И кај нас прво беше исто како наежано, на бутчињата и рачињата, мислев дека се брункички ситни, после некое време тоа му помина и кожата му стана сува и испукана. Иначе бев во Струмица на дерматолог, на државно, Васко Малинов.
Абе мами , од вас дознав дека бебето ми има темени а појма немав а редовно со мустела бањам и пак се појавила. Тоа со уље го третирав кога беше повеќе и имав време . Го исчешлав бебето кога омекна лушпичката ,попаѓаа повеќето Др горица е одличен дерматолог и работи со фондот.
@TeddyGrey на таа возраст и треба да имаат 3 дремки. Многу се мали за да спојат долго време будни. На секои 2.5ч грубо треба да спијат. Прво ќе ја "откачите" дремката пред спиење, па двете пред и по пладне ќе се спојат по годината. Супер си е бебе
Мојот е во фаза на откачување на третата дремка. И онака се утепа од спиење преку ден, сега па ич. Па и свеж е до кај 19часот!
Моево знае и цел ден да не пррспие...секое дете своја приказна...воопшто неам мака и да не преспијат...ужива да си игра со раце и нозе, да се вртит да гледа предмети...во
Фала ви женски. Добри насоки се ова. Ретко ми спие пред спиење. Обично попладневната дремка и е подолга, па тогаш не спие три пати. Кога и е кратка попладневната дремка тогаш спие трет пат. Си го терам тој ред, па и детето само ќе си диктира понатаму. @kostarika ми треба упат за таму? Се закажува?
Да! Како ги анимирате децаава на три месеци? Устава пена ми фати , цел ден пејам ,играм , со играчките објаснувам кое, што е, им раскажувам сваштарии и еден ден многу брзо ќе ви пишам од бардовци ... попто две бебиња се , едниот спие другиот е буден , па обратно.
Мојава итрица еден ред што има,што да ви кажувам. Навачер во 1 почна да заспива, спие до 12 на пладне, вчера до 13h дури спиеше. Ќе цицне, па ја шетам во двор малку, малку во релаксатор и за еден саат е пак гладна. Пак цицаме, и ја фаќа дремка пак. Пробувам да ја држам будна, ја успивам во 3 до кај 5 спие, пак цицање па пак малку шетање. Во 7 пак ми заспива до кај 9, и тука го губи ритамот уствари, касно и е ова за дремка, пошо кога ќе стане е ептен весела до 11-12 ќе зацимоли за цицање, ама не се успива порано. Ме пукна, и јас покрај неа почнав ептен касно да заспивам и наутро едвај станувам. Пробав да ја будам порано барем накај 8-9ама не сака, ма очи не отвара а јас пелена менувам. За финтата со цуцлата лажливка,и мене ме интересира. Ме користи мене ко цуцла цел ден Купив на бејби нова,чико,томи типи.. Ништо не сака. На 5-6пати има фатено во овие два месеци, и не сака веќе,се гади од нив.
Јас и давам плишани играчки тропалки...глодалки си ги фаќа си гуга сама...се врти...и пуштам музика да и брчит нешо...сама ја оставам нема гајле, си ја подгледвам дур бркам работа низ дома...некогаш во релаксатор си седи се занимава..некогаш во количка зависи од нејзино расположение
Авент да пробаш?? Распоредот ви е крш, мењај со време, ќе си имаш мака, буди во 8-9ч секој ден, па лека полека ќе свикне и ќе се преадаптира
@emkaemka @Kitten Јас пробав и со Авент, од сите само со ТомиТипи немам пробано. Ќе нудам со овие што ги имам, ако сака ќе прифати, ако не, да е жива и здрава. Кога ќе почне да фаќа со рачиња? Околу 3 месеци полни? Како да ја вежбам? Почна да пика раце во уста веќе.
Моево кога сакаше цуцла првите 2 само томи типи ја фати...само ќе си се ухода со рачињата 'да везит'...ти само уживај и пази пошо ќе и биде све интересно да редит
Вчера цел ден убаво надвор сонце се шетавме низ двор супер си беше цел божји ден али накај 19ч кога почна да плаче крокодилски солзи човече страв ме фати. Не спие преку ден може ако ја држам во раце да спои еден саат али и тоа ретко а ако ја оставам во кревет или релаксатор моментално се буди. Немам енергија, се чувствувам ко да не успевам во улогата мајка, ко сите бродови да ми се потонати, некоја депресија, ми се вика, рика ми се плаче не знам како да опишам..се надевам дека е периодот и брзо ќе помине.. Туку да се вратам на проблемот почна накај 19ч да плаче ајде некакл се, смиривме и викам да ја избањам ( сака да се бања) На пола бањање врескаше пак ајде завршивме не сака ни да цица не ја интересира ништо, едвај со пеење, нишкање се убедивме да цицне и така некако почна да се предава ( дека неспиена ) Заспа накај 20 30ч. Ете ја во 21ч вреска плаче од креветче,ја земав пак на цице заспа, ете ја за пола саат пак.. и иста песна уште неколку пати со плачење.. накај 23ч последно ја заспав али цела вечер ја преседов, во сон плаче, се жали душа ми искина.. што може да е ова? Не правела вака, да се буди со плачење..ај со господ напред денес да видиме како ќе биде.. Исплашена сум многу За 2 дена полниме 4 м ...
Скок е. Во трети месец, изразен и тоа многу. Мојот знае да се раЗбуди во скоковите рикајќи. Ќе си поплаче ќе си легне пак. А не е плачко. И во сон липа или преплачува.
@Independiente Нема неуспешна мајка. Со самото тоа што се прашуваш дали правиш се добро, значи дека си најдобра.