Моето исто вриштеше, ама и одбиваше да јаде. Дојдовме на клиника, испадна воспаление на уво. Многу болело тоа.
Не верувам дека толку малку би вриштела да ја боли уво. Таа болка и возрасен тешко ја поднесува, не верувам дека со малку вриштење повремено би се манифестирала кај мало бебе. Не одбива цицање. Или е некоја нова фаза или баш на цицање ја фати појак грч во мешето. Или и надошло млеко.
@TeddyGrey* може и некогаш да имаш помалку млекце во Градата.. пробај смени града ако се тетерави, вришти и се трга Гушки до вас
Како што пишав во претходни постови бебе плаче 24 ч. се напиња, црвенее и кога ќе види неоди почнува да плаче. Не ми беше нормална цела ситуација, да грчеви има но ова е 24ч ситуација, при заспивање, будење па и додека цица. Матична вика грчеви, пробавме со сите капки можни не бива. Одам испитуваме интолеранција на лактоза и фруктоза, позитивен комплетно на лактоза млеко имам, но ќе морам да прекинам и да давам само ад без лактоза. Почнав од денес да намалувам со мајчино и воведов ад. Ситуацијава ми е незнам дали со тек на време ќе се промени таа интолеранција има некој познавање или искуство од вакво нешто?
Јас не испитав кај малата, а иста ситуација беше и кај нас. Вриштење, црвенеење, 15 столици во ден, лигави. Мене ми спомна педијатарот дека може да е интолеранција на лактоза, но дека може да е минливо... Мојава после првиот месец беше и на ад, обично + цице. Ситуацијата со столицата и плачењето се среди кога воведов кашички, на 4ипол месеци по препорака. Инаку и јас имам интолеранција на лактоза (сама приметив, не сум испитала), а поголемото детенце ми има 100% интолеранција на лактоза, хомозиготна мутација, наследено од двата родители.. и многу е можно и малава да ми има Еве ја 11м и ми одбива сама млечни производи... Плус анемија имаше од раѓање, месецов скроз ми одбива ад млеко (само на ад е од 6м), и крвната слика за чудо е многу подобрена Каде испитувавте вие?
Здраво дали може совет како да го навикнам бебево на шише...до 2 месеци без проблем факаше шише...сеа има 4 и пол сакам да пробам сокче..ама нејке цицла да фати само си играт со нејзе...пробав со томи типи, нук и бебенова...а лажливка воопшто не ми фати.
Може да се одбие од цице подобро нека не фаќа шише, цуцла.. Давај му по малку со лажиче и така е малечко..
Зошто да научи пак со цуцла? Не и треба веќе цуцла. Рано е за сокче, а ако сакаш веќе да дадеш, пробај со лажиче или чашка со клунче.
Нема чаре. Или ќе фати или не. Мое дунде пиеше ад од шиче до 4ти/5ти месец и еве ја сега на 10 не сака шише. Какво не купив. И на @eli25 баткото така. Тоа е. Ќе пие со лажичка или од чаша/клунче
Во Биотек, ептен се мачи неможе да спие, криво ми е имам млеко напредува 45гр на ден со минимум 3 саати цицање сама бара, сега ќе треба да го прекинувам. Ограничени ли сте со храна, има тегоби ако проба лактоза?
Нема тегоби сега, 11м е сега... не ни рекоа да даваме без лактоза млеко и тераме нормално од старт. Но сакам да и испитам... но тој тест нашиве гастроентерохепатолози детски баш не го признаваат, незнам зашто. Една др ми рече, пола население може да му покаже позитивен резултат и незнам искрено што да мислам, на малава не и имам направено сеуште. Она од 10м почна да ми одбива млеко, многу малку пие (а не цица од 5м), па месецов и се подобри и крвта многу, па си викам иако вака нема тегоби, многу е можно сепак да и смета лактозата. Синчето па беше на цицање само, он доста повраќаше, но напредуваше и ми рекоа нема гајле, ама ете тоа нема гајле се одрази на 2ипол год... Побарај си мислење од стручен доктор, види баш тебе што ке ти кажат, мада ич ич не го признаваат тоа испитување од Биотек...
Мојава шише и лажалка фати на 5 месеци....како незнам. Пробувавме до 3 месеци не сакаше и се откажавме. Мм случајно и ја даде кога рече трга дали трга. Далеку пораат сум со неа.
Леле јас без лажалка ќе се скренам, едно ранам, друго залажувам. Јас користам од оние на авент обичнине од 0-6 месеци. Дали ако им сменам исто од авент, но оние како мече ќе прифатат?