Исто сме и ние ќе заспие па стане пак бара цице си поигра пак заспие а од лажалка му се "повраќа" една фаца кога направи па и дури му идат нагони за повраќање...кажувајте ако има финта
Финтата е да почнете да ја нудите кога ќе почне тн. "орална фаза", кога ќе почне да се лигави, или евентуално покасно пред да извади заби, кога ќе го чешаат непцата. Ве читам наназад, истото се случуваше и кај нас... Првите три месеци лажачка цуцла бев јас сега веќе ги прифаќа сите облици на цуцли што ги купив. Поголемата ќерка исто така прифати цуцла лажалка на околу 5 месеци, кога почнаа да ја чешкаат непцата. Тоа е маката со доените деца
Срцли имало шампон за теменица на мустела како пена било..некоја од вас со искуство? И дали се користи како регуларен шампон мислам секогаш кога ја бањам или по потреба додека не се исчисти па се продолжуваа со ,,обичен'' бебе шампон? Убав ден
Да, ние го користиме. Добар е, на секое бањање и ставам на малата полека паѓаат. А имаше многу наталожено, тврди и големи. Околу 400 ден. мислам дека беше
Моево се лигави и пика цела рака во уста. Мислам дека сме во скок. За заби е рано. Мене ми е рано и рацеве што ги пика во уста и што ги шмука. Ги тргам рацете нудам цуцла и како да се кара со мене. Исто како @baby 5 дури и нагони од гадење има. И ми ја стиска брадавицата со непца пред да ја пушти ме корне. Се ова е ради тој скок? Сега ги учи рацете, не е подоцна? Мме стварно брзо растат.
Не е скок, туку таа фаза. Кај мојава почна кога наполни 2 месеци и уште трае. Скроз истото што го опиша и кај нас беше...само што еве задниве 2 недели почна да фаќа цуцла. Нуди од време на време, ќе прифати кога таа ќе сака Кој е тој шампон за теменица? Дај постирајте слика да го видиме Мојава има жутило напред над чело веднаш, не искачаат и не искачаат!
За теменица од мустела има шампон, ама јас од ова масло сум мн задоволна исто 400 денари е. Се става пола саат пред бањање.
Кој ти препорача да прекинете со доење? Дали проба прво ти да исфрлиш од твојата исхрана се што е млечно на одреден период? Сум читала дека и при вакви случаи не се препорачува прекинување со доење.
Оние како жолти лушпички што им се прават на темето. Ќерка ми поголемата ги имаше богами до година-година и пол.
И моето исто, плус приметив дека го чеша непцето горе, и се лигави... за заби рано е..денес полневме 2 месеци..
Др. Сајкоски од систина, тестот беше направен преку ДНК што беше комплетна интолеранција, да многу внимавав што јадев млечни работи исфрлив но беше исто цело време се грчеше и плачеше.
Срцли значи мустелава е нешто невидено... испаѓа можда ко лага али 60% и више се исчисти теменицава..прв пат ја избањав денес ја купивме.. можно ли е ?? Е значи алал да е на производителов