Од старт заспива цицајки, ама сеа по цел ден вака е. До 6 недели спиеше во креветче сама, сега нема шанси. Си мислев сме го поминале скокот,ама не.. Спиеше 3 часа и ми стана сеа во 11 и неќе да презаспие, цица цел саат више.
Нели спомна дека мрсули, кашлала, најверојатно и чим кашлала и грлце и било црвенко, не се осеќала убаво и си се теши. Може и цица и помалку влече и голта дека ти била затната... Па затоа е гладна и виси на цице. За неколку дена би требало да е подобро, гушкај ја, нека цица сега вака, кога ке оздрави скроз ке си се врати на старо
А што сакате да фати? Ќе си бидит без паники...лека по лека без форсирање...беба моја прво си ги пикаше прстите в уста па почна коси да кубит...па нос, после и помина мерак сеа све шо и е на дофат одма накај уста носит.
Мами дали користите перница за доење? Се мислам дали да купам.. Ако имате некоја препорака ве молам посоветувајте ме...
Здраво мамички...од денес ви се придружувам и јассе породив минатиот вторник па веќе фативме некој ред...добро ве најдов..
Да, ептен ми е од корист. Земи си некоја повисока, понаполнета. Кога ќе почне да седи бебето таман ќе си го седнуваш оградено со неа за да не паѓа лево/десно
Која ја препорачуваш? Бебе е скоро 6 кила, почнува многу да тежи. Не знам дали допрва ќе помогне перницата. Како ја местите?
@TeddyGrey Перница како полукруг од тие ќе ја сликам покасно не сум дома. Ја обвиткувам околу половина и бебе врз неа. @majicka добре ни дојде. Прекрани совети ќе најдеш тука. За што и да треба поддршка сме колку кој знае и искусил споделуваме несебично. Гушки до бебка. @tamarce.j доближи му се да ти го истражува лицето ќе ужива да те допира .. неверојатно брзо ќе научи да фаќа дури ќе се чудиш, секој ден ново нешто ќе изведува. Играјте,забавувајте се зборувајте и ќе се пушти. Поздрав до сите
И јас за ова максимално ја искористив перницата, ептен ми се најде за бебе кога не беше стабилен да седи и ако падне не го мислев. Стои во игротеката и по навика уште го ставам во полукругот, а кај го наоѓам е друга песна @mamaJana јас од Тила купив, околу 1.000ден беше, топ се покажа, но баш за доење ич не ја искористив и не ја користам, некако дури беше ептен бебе и се принаместував, ама после јок, со обично мало перниче побрзо и позгодно ми е
Јас сеуште ја дојам со перничето, мојава е 8 кила, тешка ми е во раце. Вака ми се слободни рацете и не ме боли премногу кичмата. Мојата перница ја купив од Бугарија, но истиот тип го има и низ нашиве дуќани за бебешка опрема. Не би требало да се поскапи од 1000ден, еве и Емка потврди.
@TeddyGrey мојата е од бебето на битпазар 800 ден мислам беше маж ми го праќав кога се породив, јас од прв ден ја користам и не можам да замислам доење без неа. Сега на фб видов од лотус вакви, практични ми личат.
Искрено ја претервет..демек од ова средство чуда ќе се десет...А и не сум некоја ептем да сум со крпите на појас све да е дезинфицирано бла бла...јас си терам како и до сега со чистење најнормално и без мн хемикалии, беба или е во друга соба или на шетња дур да се излуфтират...
Мајки маж ми е настинат му тече нос и грло го гребе, а беба е 3 ипол месеци. Што да правиме? Цица малата, маж ми е со маска, мие раце... ќе полудам од грижа. Се спакував ќе одам кај мајка ми.
Седете си дома Ако фатило нешто, тоа било порано пред да се појават симптомите кај тм. Маж ми и големата беа со стомачен вирус пред 2 недели и плус спиевме сите четворица во спална. Бебе добро беше, иако не цица воопшто. Појаки се отколку што мислиме
Нас и двајцата не фати настинка, знам бебе беше околу 40 дена. И да го избркав мм, од мене немаше бегање. Мора да се учи на вас. За среќа ништо не ја фати нејзе. Јас пројдов со 2 парацетамола.
Кога беше мм болен синко не го фати ама од мене и те како го фати бевме два дена на инхалации ама среќа за два дена ни мина... беше жално за гледање едвај дишеше и се беше во раце и тоа само со мене и ми се чини од тогаш се поврза ептен за мене сега ако го држи друг со солзи плаче по мене може дека цицаме