Мамички ние пиеме хип оргник, но сега сакам да му земам хипп комбиотик, па ако знае некој да ми каже што е разлика и дали би му правело нешто проблем.
Јас му имам давано, еднаш брат ми направил грешка и му порачав Хипп органик, пошто не живеам во Мк, кога доаѓа на гости му порачувам млеко и ми носи повеќе млека и тој несвесно или пак аптекарката згрешила купил комбиотик наместо органик и тоа 3 кутии големи од 800 гр.секогаш ми носи и јас не ни забележав и му давав најнормално и втората кутија пред да ја отварам тогаш забележав дека не е органик ама син ми веќе си имаше пиено од комбиотикот и ништо не видов разлика, се исто си го пиеше како и предтоа, така да слободно давај му комбиотик нема некоја разлика, за грчеви е комбиотикот, пишува да не се ствараат грчеви што значи уште поубаво
Здраво мајки. Како сте? Јас сакам да си кажам дека овие неколку дена почнав да му давам НЕпревриена флаширана вода на синчето за млеко или чај, читајќи на претходаната тема дека не чинело флашираната вода да се преврива, а јас скоро 6 месеци ја превривав и тоа сите живи околу мене ја превриваат па дури и педијатрите ми кажаа да ја превривам ама ете според некои истражувања било штетно превривањето и сега веќе не ја превривам само ја стоплувам онака млакичка да е да не му е ладно млекцето, а вода му ставам и директно од флаша во шишенцето негово и си пие. па и не сем мали веќе за некој ден ќе полниме 6 месеци и мислам дека и нема да има потреба натака да се преврива водата. Ако некоја друга мајка има вакво исто искуство со водата нека сподели
Здраво мајки. Конечно најдов време да пишам и да прашам за совет...Бебушка моја има 6 недели и бидејќи немам пупки и не може да цица,се молзам и во шишенце и го давам млекото мое,но некогаш немам доволно и почнав да и давам Хип Органик 1. Дали некоја од вас имала таков проблем и дали сте давале од овај Хип или некој др.? Поздрав
Јас бев исто така како тебе, се измолзував и му давав на моето бебе млеко со шишенце да пие ама само 2 месеци цицаше и после нагло ми секна млекото и продолживме со Ад мелко на Хипп органик и до ден денес го пиеме Хипп и сме многу задоволни, одлично напредуваме, а имаме 6 месеци
Ме утеши малку,фала Сите ми викаат да бидам упорна и да ја ставам на гради,па со тек на време ќе се оформеле брадавиците и како шо ќе растела,посилно ќе цицала,ама па мн ми плаче,се срди...не знам шо да праам... ипак,мислам дека дур имам ќе се молзам,па здравје...
Мамички малиот мој денес примаше ди-те-пер вакцина. Ми кажаа можни реакции, но моево цело време само спие, не плаче, ништо не прави само спие. Го будам за јадење, јаде мижеечки и едноставно си продолжува да спие. Дали некоја имала вакво искуство, дали ова е нормална реакција? Ве молам за одговор асап.
се надевам лесно ја поминавте нокта, но како и да е постојано мериму температура дури и во спиење мамички на синко мој носето од понеделникот му е затнато, бевме на лекар нема ништо го прегледа др, и ни даде капки носал со раствор од хипермангам , да му дтаваме по 3на ден, ама не ни кажа колку дена да ги ставаме а сега е на одмор дали некоја знае??? а додуша нема разлика , носето пак му е затнато, некој лек друг?
