Јас имав стомачен вирус со тт. Со маска го доев, мм беше цело време со него тие три дена јас во друга соба седев и спиев. Седете си дома
Мами за крвна слика за бебуши ,треба ли упат , колку е на приватно а колку со упат, што се испитува од крвна слика?
250ден. во Авицена, Синлаб, Ремедика. Обична крвна слика- леукоцити, гранулоцити, лимфоцити, хемоглобин и др.
Не знаев каде да го поставам прашањето, па ако не е за овде се извинувам. Дали имате искуство со Софи жирафата? По што е посебна од останатите гризалки? Ќерка ми веќе 2 месеци се многу лигави, а рачињата и се постојано во уста, гризалките не и се интересни, цуцла не цуцаме, па размислуваме да и ја земеме Софи. Многу ќе бидам благодарна ако некоја мајка сподели искуство.
Уште е мала, нема да ја држи во рачиња, а не па да ја става во уста. Но, за месец-два ќе ви биде таман. Од сите глодалки, на моево бебе (5+) само Софи и е интересна. Секаде си ја носиме.
Ај помош, не можам да се решам за топломер? Каков имате за бебе? Како сте задоволни? Каков да купам и од каде?
Ја купивме пред една недела. Не покажа бебе посебен интерес ниту пак сака да ја гриза. Ќе ја подржи малку пробавме и ја доближивме до уста се мршти ептен. Баш од истата причина ја земавме ама неа сепак омилени и се рацете за во уста. Може ќе ја искористиме коа ќе почнат запчиња. 1000ден беше во зегин Пробајте земете ја секое бебче раазлично. И пишете искуства
Јас имам Microlife дигитален за на чело. Некаде 2000-2300 макс е, со 5 години гаранција, од Еурофарм го земав. Моите комплицирани беа за да им ставам под мишка и уште се, па овој мери за 2 секунди
Мајки, абе како да препознаам дали е бебе дехидрирано? Цица на секој саат и пол, синоќа цицаше и се успа, памперсот кој што го носеше 10часа колку и што спиеше, беше релативно сув Преку ден има мокри пелени ама нема какано 6 дена. Една недела сме без ад, само доење.. Глад, дехидрираност? Или ? А, и цело време се напрега за да се искака, се пика во цицка со цела фаца, грчеви немавме до сега, зар допрва на 3м ќе не фатат? Инфакалм капки имам отворени се цел месец, смеам да давам или да џитнам?
Не верувам да е дехидрирана. Немаш индикатор на пелената? Легни ја на колено на стомаче, мојава така се олеснува или барем ќе прдне. Чим цица на 1,5х не е дехидрирана. А 10ч.спиеше без да стане ниеднаш???
Два пати во сон станува да цица и продолжува. Спие 5-6 часа без будење. Има индикатор, многу малку беше обоено, ко што кажав,прилично сува. Си прднува она, ама ова какањето ме загрижува,иако викаат дека и до 10 дена се толерира :/
Не е дехидрирана. Прати ја и сега преку ден, ако си мочка - нема гајле. Ќе се искака, чека викенд можда.
Ако ти е шубе за какањето малце топлометар во газето со кремче и ќе се олеснит...или пијај ти компот од сливи и мн мн течности