I kaj mene e istiot problem kaoo da mi se namaluva mlekoto moze sovet kako da go doranuvam so ad primetuvam deka e gladni zasto cica se trga ja tegne gradata deka nema mleko
и мојот има црвенило кај вратчето ми рекоа родилен угризак ср викало, дека од раѓање така им се појавува. можеби е тоа ако си го приметила од раѓање
Извинете што се ви вмешувам во разговорот, го имам и јас истото перниче како и @jule84 . Еве слика од него.
Фала Ви бевме денес на педијатар за 6 дена качил само 160 грама. Добро е сум му давала премногу адаптирано и тоа плачело од што е прејадено го болело мешето изгледа. Сега е посмирен, а јас веќе не се водам на саати, туку си цица кога сака, а кога ќе видам дека стварно немам млеко а тој ќенка и си ги јаде рачињата му доправам по 75 мл. Ќе продолжам вака до следна контрола и ќе видиме ако треба ќе се додаде плус
Супер, баш ми е мило што се средивте. Значи качува по околу 25 г на ден, така и треба. Ако мислиш дека има грчеви земи анти-колик АД
Веројатно не. Штом е така купено. @Bibi30 дали има ефект, не можам со сигурност да кажам. Бебето сега е поголемо и самото си се врти на двете страни со главчето, така што има подобрување на обликот на главчето. Перничето не го сака за спиење, па го имам ставено во количка и кога се шетаме си лежи на него. Препорака од ортопед немав, но јас сама си прашав, и ортопед и педијатар. Одговорот беше дека може да се земе ако сакаме, и дека нема да штети.
Кај нас има ефект бидејќи почна и на лево да спие на него, иначе се на десно спиеше земи си го слободно пробај го јас му ставав и пешкир ама пак ми се вртеше на десна страна со перничево е топ сега. Само преку ден спие на него навечер не и на самото перниче пишува дека не е за нон стоп.
Мајки, бебето е 3 ипол месеци, до кај 2 месеци супер си цицаше и напредуваше. После вториот месец почна да се одбива од цицање, две недели упорно се мачев да го вратам на града но залудно. Почнав да го хранам со измолзено млеко, а некогаш кога е успан цица. Последниве две недели не сака да пие ни од шише, седе гладен и по 5 часа, весел се смее ама шише во уста не сака ни да смисли. Најчесто го хранам кога е полузаспан. Еве денес цел ден рацете му се во уста, едвај успеав да го нахранам откако заспа, 5 часа не беше јаден. Можно ли е да е запче, имал ли некој вакво искуство? Само молзам и замрзнувам млеко На 3 месеци ја дуплира родилната тежина, а овој месец не знам дали воопшто ќе стави некој грам
Со лесно мајка. Уште имам трауми од тој скок. Цицаше само во полу сон. Се друго беше хорор. Кој преживее, ќе раскажува
Не се плаши воопшто што ги става прстињата в уста...тоа му е ново, си почнало да го испитува телото...кај и да е ќе почне и нозете да ги фака и да се труди да ги става в уста...ич да не се плашиш...само трпение...не останува гладно тоа..ќе си побара...кога ќе посака, немој со сила...
Може да ми кажеш кое е тоа анти колик адаптирано? Ние користевме на почеток ХИП Комбиотик ама многу му беше тешко од него плачеше, се грчеше, па го сменивме со НАН. И од ова претка и се витка ама не е до толку. Сакав со Аптамил да му сменам ама се премислив. Читав на форумов дека е погусто и потешко, па си реков да не му направам проблем
Novalac AC. Не го знаеш мојот случај ние бевме истрауматизирани од што бебе плачеше цело време со зајдување. Од страв дека мозокот и останува без воздух ја носевме во сите можни болници. Да не должам, на крај успеавме да се протнеме на преглед кај Пиперкова и таа ни кажа дека бебето е здраво и плаче само од гасови и грчеви. Таа ни рече да го смениме млекото, исто пред тоа користевме Хип, дали е нејзина пропаганда, не знам ама сепак го земавме. Плус ги баталивме сите капки, колиеф, еспумисан, био Гаја и ја не знам што веќе не давав. Исто нејзин совет беше да даваме само WAYA капки со Д3, тоа е пробиотик со Д3. После тоа бебе се смири, дали порасна, дали грчевите поминаа, дали адаптираното влијаеше, не знам што да кажам. Инаку АД пие само еднаш дневно, цело време е на измолзено млеко. Ете тоа е мојата приказна, се надевам ти помогнав барем малку
Уф сд надевам дека е период само и дека ќе мине, спобудалев деновиве. @Sandrin4 и јас не сакам да го хранам успан, ама по 5 -6 часа да не сака да јаде, а претходно испил само 100 мл мајчино млеко, срце не ми дава да го оставам така. Од бебе цицач кое повраќаше во млазови затоа што секогаш лакомо цицаше и се прејадуваше, стана бебе нејадач @duffi @kukla21 фала за поддршката девојки, да се надевам ќе мине хороров. Ах, деца...
Ќе и помини..само позитивно...смејте се..гугајте...играјте...пејте...немој да паничиш пред бебе..све осеќаат...
Чудно ми е многу чудно... бебе ко бебе знае да поплаче (најчесто не) кога ќе биди некој за првпат али ова бумбаров мој кога и да види една особа плаче до зајдување и после со ништо не можам да ја смирам единствено ако се превртам наопачки и ако се испотам од думкање пеење и галење... значи само со таа личност така. Кога.ќе.ја види ја собира устата и почнува да липа луѓе не можам да опишам колку. А блиска ми е, тука е ја знае од раѓање и секој пат кога ќе ја види исто. Пробав вчера да и ја дадам во раце за да не ја гледа директно леле кога фати да плаче, зајде детето, без воздух остана.. ме гледа во очи и моли да ја земам ( не преувеличувам,не измислувам)додека не замина жената не се смири. Најчесто им гуга, ги набљудува непознатите, знае и да заплаче не викам не ама одма се смирува, али со женава.не знам каков проблем.има бебево 4м е Има ли некој слично искуство?