Девојки, едно прашање ако знае некојбда одговори: на едново дете алкалната фосфатаза (ALP)е 628, а за деца од 6 дена до 6 мес треба да е помала од 538... он прима бејби тол д3 ама прима + вигантол 1 капка. Дал е можно од тоа (педијат зт рече да испитаме, пошто на преглед се бунеше зш ортопедиве даваат вигантол кога веќе даваме бејби тол)? После сум на лекар ама не ме држи место. Ви благодарам.
Мајки месец ипол сме почнаа цревата да му кркорат и плаче предходно си какаше и по 3 пати на ден а вчера еднаш само ама количински повеќе од предходно денес не е какан ... Дали станува збор за грчеви???
Бебето ми е 10 недели и последниве три дена кака жолто накај зелено каки. Настинат не е но има грчеви му давам биогаја и колиеф... од грчевите ли е или.. ? Само на доење е досега.
Може да е преладено мешето.стопли тетра неколку пати обвиткај го. На мајчино ако е и до 10 дена може да не кака, адаптирано до 7 дена. Не се секирај за какањето. се витка ли ко кифличка? Ако се вцрвува,плаче и се витка, ги собира ноџињата грчеви се. Може да се менува бојата во зависност од тоа мајката што јаде, или ако пие лекарства, може да е гладна столица а може и ако цица многу често пример на саат време и од тоа да е зеленкаста. Ако има пена и е зелена тогаш беба е гладна вака не се секирај. Нормално е да менува. Моево секој пат различно од убаво жолто до жолто зелено.ставај му топличко на мешко.
Мами Јас со алкохол секојдневно пребришувам ама не е тоа тоа. Еднаш неделно правам како генералка со ајакс за под и спин, но тогаш ги оставам децата некој да ги поварди и разотварам прозорци миризбата убаво да се излуфтира.
Јас си чистам со ајакс...класика..бебево или во друга соба или на шетња со татко и дур да се излуфтира...А кујна секогаш чистам со сода бикарбона
Извини да те прашам бидејки има и запек последниов период и на 3 дена кака, а се стега има нагони и се нервира плаче, па дали може ова за грчеви и тоа за запек на Новалац да му ги давам наизменично.
Не знам што да ти кажам, не сакам непроверени совети да ти давам. Јас само она за грчеви го давав. Се надевам ќе му помине брзо, запек и температура ми се хорор филм
Јас давав на малиот Аптамил Комфорт и за грчеви и за запек му помагаше. А имаше запек ко суви топчиња на 2-3 дена. Туку да прашам колку вода треба да пие бебе, почна поцврста столицата да му биде со воведувањево кашички, а вода едвај му подметнувам 20мл. во денот. Се мачиме млеко да пие, не па вода. Да го форсирам повеќе со водава или нормално е поцврсто што е?
Пробај со чашичка, внимателно. Повеќе сакаат со чаша. Иако мојот тек сега почна да пивнува водичка, два ипол месеци по воведувањето храна. Не дека пие кој знае колку ама ајде да кажеме 50мл испива, претходно ни толку. Ќе се регулира и столицата, нормално е по воведувањето цврста храна потврда столица. Кај мојот е кога - како зависи што јадел. Форсирај водичка во секој случај убаво е да пие. Нуди често од чаша, клунче пробај, цефче. Може ќе упали нешто.
Фала ти. Како гуру си ми. Го лажам со лажичка или мала чашка за ракија, 1/3 во уста, 2/3 на лигавче, се мршти. А од чашка со клунче ќе земе еден цмок и толку, ќе осети вода дека пие, ќе направи фацка на гадење, после само го џвака клунчето. Цефче уште немам пробано, ама мал е за тоа мислам. Ај ваљда со тек на време ќе пропие малку повеќе. Почесто ќе нудам.
Ние до годината исто не сакавме водичка, од ко почнав на раб си пие и тоа знае да побара самата. Со тек на време ќе ја засакате и водата, само трпение.
Мајки да ве прашам, малиот ми е 4ипол месеци и сеуште сам не факја со рачињата освен ако му ставиме играче ние во рака па го држи и го носи во уста, или пример цувлата сам си ја факја со рачиња и си ја вади. Иначе сме порано родени 35недела. Какви се вашите искуства?
Како да го научам бебето да спие без цице во уста? Значи буквално не смеам да и ја тргнам, не смеам ни до тоалет да одам, одма осеќа и почнува да плаче. Цуцла не сака никако. Ова ми претставува проблем веќе, на секој саат се буди навечер за цицето, и тоа само си ја држи во уста и спие така, не е од глад будењето. Не можам да оставам ни маж да ја успие. Не можам ниту во креветче да ја ставам, спие со нас, џабе се тесниме а креветчето празно Било како совет барам..
Ова од секогаш или само периодов? Ако е сега веројатно за скок во развој се работи, низ слично поминуваме и ние сега.