно за доени деца нема толку потреба од секој ден нон стоп.
Исто, десет дена пред и после вакцина давам, десет дена пред одмор, додека сме на одмор и ден-два откако ќе се прибереме дома. Таква шема терав со големиот откако наполни три години, сега и со малото.
Мајкички женички оф бе преплашена сум Малово кенкаа во креветче накај 05ч станувам да видам она душа со рачињата го трие носето и почнува да плаче силно , па снемува глас па пак.. ставив солени капки и трк на лавабо со топличка вода да и помогнам да издува ... маж ми направи пареа у вц па седевме таму и дадов да цица чим повлече викам добро е значи диши низ носето... еве ја заспа и сеа се мислам дали да ставам кромид блиску прочитав ефикасен е за одзатнување... совет?? 3+ сме
Не се плаши затнато му е носето не е ништо страшно. Ставај капки а можеш и кромид да ставиш ефикасно е помага стварно. Малку поткрени го на некое пониско перниче полесно ќе диши.
Еве ја цело сабајле се тетерави не може да спие само плаче душа тажна па солзи ко река упм се мачи со дишењево. Од мене ја фати сигурно а дома сме цело време кај настинав и јас не знам.. тт нема сега за сега.. ќе мора на лекар да ја однесам мн е мала аиии колку сум исплашена ... да боже да помине се добро..
јас сега само со тетра факам бебе ми се направи како пубертетлика стававме етизол и денес бевме на контрола добри сме. Топлото и инекциите си го прават своето
Какви инекции примате? Јас со ништо не намачкав, ја расоблеков. Ви се повлекоа вас? Се надевам дека е од топло, зашто не ми се носи здраво дете по доктори сега коа има вируси.
@TeddyGrey инфекции мислев хехехе телефонов сам вади зборови докторот ми рече дека од болница сме закачиле нешто. Ни даде една течност тоа е црвена и со чепкалка за уши мачкаме една недела и денес на контрола рече исушени се. Нашите беа баш бубуљици со белко. Ако сакаш ке ти го сликам шишето.
Ете денес цел ден затнати, крвна слика уредна брисеви во понеделник... Ја заспав некако ја поткренав на повисоко ама ете ја не диши убаво и доаѓа ко на повраќање и кенка во сон ... оххх Господе дај ми сила да бидам појака вака ништо не правам плачка сум признавам душава ме боли.. долга ноќ ќе биде ова нема шанси да ја оставам сама .. дајте совет да не заспијам Ми текна ќе седам на фемина ..ако има будни ќе им досаѓам хех Срце ми се кине те ми се плаче те се тешам ќе помине па ќе се насмеам колку сум паничарка .. многу долго е чекана ластовичкава да ни дојде сакана љубовна моја... Ве гушкам сите Кромидов да го ставам во креветче во ќош или подалеку од неа ама во собава??
Ова е едно школо за мајките со долго чекани бебиња, справување со паниките. Jас во такви моменти цела ноќ си викав до утре нема да има ништо (секрети, температури, осипи или што и да беше во моментот) до утредента секогаш беше барем малку подобро. Кромидот во близина не ептен до нос. Не седев будна ама навивав аларми за секој случај. Ако ја оставаш да спие поткрената нека од газе нагоре на перница а не од пола грбче, и ако кашла се поткрева не за растечено носе. Лесно ноќва
Брзо да мине Кромидот јас го ставав на наткасна до кревет, бебе со мене спие. Сега е доцна веќе, но утре едно 2-3пати прави сауна во купатило, затвори прозор, пушти врела вода да направиш магла, па коритото, зеди бебе во рака, наведни го со главчето надолу и остави тушот да тече некое време на главчето и грбчето, верувај мрсулите сами ќе се слеваат надолу и ќе се одзатне
Имаш друштво. И ја сум тука. И моево нешто неќе да спие денес, се замислив сега да не и е и нејзе носот прееска имаше мрсули ама ги исчистив. Да не се создале пак. Сите ни се корне душа за нашите малецки. Душички се и беспомошни. Колкаво е твоето бебувче?
3 ипол месеци е .. До сега е мирна, неколку пати подголтна ко да и се повраќа ама не се разбуди... Ах тие носиња
Како ли ги учите на кашички ја ми давам ко што ми рекоа две,три па зголемувај мојов ни да чуе.. Му зимаат разни ама нејќе многу едно две и оп града или ад..
Упорност и трпение. Лажи со играчки или цртковци да одвлечеш внимание и ти пикај лажицата. Менувај текстури, топло/ладно, па и лажица мењај, мојов силикон не може да смисли, со тврда пластика најдобро јаде. Мојов почна да јаде асално некаде 4тата недела откако пројаде, со крушката на Хип