Слична ситуација и кај нас...и јас прашував. Од ред во будење ноќе на три саати за јадење, сега на секој саат нешто кенка, а не пие млеко кога ќе и дадам. Плус цело време се превртува и мава со нозете. Зарем не поминаа грчевите веќе, ако е тоа?
Во 4ти месец има нешто што се вика '4 month sleep regression' кога се случува ова. И со мојата Бебушка беше иста ситуацијата - од убав распоред на спиење и будење само еднаш или два пати, почна да се буди често, токму во тој период. Мора да се научат одново да заспиваат, да ја стекнат навиката. Јас ја имав таа среќа Бебушка од прв ден сама да заспива во креветче, ни нишање, ни ништо, па кога беше овој период, ми се измести сѐ и ми беше малку потешко. Мислам дека траеше 2-3 недели и помина, се врати на стариот распоред. Секако, сите се различни и не мора да значи дека се работи за регресијава, ама можно е да се поклопува, затоа што е тој период
Мами не можам да најдам посебна тема се надевам дека ќе ми одговорите тука. синоќа ми текна Која крвна група е бебе каде пишува, јас се си мислев на картонот од болница ама таму не пишува..
Nie otkako se rodivm do skoro bevme bez red i edvaj ednas do dvapati preku den spiese po 20-30 min,a navecer na 3-4h se budese.Sto se ne probav ama bukvalno se i ednostavno bebevo ne spiese,e eve sega nekoj dena a sme veke 6 m malce od malce pocnuva da menuva i si spie poveke ....taka da valjda e faza nekoja minliva
Сакам да Ве прашам во врска со јадењето. Само што направивме 40 дена. На почетокот губевме тежина и ми зголемија дохрана со адаптирано на 3 до 4 часа по 75мл. После тоа нагло почна да јаде и да плаче и јас според кутијата на млекото му зголемив по 90 мл на 3 до 4 часа. Последниве два пати коа одиме на педијатар за 7 дена качува по 500 грама мн ме искара докторката и ми рече да му ја намалам дохраната на 6 часа само по 90 мл а другото да цица. А јас во некој делови од денот имам мн млеко а во некој скоро ич. Како 6 саати да го држам гладно кога мн се буни плаче до зајдување, не му тече од дојка и се нервира. Извинете за долгиот пост ама стварно не знам што да правам со јадењево како е исправно, ми е жал и не можам да го смирам
Дефинитивно нешто грешиш. Сте губеле тежина на почеток, а сега 500 г за една недела, што е претерано. Според мене мислам дека ти си мислиш дека немаш млеко (а всушност имаш) и деја детето плаче само заради глад. Не, можно е да плачи дека муне жешко, дека има грчеви дека сака нежност и тн. Мој совет ти е на 3 часа по 60мл да пробаш а меѓу да цица.
500г за една недела? Дали во периодот кога измеривте дека детето губи на килажа имаше жолта столица бебето, дали полнеше пелени со мочки?? Не мора да плаче бебе од глад.
Како паталец со плачење на бебе со сигурност ти кажувам дека не секогаш вреска за јадење. И моето многу плачеше до зајдување, ама не беше за јадење. Да се навратам на јадењето, не може на 6 часа да го храниш, многу долго време е тоа. Ти кажале АД да даваш на 6 часа, претпоставувајќи дека во меѓувреме ќе цица. Како знаеш дека немаш млеко? Овде не би можела ништо да ти кажам зашто моето бебе не цица воопшто, се храни само со измолзено млеко. Со пумпа треба да стимулираш редовно на 3-4 часа, ако мислиш така да го храниш. И јас ќе прашам за вагата, на исто место меревте? Стварно е многу 500 г за една недела
На иста вага мериме, ама мислам од пусти страв што губеше на почетокот пиеше повеќе адаптирано и плус цицање и нагло зголеми тежина. Знам дека е многу 500 гр. За 7 дена, ама неможе ни на 6 саати да пие адаптирано многу време е е според мене. А јас млеко имам цела вечер до кај 12 - 13 часот се гледа се нацицува и мирен е. Ама после тоа до вечер се тепа на града и се гледа не му пушта. Од вчера на своја рака земав истата количина што ја пие за 24 часа, наместо на 6 часа му ја давам на 4 часа по помалку млилитри па ќе видам денес како ќе биде
Мајка пробај давај му 3 оброка ад млеко по 90мл другото нека цица и носиго за една недела да видиш колку качува,и ние сме на комбинирано на почетокот идевме секоја недела на мерење да видиме како качува за да знам колку ад да давам. Децава знаат 1 недела да качат многу па другата помалку и на крај ќе видиш месечно колку качува сега ако ти качило 500 гр не значи дека и другата недела ќе качи толку. Затоа пробај секоја недела на мерење па ќе видиш месечно колку качил.
Девојки, на едново бебе уште му е посплескана едната страна... никако да се оформи. Дали да одам кај друг ортопед на мислење? Не сака никако нешто да му ставам да лежи на другата страна.
@Bibi30 истото претходно го прашував. Не сакаше ништо да и ставам вриштеше ако не може на таа страна да си се сврти за спиење. Па почнав поише да ја форсирам другата града па и го свртев креветчето за кога ќе спие на другава страна да не гледа нас. Преку ден ако задреме најчесто во раце предремува во спротивно се буди одма ја вртам на другата страна. И мене ми е мака и страв со тоа главче.
Дали сте имале вакво нешто слично на осип. Малоиот ми има на сред темето сеа видов дека има и доле црвенко го чеше. не знам што е и дали е нешто опасно ?
Да пробаш со перниче со дубче што е го има во локо кроко нас тоа ни помогна иначе се на десно му беше главата.