земи си Mustela Soothing Comfort Balm за 2-3 минути носето се одзатнува, се мачка на градите. во зегин е околу 600 ден. скапичка е ама јас сум многу задоволна и кремот трае, јас го купив пред 10 тина месециа скоро пола е потрошен, и + на природна база е. ќе го намачкаш, почекај да му се одзатни носето па после клај му од тие капките што ти ги дале и со пумпица повлечи му ги мрсулчињата... ако ти се даваат пари земи спреј на синомарин и тој е многу убав, не малото паковање туку големото од 100 мл.(на него пиши children/enfants оди едно + едно гратис) многу голем притисок има, кога ќе му прсниш прави крук спрејот од другара ноздра излегува, јас од довие два производи сум многу задоволна, пиши ако земиш како ќе ти се погодат, дали ти поможив
фала имаме капки синомарин , ама штом велиш дека е подобро спрејче тогаш ке земиме такво ако не ни се одзатне ке купиме и од кремот... е сега забележувам само кога ке стане од спиење му е затнато а во текое на денот не муе, баш ми е чудно, а и кога и да пробам да му го чистам со пумпицата нема ништо
Dobro utro mamicki konecno I jas da stignam da vi pisuvam Tuka imam problem so mlekoto prvo pocnavme so doenje vo bolnica posle toa so Humana 1 pa bebushot od nego nemoze da kaka stomakot mnogu go boli vcera mu zemav nan1 pro AMA nekako mnogu mi povraka shto da prravam neznam ve molam za sovet
Гладиола имам пишувано и ние многу повраќавме во млазови. Го сменивме млекото се префрлив една недела на Хумана АР(антирефлукс) и после си почнавме со Хип Комбиотик.Консултирај се со педијатарот и следи ја ситуацијата. Мајки нас по се изгледа не мачат заби, цел ден и цела ноќ сме кенкави, се лигавиме ко бернардинци, се пикаме во уста. Има ли начин како да им олеснам? Сега за сега моментално ни помага ладење на непца ама со цуцлата. Ја топам цуцлата под млаз вода и им ја давам и гледам дека добри 5 мин се мирни и јово на ново.
Twinja јас имам ваква маст ама ја купив од Грција 8 евра, во аптеката имаше и од чико, побарај можи и кај нас да има (ама незнам колу е ефикасна) сестрами имаше друга маст земено ама не можевме да најдиме таква па зедов од оваа. се мачка на непцата и му прави блага анестезија незнам точно што, ама за неколку секунде му врви. синми сега катници вади и само ова ни е спас.
Не знам што да правам со носево на Кјара Правевме брисеви нема бактерија..секој ден на инхалации и пак само крци..само вадам мрсоли..И беа зелени сега и се бели ама и смеетаат не мозе да јаде ко што треба.. Прееска од што и сметаа ми поврати Јас не знам што да правам.. педијатаров ми вика не и е спуштено нема место за паника..ми вика дека е крупно бебе стално ке имате проблем со носето што мене не ми влага у глава..и јас бев крупно бебе па никад сум немала мака..башка не е крупна да пука има нормална килажа 5420 со 57 пред една недела..што да правам?
мислам дека можеш , а исто има синомарин капки околу 25 ден се земи си такви, јас од кога е роден синко му ставав такви, оставаш некоја минутка и му го чистиш носето со пумпица
спрејот е ист со капките составот е ист само спрејот има притисок и не го препорачуваат за помали бебиња ама јас го користам. исто можиш и со физиолошки раствор да му го чистиш (за инфузија) ќе наполниш еден шприц и во едната ноздра ќе му го прсниш наеднаш, исто и во другата ноздра,(и така се ствара притисок и убаво се чисти носот) внукми од раѓање имаше таков проблем и сестрами така му го чистеше носето еве го синомарин спрејот
Не можел спрејот за толку мали.. него чекајте сега друго прашање имам Прееска ми се искака жолто течно ко сенф ама бааги ама на крај како жолта пена дури..тоа не е страшно?
Некој праша за забите, една чиста фротирка пикни ја во комора, нека се олади убаво и дај и ја нека ја гризе, многу убаво доаѓа, гледај само фротирката да не пушта многу влакна, да не ти поврати, не дека влакната друг проблем ќе ти направат, чисто да не ти ги голта. и играцките сто се за заби, и тие пикај ги во комора, ладничко да му доаѓа. Пак ќе повторам за огрлиците, на внука ми многу и помогна килибарната огрличка, не видоа никаква мака со забите